179/2004-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, како и член 28 алинеја 1 и Юлен 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“СлуЧбен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 27 октомври 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Пресудата на Врховниот суд на Република Македонија Гзз.бр.195/2003 од 4 март 2004 година.

2. Миле Домазетовски од Битола, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение. Подносителот на иницијативата смета дека со пресудата Гзз.бр.195/2003 од 4 март 2004 година, Врховниот суд на Република Македонија го повредил начелото на владеење на правото од член 8 алинеја 3 како и правото на заштита при работењето и правото на соодветна заработувачка од член 32 од Уставот на Република Македонија. Имено, со пресуда на Основниот суд Битола П.бр.388/2002 од 12 февруари 2003 година, потврдена со пресуда на Апелациониот суд Битола Гж.бр.928/2003 од 13 мај 2003 година на подносителот на иницијативата му било признато право на зголемена плата за работа на празници кога не се работи и ноќна работа, а согласно член 74 од Законот за работните односи и член 40 од Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државни органи и органите на локалната самоуправа. Врховниот суд на Република Македонија со пресуда Гзз.бр.195/2003 од 4 март 2004 година цитираните пресуди ги преиначил и на подносителот на иницијативата досуденото право на зголемена плата му го одбил како неосновано, повикувајќи се на член 108 од Законот за судовите. Подносителот на иницијативата смета дека Врховниот суд на Република Македонија неосновано ги негирал одредбите од член 74 од Законот за работните односи и член 40 од Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државни органи и органите на локалната самоуправа со тврдењето дека платата на подносителот на иницијативата со Законот за судовите му била утврдена, односно зголемена за 20% од платата на работниците со соодветни квалификации поради што немало основ, дополнително (по втор пат) да му се зголемува и дека Законот за судовите како специјален закон ја исклучувал примената на Законот за работни односи и Колективниот договор.

3. Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со
Уставот и за согласноста на другите прописи со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по неа.

Имајќи ја предвид надлежноста на Уставниот суд утврдена во членот 110 од Уставот, како и фактот дека Уставниот суд не е инстанционо највисок суд и не може да ја преиспитува работата на Врховниот суд на Република Македонија преку оценување на уставноста и законитоста на неговите пресуди, Судот одлучи иницијативата да ја отфрли.

4. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.179/2004
27 октомври 2004 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова