4/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 февруари 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на членот 53 став 1 алинеја 9 во делот
2. Решението да се објави во ‘’Службен весник на Република Македонија’’.
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение.
Според наводите од иницијативата, оспорените одредби определувале дека со парична казна од 50.000 до 200.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако: не ги изврши неопходните поправки на зградата (членови 48 и 49) и изврши пренамена без одобрение за пренамена (член 50). Меѓутоа, според членот 257 од Законот за сопственост и други стварни права (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/2001), со денот на отпочнувањето на примената на овој закон престанувале да важат членовите 48 и 50 од Законот за домување.
Од тука иницијаторот смета дека оспорените одредби не мораат да постојат во правниот поредок, бидејќи ги повредуваат членовите: 8 став 1 алинеја 3, 14 став 1 и 51 од Уставот, па предлага поведување на постапка за оценување на уставноста.
4 . Судот на седницата утврди дека Според ?лен 53 став 1 алинеја 9 и 10 од Законот за домување (“Службен весник на Репу-блика Македонија” бр.21/998 и 48/2000), со парична казна од 50.000 до 100.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако:
– не ги изврши неопходните поправки на зградата (членови 48 и 49) и
– изврши пренамена без одобрение за пренамена (член 50).
5. Во член 257 од Законот за сопственост и други стварни права (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/2001) помеѓу другото е предвидено со денот на отпочнувањето на примената на овој закон (5 септември 2001 година) да престанат да важат членовите 48 и 50 од Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/1998).
членот 48 од Законот за домување ги регулираше правата и должностите на сопствениците на посебни делови од згради при потребата од поправки и преправки на делови од зграда што се во функција на зрадата во целина, а оваа материја сега е регулирана со членот 110 од Законот за сопственост и други стварни права, кој по содржина е скоро идентичен со укинатата одредба.
Членот 50 од Законот за домување ги регулираше правата и обврските на сопственикот на посебен дел од зграда при потребата тој дел да го пренамени во простор за вршење на деловна дејност. Сега оваа материја е уредена со членот 101 од Законот за сопственост и други стварни права, кој по содржина исто така е скоро идентичен со укинатата одредба.
Во ка знените одредби на Законот за домување се смес-тени сега оспорените делови на членот 53 став 1 алинеја 9 и 10. Или поконкретно во овој член е предвидена парична казна за прекршок за правното лице ако:

– не ги изврши неопходните поправки на зградата (членови 48 и 49), – содржина на оспорениот дел од алинејата 9 и
– изврши пренамена без одобрение за пренамена (член 50), – содржина на оспорената алинеја 10.
Законот за сопственост и други стварни права не содржи казнени одредби.
Од анализата на уставните и законски одредби, произлезе дека во конкретниот случај оспорените одреби престанале да важат по пат на дрогација на начин што Законот што стапил на сила подоцна (Закон за сопственост и други стварни права) дерогирал дел од одредбите на Законот што бил претходно донесен (Закон за домување), без оглед на фактот што поновиот закон не содржи изрична законска одредба за престанок на оспорените одредби.
Исто така со самиот престанок на важење на членовите: 48 и 50 од Законот за домување и останатите одредби од овој Закон, што за правна основа ги имале изрично укинатите одредби престанале да важат, со влегувањето во сила на Законот за сопственост и други стварни права, а како поновиот Закон концепциски не предвидува казнување за таков вид на прекршоци.
Од друга страна изложената фактичка и правна состоја, по оценка на Судот, се сведува на неусогласеност на одредби од два различни по материја закони, а оценувањето на уставноста на неусогласени одредби на актите од ист правен ранг не претставува надлежност на Уставниот суд, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија. Одстранување од правниот поредок на одредби кои не се меѓусебно усогласени, а припаѓаат во иста или различна законска материја е во надлежност на Собранието на Република Македонија.
6. Согласно член 28 алинеја 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлушување по иницијативата, па врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точа 1 од ова решение.
7. Меѓутоа, при состојба кога не постои изречна дерогација на оспорените одредби, во текстот на Законот за домување се уште егзистира парична казна, законските битија на опишаните прекршоци повеќе не се составен дел на овој закон и системски оваа материја припаѓа на одредбите на Законот за сопственост и други стварни права, кој пак закон не содржи казнени одредби, можно е во примената на двата закона и да дојде до изрекување на парична казна.
Од тука Судот ја нагласува потребата од изречно одстранување на оспорените одредби од правниот поредок, а заради усогласеноста во примената.
8. Од изнесените причини, согласно член 78 став 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот одлучи како во точка 2 од ова решение.
9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р ЈосифТалевски.

У. бр. 4/2003
19 февруари 2003 год.
Скопје
дб

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов