Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 15 април 2003 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на членот 69 став 1 во делот
2. СЕ ЗАПИРААТ од извршување поединечните акти и дејствија што се превземаат врз основа на одредбите од Статутот и Одлуката означени во точката 1 од ова решение, со кои издавањето на лиценцата за работа се условува со претходно плаќање на коморски уписен влог.
3. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување:
а) уставноста на членот 35 точка 2 и членот 36 во делот: “на коморскиот уписен влог” од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/ 2002).
б) уставноста и законитоста на членот 23 алинеја 14 во делот: “и коморскиот уписен влог”; членот 45 во делот: “коморскиот уписен влог”; членот 82 алинеја 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.97/2002).
4. Решението да се објави во “Службен весник на Република Македонија”.
5. Гоце Божиновски од Скопје, Марика Петровска од Струмица, Сузана Илиевска од Куманово, Данаил Данаиловски од Струмица, Благој Кошулчев од Велес и Костадин Давидковски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за поведување постапка оценување уставноста и законитоста на актите означени во точките 1 и 3 од ова решение.
Според наводите од иницијативата на Давитковски Костадин од Скопје, кој е единствениот од повеќето иницијатори што бара оценување на уставноста на посочените одредби од Законот за адвокатурата, одредбите не биле во согласност со членот 9 од Уставот. Имено, нападнатите одредби од Законот ги доведувале во нееднаква и нерамноправна позиција лицата кои веќе се членови на Адвокатската комора и лицата кои сакаат да се зачленат, од причина што донесувањето на овие акти, коморски уписен влог не се плаќал. Сега за новите адвокати се барало плаќање на нова давачка-коморски уписен влог, како дополнително издвоени средства за почеток со работа, кој пак влог се вложува во имотот на Адвокатската комора. На овој начин Адвокатската комора ја искористувала монополската положба која по природата на нештата ја имала.
Бидејќи според содржината на член овите 10 став 1 и 2 и 12 од Законот за адвокатурата, правото на вршење на адвокатска дејност се стекнувало со уписот во Именикот на адвокатите на АКРМ, смета дека со оспорените одредби на актите се предвидувал уште еден услов за стекнување на статусот адво кат, а зад кој услов всушност се криел начинот на финансирање на Комората. Со вака поставениот услов воедно се повредувал и членот 32 став 1 и 2 од Уставот, бидејќи на идните кандидати за адвокат им се оневозможу-вало да засноваат работен однос и да обезбедат материјална егзистенција.
Од истите причини иницијаторот Давитковски Костадин од Скопје ја оспорува и уставноста и законитоста на повеќе одредби од Статутот на Комората, децидно наведени во точките: 1 и 3 б) од ова решение. Членот 84 од Статутот на Комората се оспорува и од страна на иницијаторот Благој Кошулчев од Велес, од исти причини.
За сите иницијатори е заедничко оспорувањето на Одлука-та за утврдување на висината на коморскиот уписен влог, донесена од Адвокатската комора на Република Македонија на седницата одржана на ден 29 јануари 2003 година. Имено, сите иницијатори сметаат дека со оспорената Одлука се воведувал нов услов за стекнување на статус адвокат, што не било во согласност со членот 9 од Уставот, бидејќи ги ставал во нерамноправна положба по однос на лицата кои веќе се членови на Комората. Воедно сметаат дека има и повреда на членот 32 став 1 и 2 од Уставот, бидејќи со воведувањето на коморскиот уписен влог како услов за стекнување на статусот адвокат им се повредувало уставно загарантираното право на работа и слободниот избор на вработување.
Според иницијаторите: Данаил Данаиловски и Марика Петровска со Одлуката се повредувал и членот 53 од Уставот, бидејќи на овој начин адвокатурата не можела да биде самостојна и јавна служба како што предвидел Уставот. Иницијаторите Сузана Илиевска и Гоце Божиновски сметаат дека е сторена и повреда на членот 55 од Уставот, бидејќи со коморскиот уписен влог не се овозможувала еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Во иницијативата на Гоце Божиновски се укажува и на повреда на темелните вредности на уставниот поредок гарантирани во членот 8 став 1 алинеја 3 и 7 од Уставот.
Исто така покрај заедничкото укажување на повредата на членот 10 став 1 и 2 и членот 12 од Законот за адвокатурата, во иницијативите на: Марика Петровска и Данаил Данаиловски се укажува и на несогласност на оспорената Одлука со членовите: 1, 2 и 13 став 2 од истиот Закон, поради погоре изнесените идентични причини.
Донесување на решение за привремена мерка се предлага од иницијаторот Гоце Божиновски.
6. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 35 точка 2 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2002), Адвокатската комора на Репуб-лика Македонија се финансира помеѓу другото и од коморски уписен влог.
Според содржината на член 36 од Законот, висината на коморскиот уписен влог и на коморската чланарина, ги утврдува со одлука Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Маке-донија и ги објавува во “Службен весник на Република Македонија”.
Во член 23 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија (” Службен весник на Република Македонија” бр.97/2002) се определени надлежностите на Управниот одбор.
Според алинејата 14 од оваа одредба, Управниот одбор ја определува и висината на коморскиот уписен влог.
Според содржината на членот 45 од Статутот, во “Служ-бен весник на Република Македонија” помеѓу другото се објавува и висината на коморскиот уписен влог.
Согласно член 69 став 1 од Статутот, по уписот во именикот адвокатот плаќа коморски уписен влог, го определува седиштето на канцеларијата и му се издава лиценца за работа, за што ја известува Комисијата за прием.
Според содржината на алинејата 2 на членот 82 од Статутот, Комората се финансира помеѓу другото и од коморски уписен влог.
Во член 84 од Статутот е определено дека, коморскиот уписен влог се плаќа по упис на адвокатот во Именикот на адвокатите. Висината на коморскиот уписен влог ја утврдува Управниот одбор со своја одлука и не може да биде помала од 500 Евра ниту поголема од 2.000 Евра во денарска противвредност.
Во член 1 од Одлуката за утврдување на висината на коморскиот уписен влог (“Службен весник на Република Македонија” бр.9/2003), предвидено е: по уписот во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Република Македонија, новите адвокати ќе плаќаат коморски уписен влог во висина од 1.000 Евра во денарска противвредност. Во членот 2 од Одлуката е определено дека истата влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
7. Согласно член 9 став 2 од Уставот на Република Македонија, граѓаните се еднакви пред Уставот и законите.
Согласно член 32 став 1 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Во став 2 од оваа одредба е определено дека, секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Оставарувањето на пра-вата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор, според ставот 5 на истата одредба од Уставот.
Во член 51 од Уставот е предвидено дека, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Членот 53 од Уставот определува дека, адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Според содржината на член 1 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 59/2002), со овој закон помеѓу другото се уредува и организацијата на адвокатурата, условите за вршење и престанок и мирување на адвокатската дејност и правата и обврските на адвокатите.
Во член 2 од Законот, адвокатурата е предвидена како самостојна и независна јавна служба која обезбедува и дава правна помош, а адвокатите вршат јавни овластувања во согласност со овој и други закони.
Во смисла на член 5 од Законот, самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба се остварува помеѓу другото и со: организирање на адвокатите во Адвокатската комора и нејзиното финансирање, а коморскиот уписен влог е еден од изворите за финансирање на Комората, според содржината на оспорениот член 35 алинеја 2 од Законот.
Во член 10 став 1 од Законот е предвидено дек а, правото на вршење на адвокатската дејност согласно со овој закон се стекнува со уписот во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Република Македонија. Во став 2 од оваа одредба е предвидено, по уписот во Именикот на адвокатите на Адвокатската комора на Република Македонија на упишаниот адвокат му се издава лиценца за работа.
Членот 12 од Законот ги регулира условите под кои се врши уписот во Именикот и тоа: државјанин на Република Македонија, исполнување на општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, дипломиран правник со положен правосуден испит, и уживање на углед за вршење на адвокатската дејност.
Според содржината на Главата ВИ Адвокатска дејност, точка 2. Постапка за прием, упис, издавање и одземање на лиценца од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија, (особено членовите 68 и 69) сумарно гледано постапката се одвива на следниот начин: прво се добива решение за прием на кандидатот, се дава свечена изјава, се врши упис во именикот, се плаќа уписен коморски влог, се определува седиштето, па на крајот се издава лиценца за работа. Или според изложениот редослед, уплатата на коморскиот уписен влог редоследно доаѓа пред определувањето на седиштето, по што се издава лиценцата за работа.
Оспорениот член 36 точка 2 од Законот е правниот основ за определување на висината на коморскиот уписен влог од оспорената алинеја 14 на членот 23 од Статутот.
8. Тргнувајќи од анализата на изложените уставни и законски одредби, неспорно е дека Адвокатурата е самостојна и независна јавна служба, па оттука истата има право во рамките на Законот за адвокатурата да ги определи условите за вршење на дејноста адвокат, како и да го определи начинот на своето организи-рање и финансирање, со соодветна разработка во статутарните одредби за кои има основа во Законот.
Имено, од содржината на оспорениот член 35 точка 2 и оспорениот дел на член 36 од Законот произлегува дека коморскиот уписен влог е еден од изворите на приход на Комората, а Управниот одбор на Комората одлучува за неговата висина, што е во релација со самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба, согласно член 53 од Уставот. Според тоа не би можело да се постави и прашањето за согласноста на членот 82 алинеја 2 од Статутот со наведените уставни и законски одредби, кој го предвидува коморскиот влог како извор на приход на Комората.
Од друга страна оспорениот дел на членот 36 од Законот претставува законски основ за оспорената алинеја 14 на членот 23 од Статутот, кој во надлежноста на Управниот одбор го става и донесувањето на Одлуката за определувањето на коморски уписен влог. Содржината на оспорениот дел од членот 45 од Статутот, во кој е предвидено објавување на одлуката за висината на коморскиот уписен влог во “Службениот весник на Република Македонија”, по оценка на Судот е на линија на транспарентноста што сака да ја постигне Комората во своето работење.
Исто така, според Судот оспорените одредби не би можеле да се доведат под сомнение по однос на нивната согласност со членот 9 од Уставот. Имено, најнапред законските одредби воопшто не се занимаваат со прашањето кои лица треба да го платат коморскиот уписен влог и дали тоа се однесува на сите или само на оние што треба да стекнат статус на адвокат. Од друга страна еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите подразбира еднаква положба според закон што е во сила, а не според закон што престанал да важи и поинаку ги регулирал конкретните состојби.
Според наведеното, Судот заклучи дека не би можело да се постави прашањето за согласност на оспорените одредби од Законот за адвокатурата со член 9, член 51 и член 53 од Уставот, како и прашањето за согласноста на член 23 алинеја 14, член 45 и член 82 алинеја 2 со одредбите од Уставот и Законот.
9. Од друга страна, според содржината на членот 10 од Законот, правото на вршење на адвокатска дејност се стекнува со уписот во Именикот, по што на адвокатот му се издава лиценца за работа. Меѓутоа, според оспорениот член 69 став 1 од Статутот, произлегува дека помеѓу уписот во Именикот и издавањето на лиценцата, следува уплата на коморскиот уписен влог, од што пред Судот се постави прашањето дали коморскиот уписен влог е посебен услов за добивање на лиценца за работа, кој како таков не е предвиден во законските одредби. Во законските одредби коморскиот уписен влог е предвиден како извор на средства за работењето на Комората чија висина ја утврдува Управниот одбор на комората, а натамошната разработка по однос условите за прибирање на овие средства, кој и кога е обврзан да ги уплати, очигледно е оставена да се направи со подзаконските акти.
Со вака поставениот редослед во постапката за добивање на лиценца од оспорениот членот 69 став 1 од Статутот, по мислење на Судот се поставува прашањето за повреда на правото на слободен избор на вработувањето гарантирано во членот 32 став 1 од Уставот. Истото се однесува и на оспорениот член 84 став 1 од Статутот кој предвидел уплатата на коморскиот уписен влог да се изврши по уписот на адвокатот во именикот, бидејќи со самиот упис не се добива лиценцата за работа и таа следи откако ќе се плати за коморскиот уписен влог. Според тоа, лицето кое нема да биде во материјална можност да го плати коморски уписен влог во определениот износ од 1000 Евра, според одредбата од Статутот и оспорената Одлука, автоматски нема да добие лиценца за работа, иако претходно, добило решение за прием и дало свечана изјава и веќе е упишано во Именикот на адвокатите, и покрај фактот што таква законска можност изрично не е предвидена.
Од тука, коморскиот уписен влог е законска категорија, но според Судот во одредбите на Статутот и Одлуката е поставен како дополнителен услов за обавувањето на адвокатска дејност и е предвиден како услов надвор од рамките на Законот за адвокатурата.
10. Од тие причини, Судот ги подведе под сомнение оспорените членови: 69 став 1 и 84 став 1 од Статутот, како и Одлуката, бидејќи во истите коморскиот уписен влог е поставен како дополнителен услов, надвор од законските рамки за обавувањето на дејноста адвокат и одлучи како во точката 1 од ова решение.
11. За останатите одредби од Законот и Статутот, Судот не изрази сомнение по однос на нивната согласност со Уставот односно Законот за адвокатурата, бидејќи се на линија на самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба, која има право да ги утврдува изворите за своето финансирање преку законски предвидените органи на Комората и за тоа да ја информира јавноста и засегнатите лица, од кои причини одлучи како во точката 3 од ова решение.
12. По однос на барањето за запирање од извршување поединечни акти и дејствија што се превземаат врз основа на одредбите од Статутот и Одлуката означени во точката 1 од ова решение, Судот смета дека се исполнети условите од членот 27 од Деловникот на Уставниот суд. Вака издадената привремена мерка не значи забрана за запишување на кандидатите во Именикот на адвокатите и за издавање на лиценца за работа, туку со оваа мерка единствено се запираат од извршување актите и дејствијата со кои издавањето на лиценцата за работа се условува со претходна уплата на коморскиот уписен влог.
Од изнесените причини се одлучи како во точката 2 од ова решение.
13. Согласно член 78 став 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи решението да се објави во “Службен весник на Република Македонија”.
14. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.51/2003
15 април 2003 год.
С к о п ј е
ла
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов