37/1999-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 24 ноември 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 1 став 1 алинеја 2 во делот”работни луѓе и организации на здружениот труд и други самоуправни организации и заедници”, алинеја 4 во делот “односно самоуправна организација или заедница”, став 2 во делот “организации на здружен труд и други самоуправни организации и заедници, општествени организации, општествено политички заедници и нивните извршни совети, општествените правобранители на самоуправувањето, Службата на општествено книговодство, член 3 став 2 во делот Републичкиот секретаријат за правосудство и управа”, член 6 во делот Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Претседателството на Социјалистичка Република Македонија, Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Стопански суд на Македонија, Судот на здружениот труд на Македонија, Републичкиот општествен правобраниел на самоуправувањето, Републичкиот суд за прекршоци, окружните и окружните стопански судови, основните судови на здружениот труд и Службата на општественото книговодство во Социјалистичка Република Македонија, член 7 став 2 во делот “Извршниот совет, член 11 во делот

2. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Стамен Филипов од Скопје со Решение У.бр.37/1999 од 19 мај 1999 година поведе постапка за оценување на уставноста на наведените членови од Законот за управната инспекција, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека во член 24 од Законот за управната инспекција (“Службен весник на Република Македонија” бр.69/2004) е предвидено дека со денот на влегување во сила на овој закон престанува да важи Законот за управната инспекција (“Службен весник на СРМ” бр.29/1979, 22/1987, 23/1990 и “Службен весник на Република Македонија” бр.12/1993).

4. Согласно член 47 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја запре постапката ако во текот на истата законот, другиот пропис или општ акт престанале да важат, а не наоѓа основи за оценување на нивната уставност и законитост за време на важењето.

Со оглед на тоа што Законот за управната инспекција (“Службен весник на СРМ” бр. бр.29/1979, 22/1987, 23/1990 и “Службен весник на Република Македонија” бр.12/1993) престанал да важи, а со тоа престанале да важат и оспорените членови, а Судот не наоѓа основи за оценување на нивната уставност во време на важењето, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.37/1999
24 ноември 2004 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова