У.бр.36/2003-0-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на ќлен 110 од Уставот на Република Македонија и ќлен 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 март 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на 22 решенија за именување на претседатели и членови на работните тела на Советот на Општина Демир Хисар и на претставници во органите и телата на јавни претпријатија и установи од локално значење, донесени од Советот на Општина Демир Хисар на 3 декември 2002 година.

2. Благоја Макариовски, Соња Талевска, Игор Каревски, Билјана Гаревска, Горданчо Мирчевски и Бошко Костовски, членови на Советот на Општина Демир Хисар, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на решенијата означени во точката 1 од ова решение, затоа што со оспорените акти не се водело сметка составот на постојаните и повремените комисии и тела да соодејствува на пропорционалната застапеност на политичките партии во Советот, што не било во согласност со член 32 став 2 и 4 од Законот за локалната самоуправа.

3. Судот на седницата утврди дека оспорените решенија се донесени од Советот на општина Демир Хисар, на 3 декември 2002 година, а се евидентирани под бр. 07-178/4 до 25, и со истите се именуваат претседатели и членови на работните тела на Советот, како и претставници на Општината во органите и телата на одделни комунални и други организации од локално значење. Исто така, и покрај тоа што е ирелевантно за постапување во конкретниот предмет, од увидот во решенијата се констатира дека во составите се именувани претставници од повеќе политички партии односно нивни коалиции (“За Македонија заедно”, ДА, ВМРО ДПМНЕ и во еден случај СП), а дали притоа, таа застапеност е пропорционална или не, е фактичко прашање, во кое Судот не се упушта.

4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Тргнувајќи од содржината на наведените одредби, а имајќи ја предвид содржината на оспорените решенија, според мислењето на Судот, тие не претставуваат прописи во смисла на членовите 51 и 110 од Уставот и не се подобни за уставно-судска оцена, поради што Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазов а, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.36 -а /2003
26 март 2003 год.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов