84/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 9 јули 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 178 од Законот за високото образование (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.64/2000).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 178 од Законот за високото образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.64/2000). Според подносителот на иницијативата, со оспорената одредба се вршела повреда на уставно загарантираното право на жалба утврдено во членот 15 од Уставот на Република Македонија. Со оглед на тоа што со законската одредба се утврдувала стручната комисија на високообразовната установа како др`авен орган (орган на управа) кој има надлежност да одлучува во втор степен против актите на органите на управата, истото не било во согласност со општите принципи на организацијата на државната власт. Според наводите во иницијативата, оспорената одредба не предвидувала двостепеност во одлучувањето, како составен елемент на правото на жалба, поради тоа што оваа стручна комисија учествувала во одлучувањето во прв степен, а со оспорената одредба се определувала таа да одлучува и во втор степен.

Оттука, подносителот заклучува дека оспорената одредба не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3, членовите 15, 46 и 50 став 2 од Уставот на Република Македонија, поради што смета дека Судот треба да поведе постапка за оценување на уставноста на наведената одредба.

3. Судот на седницата утврди дека со одлука У.бр.181/2002 од 26.02.2003 година, Уставниот суд ги укина членовите 165, 168 и 178 од Законот за високото образование. При~ината за интервенцијата во наведените одредби (меѓу кои и на оспорениот член 178 од Законот) е ставот на Судот според кој со истите се врши “упад” во автономијата и самостојноста на универзитетот. Ваквиот став Судот го заснова на мислењето според кое во постапката за признавање на високообразовните квалификации стекнати во странство одлуката ја носи ресорното министерство кое е надле`но за работите поврзани со високото образование во Република Македонија, при {то соодветната високообразовна установа во Република Македонија само учествува, односно партиципира во носењето на одлуката преку посебна стручна комисија која дава само предлог до ресорниот министер.

Врз основа на ваквата законска определба, Уставниот суд утврдил дека ваквите решенија се во контрадикторност на уставната определба за самостојност и автономија на универзитетот загарантирани со членот 46 од Уставот на Република Македонија, кои од своја страна претставуваат уставен основ и услов за остварување и уживање на правата и слободите на човекот и граѓанинот во сферата на високото образование. Според мислењето на Судот, универзитетската установа е носител на правото и одговорноста за професионално, стручно и компетентно вр{ење на високообразовните дејности, од каде произлегува и основот на високообразовната установа за одлучување за прашања од овој домен, заснован врз принципите на стручност и компетентност кои Уставот ги детерминирал.

4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Со оглед на тоа што со поднесената иницијатива се оспорува одредба која со одлука на Судот е веќе укината и со тоа отстранета од правниот поредок на Републиката, Судот оцени дека се исполнети условите утврдени во членот 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, според кој Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р.Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова-Трајковска, Иџет Мемети, д-р.Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р.Зоран Сулејманов.

У.бр.84/2003
9 јули 2003 година
С к о п ј е
сп. /сд

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова