Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 26 ноември 2003 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за населба Козле, дел од Месната заедница ” Пецо Божиновски – Кочо” бр. 07-1557/1 од 2 ноември 2002 година на Советот на општина Карпош.
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот на барањето за поведување на постапка за оценување на меѓусебната согласност на Одлуката означена во точката 1 од ова решение со членовите: 8, 9, 14 и 19 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/2002) и одредбите на Правилникот за поблиската содржина и начинот на графичка обработка на плановите и за начинот и постапката за донесување на урбанистичките планови (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/2002)
3 . Оливер Ристовски адвокат од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување на законитоста на Одлуката, означена во точка 1 од ова решение.
Според наводите на подносителот на иницијативата, оспорената Одлука била спротив на на член 3, член 10, член 11, член 14 и други одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и на член 8, член 9, член 14 и член 19 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање и на одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за уредување на просторот.
Понатаму во иницијативата се појаснува дека по повод организираната јавна анкета биле доставени поголем број на анкетни листови од страна на граѓани и истакнати научни работници со забелешки на Нацрт-Одлуката, а исто така бил формиран и Одбор на граѓанска иницијатива кој се обратил до сите надлежни институции, со барање да се достават мислења на еминентни стручни лица од областа на екологијата, архитектурата и градежништвото.
Покрај поднесениот голем број на анкетни листови, Советот на општината Карпош не дал образложение за неприфатените забелешки, со што постапил спротивно на членот 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање. Повредата била направена на начин што помеѓу Нацрт-Одлуката од 14 јуни 2002 година и оспорената Одлука не постоела никаква разлика.
Посебно се истакнува дека со Одлука на Советот на град Скопје од 2 март 1998 година улицата “Козле” на која се планира изградба на објектот со измената на ДУП влегува во редот на магистрални улици на град Скопје, па за изградба на каков било објект било потребно и сообраќајно мислење, а Јавното сообраќајно претпријатие крајно негативно се изразило за планираната изградба. Во поткрепа на основаноста на изнесените наводи се прилага графички прилог на ПЕ Карпош при Министерството за урбанизам и градежништво од 04 март 2 003 година, од кој произлегувало дека првиот објект дозволен за градба бил со недозволено голема широчина и се наоѓал скоро на самиот раб на улицата ” Козле” со улицата “Трнодол”, на кој начин потполно се затворало видното поле за сите возила што ќе минуваат по наведените сообраќајници.
Со планираната градба на висок објект над дозволената кота, на наведената локација, исто така, би се уништил зелениот појас во тој дел од градот, би дошло до нарушување на еколошката рамнотежа, запирање на воздушното струење од Водно кон градот, а постоеле и можности од ерозија на земјиштето, како и евентуални земјотреси поради сеизмички несигурен терен. Во поткрепа на ваквите наводи се посочува стручното мислење на директорот на Фондот за води, изработено врз основа на експертските анализи на проф. д-р Апостол Поцевски и доц. д-р Иван Блинков, а во кое мислење се апелира за преиспитување на предвиденото изменување и дополнување на ДУП.
Врз основа на сето наведено се предлага поведување на постапка за оценување законитоста на оспорената Одлука и воедно се истакнува посебно барање за донесување на решение за запирање на извршување на одобрението за градба издадено од Министерството за транспорт и врски – Сектор за урбанизам ПЕ Карпош број 16-3567/4 од 26 март 2003 година до донесување на конечната одлука по иницијативата.
Инаку, адвокат Оливер Ристовски од Скопје, во иницијативата наведува дека настапува како полномошник на Одборот на граѓани од населбите: Козле, Трнодол и Жданец, меѓутоа кон иницијативата прилага полномошно од чија содржина не може да се утврди од кого е овластен за поднесување на иницијативата, освен што е наведено дека следуваат потписи на давателите на полномошното. Во доставените докази има поголем број списоци на граѓани различни по содржина, од кои Судот не можеше со сигурност да констатира дали се составен дел на даденото полномошно или не. Исто така, доказ за каква било форма на регистрирање на споменатиот Одбор во приложената документација нема.
Бидејќи од иницијативата и приложената документација во претходната постапка не произлегува во чие име настапува адокатот Оливер Ристовски од Скопје, Судот сметаше дека иницијативата е поднесена од поединец.
4. Судот на седницата утврди дека с поред содржината на член 1 од оспорената Одлука, со Одлуката се изменува и дополнува Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за населба Козле дел од Месна заедница “Пецо Божиновски-Кочо”, а измените и дополнувањата на ДУП се изработени според одредбите за спроведување на Основниот урбанистички план на град Скопје, барањата во Програмата за содржината на Планот и Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот. Во членот 2 се определува површината за која се прават измените и дополнувањата на планот, потоа конкретно се определуваат границите, се означува дека станува збор за еден урбан модул-блок, се определува намената на објектите во урбаниот модул, се определува максималната висина на објектите, се означува што се определува со планот, како и дека измените на плано т содржат текстуален и графички дел. Во членот 3 од Одлуката е определено дека составен дел на одлуката се: текстуален дел, графички прилози, основни параметри за уредување на просторот и табеларен приказ на урбанистичките параметри. Во членот 4 од Одлуката се определува начинот на заверка на Планот, а во членот 5 се определува органот и рокот за обезбедување на целокупната документација за реализација на Планот. Потоа во следната одредба се определува каде ќе се чува Планот со сите негови делови. Во членот 7 е определно дека Одлуката влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ” Службениот гласник на Град Скопје”. Одлуката е донесена од Советот на општината Карпош под број 07-1557/1 од 22 ноември 2002 год.
5. Од приложената документација Судот исто така утврди дека Круме и Љубе Петровски од Скопје на 12 февруари 2002 година и главниот архитект на Град Скопје на 3 април 2002 година на барање на Советот на општината Карпош, поднеле посебни барања за покренување иницијатива за изменување и дополнување на ДУП за дел од Месната заедница “Пецо Божиновски-Кочо” во населбата Козле.
Извештајот за извршената стручна ревизија на измените и дополнувањата на ДУП е направен во месец април 2002 година од страна на Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија “ИН-ПУМА”.
Одговор на извршената ревизија е даден од А.Д. за урбанизам, архитектура и инженеринг “Зуас” – Скопје.
Со писмо број 08-559/1 од 25 април 2002 година, Советот на општината Карпош од главниот архитект на град Скопје побарал стручно мислење за измените и дополнувањата на Планот.
Во стручното мислење бр.18а-1008/2 од 28 мај 2002 година, главниот архитект се произнел дека Нацрт-Планот во целост е изработен според одредбите за спроведување на Генералниот урбанистички план на град Скопје и други акти, па Општината може да отпочне со постапката за донесување на Нацрт-Планот.
Градоначалникот на општината Карпош со писмо бр.08-704/1 од 28 мај 2002 година од Министертсвото за транспорт и врски-Сектор за планирање на просторот во Скопје, побарал стручно мислење за измените и дополнувањата на Планот, по што е добиено стручно мислење бр.13-7823 од 11 јуни 2002 година дека по вградување на сугестиите и забелешките може да се пристапи кон постапката за усвојување на планот.
Градоначалникот на општината Карпош донел Одлука бр. 08-8447 од 12 јуни 2002 година за пристапување кон предлогот за донесување на Одлуката за изменување и дополнување на предметниот ДУП, со Нацрт на одлука.
Во образложението на Нацрт-Одлуката помеѓу другото е наведено дека причините за измена на Планот се од имотноправен и урбанистички аспект, како и тоа дека постојното решение од урбанистички аспект има повеќе слабости. Како слабости на претходното решение се означува спречување на струење на свеж воздух од Водно од бедемот дол 170 метри, можност да се градат станови само со северна ориентација, паркирање надвор од локацијата, што е во спротивност со постојните прописи и други.
Со Одлука бр. 08-8447/1 од 12 јуни 2002 година градоначалникот на Општината го усвоил Нацртот на Одлуката за изменување и дополнување на Планот.
Одделението за урбанизам, уредување на градежното земјиште, комунална инфраструктура и заштита на животната средина на општината Карпош донело Заклучок бр. 08-8447/2 од 13 јуни 2002 година за утврдување на текстот на Нацрт-Одлуката.
Потоа, градоначалникот на општината Карпош донел Одлука бр. 08-8447/3 од 13 јуни 2002 година за организирање на јавна анкета по Нацрт-Одлуката во траење од 10 дена со објавување на соопштението во јавното гласило “Дневник”.
Соопштението е објавено во весникот “Дневник” на 14 јуни 2002 година, со означување на местото и времето на спроведување на јавната анкета.
Во извештајот бр.08-965/1 од 28 јуни 2002 година на градоначалникот на Општината е содржано образложение за неприфатените забелешки, наведено е дека во предвидениот рок биле доставени 20 анкетни листови при што е дадено образложение за неприфатените забелешки, а се имале во предвид и 27 анкетни листови од јавната анкета спроведена во 2000 година, за кои било одговорено во претходната постапка.
Претседавачот на Советот на Општината со допис бр.07-974 од 2 јули 2002 година од Министерството за транспорт и врски-Сектор за планирање на просторот во Скопје побарал издавање на согласност на Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на ДУП.
Министерството за транспорт и врски – Сектор за плани-рање на просторот во Скопје дало согласнот бр.13-8831 од 9.07.2002 година на Предлог планот за изменување и дополнување на предметниот ДУП.
Советот на општината Карпош ја донел оспорената Одлука под број 07-1557/1 од 22 ноември 2002 година.
Одлуката е објавена во “Службениот гласник на Град Скопје” бр.12 од 28 ноември 2002 година.
Во графичкиот прилог, составен дел на оспорената Одлука се внесени прифатените забелешки од спроведената анкета, кое нешто Судот го утврди со непосреден увид и компарација на графичките прилози кон Нацрт-Одлуката и оспорената Одлука.
Од страна на учесниците во постапката се прилагаат и други докази по однос на прибавени стручни мислења од еминентни стручни лица, како и по однос на остварени контакти со соодветни институции, но според Судот овие докази не се однесуваат на фазите во спроведувањето на постапката за измена и дополнување на Планот, туку се однесуваат на почитување или непочитување на одделни стандарди и нормативи.
6. Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/1996) влезе во сила на 3 февруари 1996 година, по што се направени повеќе измени и дополнувања и тоа со донесување на:
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.28/1997), што влезе во сила на 28 јуни 1997 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.18/1999), што влезе во сила на 8 април 1999 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.53/2001), што влезе во сила на 20 јули 2001 година;
– Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” бр. 45/2002), што влезе во сила на 7 јули 2002 година;
Во иницијативата се оспорува донесената Одлука за изменување и дополнување на ДУП од аспект на нејзината согласност со членовите: 3, 10, 11, 14 и други членови од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, без да се означи за која измена и дополнение се однесуваат таквите наводи. Меѓутоа, од содржината на наводите од иницијативата Судот утврди дека станува збор за Закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање објавен во “Службен весник на РМ” бр.53/2001 година.
Според ?лен 7 од Законот, во зависност од просторот што е предмет на планирање се донесува, покрај другите, и детален урбанистички план.
Деталниот урбанистички план, според член 11 став 1 од Законот, се донесува за одделни делови од населените места и други подрачја за кои е донесен генерален урбанистички план. Според содржината на став 3 од оваа одредба, деталниот урбанистички план содржи синтезен графички приказ на планските решенија во границата на урбаното подрачје со билансни показатели за урбаните модули и инфраструктурата. Деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план. Во ставот 4, е опрелено дека документацијата на деталниот урбанистички план за постојната состојба и проекциите претставуваат документациона основа на планот, која заедно со нацрт планот се доставува на стручна ревизија според член 19 на овој Закон.
Од содржината на член 17 од Законот, која се однесува на деталните урбанистички планови произлегува дека плановите од член 7 од овој закон се изработуваат како нацрт и предлог на план, а по нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета.
Одлука за јавна анкета по нацрт деталниот урбанистички план во општината донесува градоначалникот на општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на општинската администрација (?лен 17 став 7).
Според член 18 од Законот, јавната анкета по деталниот урбанистички план ја организира општината и се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 10 дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, доставув аат писмени забелешки на анкетни листови до организаторот на анкетата. За времето и местото каде ќе биде изложен планот задолжително се објавува соопштение во јавните гласила. Извештај за јавната анкета за деталните урбанистички планови со образложение за неприфатените забелешки изработува општината (став 4).
Во смисла на член 19 од Законот, на нацртот на плановите од член 7 од овој закон, пред организирањето на стручната расправа односно јавата анкета, се врши стручна ревизија. Стручната ревизиј а на урбанистичките планови според програмата од членот 13 на овој закон ја врши стручна научна институција или комисија што ја определува односно формира министерот надлежен за работите за уредување на просторот.
Согласно член 20 од овој Закон, измените и дополнувањата на плановите се вршат по иста постапка пропишана за нивното донесување, доколку со овој закон не е поинаку уредено.
Според содржината на членот 21-а, при изработувањето на урбанистичките планови задолжително се применуваат нормативи и стандарди за уредување на просторот. Со стандардите и нормативите од став 1 на овој член се утврдуваат основите за порационално планирање, уредување и користење на просторот, создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Стандардите и нормативите од ставот 1 на овој член ги донесува министерот надлежен за работите за уредување на просторот.
Според член 22 став 6 и 7 од овој Закон, урбанисти?ките планови можат да се спроведуваат по издавањето на согласност од Министерството надлежно за работите на урбанизмот. Плановите за кои не е издадена согласност, се сметаат дека не се донесени.
7. Во иницијативата, донесената Одлука се оспорува по однос на нејзината согласност со членовите: 3, 10, 11 и 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” бр.53/2001), или членовите: 11, 17 став 7, 18 и 21-а од интегралниот текст на Законот. По однос на повредата на членовите: 18 и 21-а се наведува дека не се прифатени забелешките од јавната анкета и не се почитувани стандардите и нормативите за уредување на просторот, а по однос на останатите одредби од Законот нема конкретни наводи во што се состои повредата на одредбите од Законот.
Судот утврди дека измената и дополнувањето на ДУП е направена за подрачје за кое има донесено Генерален урбанистички план, опфатот на урбаниот блок е 2,6 хектари или во рамките на законскиот максимум од 30 хектари, а Одлуката ги има сите потребни составни делови, па не е сторена повреда на членот 11 од Законот.
Одлуката за спроведување на јавната анкета е донесена од градоначалникот на општината Карпош, онака како што предвидува членот 17 став 7 од Законот.
Членот 18 од Законот не предвидел внесување на забелешките од јавната анкета во текстуалниот дел од Одлуката, туку изработување на извештај со образложение за неприфатените забелешки, кое нешто неспорно е направено од страна на надлежен орган. Судот утврди дека од страна на Советот на Општината се внесени прифатените забелешки од спроведената анкета од извештајот за неприфатените забелешки, како и со непосреден увид и компарација на графичките прилози кон Нацрт-Одлуката и оспорената Одлука.
Прашањето дали во постапката за изменување и дополнување се почитувале стандардите и нормативите за уредување на просторот не е прашање што го оценува Уставниот суд, бидејќи таквата оценка спаѓа во надлежност на Министерството за транспорт и врски, кое согласно член 22 став 6 од Законот издава согласност на предлогот на Планот.
По сумарната оценка на оспорената Одлука произлезе дека истата е донесена во законски предвидена постапка, од страна на законски определени органи со придржување на сите фази на постапката за изменување и дополнување на Планот, во постапката не се повредени цитираните одредби од Законот, па врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
8. По својот правен карактер, оспорената Одлука, Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/2002) и Правилникот за поблиската содржина и начинот на графичка обработка на плановите и за начинот и постапката за донесување на урбанистичките планови (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/2002) се прописи од ист правен ранг-подзаконски акти. Според членот 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите, но не одлучува за меѓусебната согласност на прописите, каков што третман имаат оспорената Одлука и двата споменати правилници.
Оттука, Судот и не се впушти во поединечна анализа на наводите од иницијативата кои се однесуваат на непочитување на стандардите и нормативите по однос на конкретните решенија на планот од сообраќаен, еколошки, архитектонски, сигурносен, хортилултурен и сеизмички аспект и по однос на овој дел од иницијативата одлучи како во точката 2 од ова решение.
9. Ова решение Судот го донесе во состав од претсе-дателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.69/2003
26 ноември 2003 год.
С к о п ј е
ла
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова
1