38/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 19 февруари 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 19, член 21 став 1 алинеја 4 и став 2 и член 59 став 1 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценување уставноста на оспорените одредби од законот, означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата министерот за сообраќај и врски не бил овластен, на предлог на Дирекцијата, да го утврдува годишниот надоместок за користење на доделените броеви, односно дека тоа спаѓало во надлежност на Собранието на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорените членови се предвидува цените на јавните телекомуникациски услуги понудени на конкурентна основа, да ги утврдуваат јавните телекомуникациски оператори и давателите на телекомуникациски услуги и министерот за сообраќај и врски да ги донесе, а Дирекцијата да ги применува прописите со кои се регулира обезбедувањето на универзални услуги и постапката за надомест што ќе се користи за да се наплатат тие услуги.

4. Согласно член 95 став 1 од Уставот државната управа ја сочинуваат министерствата и други органи на управата и организации утврдени со закон.

Во членот 96 од Уставот, меѓу другото, е предвидено дека органите од државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите.

Согласно член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.

Согласно член 58 од овој закон министерот кој раководи со министерството во чиј состав се наоѓа друг орган на државната управа, на предлог на директорот, кој раководи со органот во состав, го донесува актите за органот што е во негов состав.

Согласно член 61 став 1 од Законот со актите кои ги донесува министерот не може за граѓаните и другите правни лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи.

Во ставот 2 на овој член од Законот е предвидено дека со актите кои ги донесува директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација не може за граѓаните и другите правни лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи.

Имајќи ги предвид наведените уставни и законски одредби, Судот утврди дека министерот со свој пропис не ја пропишува обврската на граѓаните и другите правни лица да плаќаат надоместок, туку надоместокот, како таков, е претходно предвиден во Законот, а министерот го утврдува неговиот годишне износ (член 59 став 1).

Со други зборови, според Судот актот што го донесува министерот е всушност акт донесен во функција на операционализација на Законот за телекомуникации.

Во тој контекст, според Судот, не би можело да се каже дека министерот воведува јавни давачки, затоа што давачката како таква, е претходно предвидена во законот, а министерот ја определува само нејзината висина.

Истото образложение, според Судот се однесува и за: одредбата од членот 19 од оспорениот закон според кој цените за јавните телекомуникациски услуги, понудени на конкурентна основа, ги утврдуваат јавните телекомуникацискии оператори и давателите на телекомуникациски услуги.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека не може основано да се постави прашањето за уставноста на оспорените законски одредби.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Сел ими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.38/2002
19 февруари 2003 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов