Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 19 март 2003 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за одржување, изградба и реконструкција на сервисните и станбени улици и на локалните патишта на подрачјето на општината Шуто Оризари донесена од Советот на општината Шуто Оризари бр.07-289/9 од 15.10.2002 година.
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Шуто Оризари за престанок на мандатот на Зендел Илјаз, Северџан Илјаз и Адем Али бр.07-290/7 бр. 07/290/8и 07-290/9 од 27.09.2002 година, Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Шуто Оризари: Сали Бајрам, Руфат Демир, Бекир Расим – бр. 07-290/10 од 27.09.2002 година, Решението на советот на општина Шуто Оризари за определување на членови на советот кои ќе учествуваат во склучување на бракови во месната канцеларија во општина Шуто Оризари бр.07-290/11 и Одлуката за формирање на граѓанско информативен центар и центар за давање на услуги на граѓаните, бр.07-289/10 од 15.10. 2002година.
3. Зендел Илјаз, Северџан Илјаз, Адем Али, Ѓунеш Мустафа и Јасмина Зекир – сите од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа и ницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Програмата, Одлуките и Решенијата означени во точките 1 и 2 од ова решение.
Подносителите на иницијативата сметаат дека и решени-јата и одлуките се донесени без потребното м нозинство што е спротивно на член 62 став 2 од Законот за локална самоуправа, како и спротивно на член 62 од Законот за локални избори (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/1996).
Исто така, иницијаторите сметаат дека нивното исклучу-вање од членство во партијата “Обединета партија на Ромите во Македонија”, не претставува основ за престанок на нивниот мандат како советници во Советот на Општина Шуто Оризари.
4. Судот на седницата утврди дека Советот на Општина Шуто Оризари на седниците одржани на 27.09. 2002 и 15.10.2002 година, донел Програма за изменување и дополнување на Програ-мата за одржување, изградба и реконструкција на сервисните и станбените улици и на локалните патишта на подрачјето на Општина Шуто Оризари за 2002 година, во која станува збор за изградба на маалски еко-катчиња и нивната локација со средства добиени од донација на УНДП.
Тргнувајќи од содржината на Програмата за измена и дополна на Програмата за одржување, изградба и реконструкција на сервисните и станбените улици и локалните патишта на подрачјето на општина Шуто Оризари за 2002, Судот оцени дека истата претставува пропис кој подлежи на уставно судска оцена. Но, бидејќи подносителите го спорат само кворумот на седницата на која е донесен овој акт, а од добиените з аписници и листи за присуство на седниците произлегува дека истата е донесена на седница на која имало кворум т.е. биле присутни 15 советници од вкупно 17, што претставува повеке од половина од вкупниот број на советници, Судот оцени дека нема основ за изр азување на сомневање во законитоста на Програмата од овој аспект на постапката за нејзино донесување, од кој и се оспорува, и одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Судот на седницата, исто така, утврди дека Советот на Општина Шуто Оризари на се дниците одржани на 27.09.2002 и 15.10.2002 година, донел: 1.) Одлука за престанок на мандатот на Зендел Илјаз, Северџан Илјаз и Адем Али, поради нивно исклучување од ОПРМ, а по предлог на Комисијата за мандантни прашања и прашања на изборите и именувањата; 2.) Одлука со која се верификуваат мандатите на членовите на Советот на Општина Шуто Оризари: Сали Бајрам, Руфат Демир и Бекир Расим кои се од листата на ОПРМ на место на исклучените; 3.) Решение со кое се определуваат Демир Сулејман и Надире Селман како членови на Советот на Општина Шуто Оризари да учествуваат во склучување на бракови во месната канцеларија; 4.) Одлука за формирање на граѓанско информативен центар – центар за давање на услуги на граѓаните за подобро запознавање и информирање на граѓаните по прашања од локалната самоуправа.
Од содржината на оспорените решенија произлегува дека со нив не се регулираат никакви општи односи туку само поименично се наведуваат членовите на Советот на Општина Шуто Оризари на кои им е одземен мандатот, на кои што им е верификуван мандатот и кои се определени да учествуваат во склучување на бракови во месната канцеларија.
Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето.
Бидејќи овие прашања не спаѓаат во надлежност на Уставниот суд на Република Македонија, туку во надлежност на редовните судови, Судот одлучи како во точката 2 на ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од пре тседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр. 170/2002
19 март 2003 год.
С к о п ј е
л.а
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов