У.бр.63/2002-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 април 2003 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА член 67 став 3 од Законот за чек („Службен.весник на РМ” бр.3/2002).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, со решение У.бр.63/2002 од 5 март 2003 година поведе постапка за оценување уставноста на член 67 став 3 од законот означен во точката 1 од оваа одлука. Постапката беше поведена затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 9 и член 51 од Уставот на Република Македонија.

4. Судот на седницата утврди дека во членот 67 од Законот за чек во кој е уредено прашањето на неосновано збога тување по чек е предвидено дека “трасантот и индосантот чии што чековни обврски згаснале поради застареност или поради пропуштени дејствија одговараат на имателот на чекот доколку неосновано се збогатиле на негова штета. Другите обврзници по чекот се ослободени од оваа одговорност.

Одговорноста заради неосновано збогатување застарува за три години.”

Во оспорениот став 3 н а член 67 е предвидено дека “трасантот може овој рок да го скрати или да определи подолг рок”.

5. Во член 8 од Уставот на Република Македонија, покрај другите темелни вредности на уставниот поредок е утврдено и начелото на владеење на правото.

Според член 51 во Република Македонија законите морат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите. Според член 68 од Уставот Собранието на Република Македонија, покрај другото донесува закони и дава автентично толкување на законите.

Тргнувајќи од уставното овластување дека Собранието на Република Македонија донесува закони, законодавецот во Законот за чек и Законот за облигационите односи го уредил прашањето на институтот на застареност на побарувањето на субјектите во чековно правните односи.

Во теоријата чекот се дефинира како хартија од вредност составена во со закон пропишана форма со која едно лице (трасант) издава без условен налог на друго лице (трасат) од неговото покритие на имателот на чекот да исплати одредена сума пари на одредено место.

Според член 1 од Законот за чек со овој закон се уредува содржината, видовите, издавањето на чек како и чековните работи и правила.

Во членот 3 од наведениот закон е предвидено дека чекот претставува средство за плаќање односно чекот претставува безусловна наредба која трасантот ја дава на трасатот, да исплати одредена сума пари на ремитентот, кој е наведен на чекот или на самиот трасант.

Чекот се трасира само на банка, кај која трасантот има покритие со кое може да располага преку чекот.

Според член 14 од Законот, чекот на доносител може да се пренесува со просто предавање, а секој друг чек се пренесува со индосамент односно изјава впишана на чекот од носителот на правото на наплата за пренесување на тоа право на друг.

Со Законот за чек е р егулирано и прашањето на рокот на застареност на чекот како и рокот на застареност во случај на неосновано збогатување по чек.

Така во член 60 од Законот е предвидено дека регресните побарувања на имателот на чекот против индосантите и против тасантот застаруваат за шест месеци од истекот на рокот за поднесување на исплата.

Регресните побарувања на индосантите едни против други и против трасантот застаруваат за шест месеци од денот кога индосантот го откупил чекот или од денот кога против него е покрената постапка пред суд.

Во член 67 кој е цитиран е утврден рок од три години на застареност кај побарувањата на одговорност поради неосновано збогатување.

Во Законот за облигационите односи (“Службен весник на РМ” бр.18/2001 и 4/2002) посебно е разработен институтот на застареност според кој со застареноста престанува правото да се бара присилно исполнување на обврската, а застареноста настапува кога ќе истече определено време со закон во кое доверителот можел да бара исполнување на обврската.

Во член 360 е утврден општ рок на застареност при што побарувањата застаруваат за пед години, ако со закон не е определен друг рок на застареност.

Во член 250 од наведениот закон е предвидено дека за застареност на побарувањата од хартија од вредност важат правилата на застареност ако со посебен закон поинаку не е определено.

Од наведените одредби како и од целината на Законот за чек и Законот за облигационите односи произлегува дека чековно правните побарувања покрај со исплатата што е најчест случај згаснуваат односно престануваат и со застареност. Застареност настапува поради невршење на чековните права во определен временски период утврден со закон.

Во наведените закони се предвидени институтите за прекин на застареноста и за запирање на застареноста, според кои со преземање на одредени дејствија од страна на субјектите на чековно-правните односно со отстранување на одредени настанати состојби рокот на застареност се прекинува или запира.

Меѓутоа, во случај на неосновано збогатување на трасантот и индосантот, законодавецот во интерес на имателот на чекот рокот на застареност го лимитирал на три години од денот на настанатата застареност.

6 . Имајќи го предвид наведеното произлегува дека утврдувањето на рокот за застареност е законска материја и во никој случај не може тој да биде пократок или подолг рок определен од страна на друг субјект во чековно правните обврски ; дека со давањето на можноста трасантот да го скрати или определи подолг рок на застареност се утврдува посебен рок на застареност кај чековно правните побарувања и дека со ваквото скратување или продолжување на рокот од страна на тасантот се намалува чековната строгост имајќи предвид дека неоснованото збогатување е граѓанско правна категорија.

7. Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорената одредба според која трасантот може рокот на застаренот заради неосновано збогатување да го скрати или да определи подолг рок не е во духот на интенцијата на начелото на владеење на правото, поради што одлучи како во точката е од оваа одлука.

8. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова , д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.63/2002
23 април 2003 год.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов