У.бр.122/2003

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 15 април 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членот 72 став 2 од Законот за банки (“Службен весник на Република Македонија” бр. 63/2000, 103/2000, 37/2002, 51/2003 и 85/2003).

2. Друштвото за ревизија “Инфос” од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иниција-вата со оспорената одредба од Законот се вршело ограничување на слободите и правата на пазарот и претприемништвото, гаранти-рани во членот 55 од Уставот на начин што одредбата го лимити-рала вршењето на ревизијата кај ист клиент најмногу до временски период од три години.

Ова од причина што единствениот критериум за промена на клиентот за вршење на ревизија, според подносителот на иници-јативата, би требало да бидат квалитетот на извршени претходни ревизии или настанати несогласувања, а врз основа на одредбите од Меѓународните стандарди за ревизија и Кодексот за етика на професионалните сметководители. Притоа, во иницијативата и појас-нувањето на иницијативата, посебно се посочува на идејното реше-ние на точката 8.14. од Кодексот, што предвидувала редовна ротација на претпоставениот ангажиран персонал во рамките на исто реви-зорско друштво.

3. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 72 став 2 од Законот за банки, исто друштво за ревизија може да изврши најмногу три последователни ревизии во истата банка.

4. Согласно член 55 од Уставот, се гарантира слобода на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и моно-полското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претпри-емништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Република Македонија, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.

Според член 118 од Уставот, меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатреш-ниот поредок и не можат да се менуваат со закон.

Согласно член 3 од Законот за ревизија (Службен весник на Република Македонија” бр. 65/1997, 27/2000 и 31/2001), ревизија врши друштво за ревизија, домашно и странско правно лице, под услов да е регистрирано за вршење на таква дејност во Република Македонија, согласно со овој закон и Законот за трговските друштва.

Согласно член 4 од истиот закон, друштво за ревизија може да основа само овластен ревизор. Во друштвото за ревизија мора да има вработено најмалку двајца овластени ревизори.

Тргнувајќи од содржината на оспорената одредба, како и од содржината на наведените одредби од Законот за ревизија, произлегува дека исто друштво за ревизија може да изврши најмногу три последователни ревизии во истата банка, а во друштвото за ревизија мора да има вработено најмалку двајца овластени ревизори.

Притоа, мотивираноста на законодавецот за вакво закон-ско решение, со утврдување на определени модалитети на ограничу-вање на бројот на ревизиите од страна на исто ревизорско друштво, Судот ја наоѓа во потребата за квалитетни и непристрасни ревизиски извештаи, со запазување на критериумите за објективност во работењето на ревизорското друштво и одбегнување на можноста од создавање на постојана и трајна соработка помеѓу иста банка и исто ревизорско друштво.

Од друга страна исто ревизорско друштво, по извршува-њето на трите последователни ревизии може да врши и други ревизии што во крајна линија ќе зависи од дадените услови на пазарот.

Според Судот, со законското решение не се доведува во прашање слободата на друштвата за ревизија да склучуваат договори за ревизија, туку се обезбедува поефикасен начин на сметководствена и финансиска контрола како инструмент за обезбедување законитост во работата на банките, а воедно се реа-лизира уставната обврска на Републиката за преземање на мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.

Што се однесува до наводите од иницијативата дека со одредбите од Меѓународните стандарди за ревизија (“Службен весник на Република Македонија” бр.51/1998) и точката 8.14 од Кодексот за етика на професионалните сметководители бил пред-виден модул за решавање на етичкиот конфликт од оспорената одредба, Судот оценува дека овој навод е без влијание по однос на можниот правец на одлучувањето во конкретниот случај. Ова ако се има предвид дека Меѓународните стандар-ди за ревизија и Кодексот за етика на професионалните сметково-дители, по својот правна природа, немаат ист правен третман како меѓународите договори, кои пак согласно член 118 од Уставот се составен дел од внатрешниот правен поредок. Воедно меѓународ-ните стандарди се пониски правни акти по ранг од меѓународните договори и законите.

Оттука не може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба со членот 55 од Уставот на Република Македонија.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.122/2003
15 април 2004 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова