122/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 15 јануари 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката бр.07-1393/15 од 8.10.2001 година на Советот на Општина Кичево за донесување на измени и дополнување на Деталниот урбанистички план на град Кичево за населбата “Ложионица” – Општина Кичево.
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот за оценка на мечусебната согласност на Одлуката, означена во точката 1 од ова решение, со одредбите на Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот, (“Службен весник на Република Македонија” бр.69/1999).
3. Рампо Исајлоски од Кичево на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.
Во посебна иницијатива Стефаноски Зоран и Илија и Попоски Горан и Драгутин сите од Кичево, побараа од Судот поведување на постапка за оценување законитоста на истата Одлука.
Иницијаторот Рампо Исајлоски во иницијативата наведува дека оспорената Одлука била во спротивност со член 8 алинеја 3 и 6 од Уставот на Република Македонија, член 20 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/1996, 28/1997 и 18/1999) и член 2 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот (“Службен весник на Република Македонија” бр.69/1999. Несогласноста на Одлуката со наведените одредби, според иницијаторот, произлегува од околноста што со истата се вршела парцијална измена на ДУП за Кичево и препарцелација само на градежната парцела КП.бр.3371 на која е лоциран неговиот стан, а за место каде планот вече е реализиран. Пон атаму се наведува дека Советот на Општината Кичево вршел измени на ДУП со Одлуките: број 07-479/4 од 7.04.1999 година и број 7-1320/14 од 07.09.2000 година, како и со оспорената Одлука во 2001 година, што според иницијаторот значи дека секоја година се мен ува планот, а планирањето можело да се врши за период од најмалку 5 години, при што максимално требале да се почитуваат постојната состојба и изграденоста на објектите. Бидејчи според иницијаторот, со оспорената Одлука било повредено неговото право на сопственост, повреден бил принципот за владеење на правото и била извршена парцијална измена на ДУП за реализација на градежно урбанистичка парцела, предлага истата да биде поништена.
Иницијаторите Стефаноски Зоран и Илија и Попоски Горан и Драгутин во иниц ијативата наведуваат дека при донесувањето на оспорената Одлука не биле почитувани стандардите и нормативите за уредување на просторот каде било предвидено дека минималното растојание помечу објектите треба да изнесува 6 м и не била почитувана фактичката состојба на теренот. Се појаснува дека врз основа на измената на планот АД “Тајмиште” вече градел објект, без уредна документација, па како би се избегнала вече причинетата штета, предлагаат Судот да донесе решение за привремена мерка. Во појаснувањето на и ницијативата, иницијаторите прецизираат дека оспорената Одлука ги повредувала членот 14 од Законот за измени и дополнувања на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.53/2001), член 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, што сега е во сила и член 14 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот (“Службен весник на Република Македонија” бр.69/ 1999).
4. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 1 од оспорената Одлука, со Одлуката се донесуваат измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план за населбата “Ложионица” – Општина Кичево, со предлог планот изготвен од “ИН – ПУМА” – Скопје, подизвршител-проектантско биро “ЕСПЕРАНЦА – ДИЗАЈН” д.о.о.е.л. – Битола, со техн.бр. 65/5-2001 од август 2001 година, кој е составен дел на Одлуката. Во членот 2 децидно се наведува што содржи планот, а во членот 3 се регулираат прашањата за: времето на заверка на планот, начинот на заверка, како и начинот на доставување. Во член 4 е определено дека Планот че го спроведува Министерството за транспорт и врски – Подрачна единица Кичево, а членот 5 определува кому треба да се достави примерок од донесената Одлука. Во членот 6 е определно дека Одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службениот гласник на Општина Кичево”. Одлуката е донесена од Советот на Општината Кичево под број 07-1393/15 од 8.10.2001 година.
5. Исто така, Судот утврди дека Советот на Општина Кичево донел Одлука бр. 479 / 4 од 23.04.1999 година за донесување на измени и дополнување на Деталниот урбанистички план на град Кичево за населбата “Ложионица”. Помечу другата документација приложена кон наведената одлука, Советот на Општината Кичево доставува и извод од Деталниот урбанист ички план на Министерството за транспорт и врски, Подрачна единица Кичево со број 03 – 1198/2 од 18.09.2002 година. Од овој извод произлегува дека измената и дополнувањето со Одлуката од 23.04.1999 година се однесува на КП.бр.3371, на која е лоциран станот сопственост на иницијаторот Рапмо Исајлоски. Во оваа Одлука и останатата документација приложена кон неа нема конкретни податоци што укажуваат на околноста дека измената се однесува токму на оваа катастарска парцела. Меѓутоа, самиот иницијатор Рампо Исајловски во иницијативата наведува дека во 1999 година КП.бр.3371 била опфатена со измените на Планот, кое нешто го потврдува и доносителот на актот во одг оворот на иницијативата.
Советот на Општина Кичево донел Одлука бр.07-1320/14 од 07.09.2000 година, за донесување на измена и дополна на ДУП “Ложионица” – блок 14 (Одлука бр.07-479/4 од 23.04.1999 година). Од називот на оваа Одлука како и од содржината на членот 1 произлегува дека истата се повикува на претходната Одлука за измена и дополна. Инаку од целокупно приложената документација кон Одлуката од 2000 година не произлегува конкретен податок дека измената и дополната ја опфачаат КП.бр.3371, туку дека дејствијата се однесуваат за локалитетот “Ложионица” блок 14. Од друга стана иницијативата не содржи на води дека оваа парцела е предмет на измена и дополна, а доносителот на актот наведува дека со оваа Одлука не се вршени измени за КП.бр.3371.
Советот на Општина Кичево донел Програма бр.07-679/15 од 28.03.2001 година за изработка и донесување на урбанистички планови во Општината Кичево во 2001 година.
Градоначалникот на Општината издал соопштение број 08-97371 0Д 08.06.2001 година за организирање на јавна анкета за нацрт измените и дополнувањата на ДУП за повече локалитети помечу кои и населбата “Ложионица” – Кичево блокови А1-А5, во периодот 11.06.2001 до 27.06.2001.
Институтот за просторна организација на човековата средина при Архитектонскиот факултет во Скопје во месец јуни 2001 година изготвил стручна ревизија на измените и дополнувањата на ДУП, со внесување на повече забелешки.
На 05.07.2001 година даден е одговор на ревизијата.
Комисијата за изготвување на Извештај за јавната анкета по измената и дополната на ДУП за населбата “Ложионица” – Кичево, по разгледување на анкетните листови изготвила извештај бр.08-97372-6 од 23.08.2001 година. Од извештајот произлегува дека иницијаторот Поповски Драгутин, имал забелешка на измената и барал да се запази растојание од по 3 метра од заедничката страна со хотелот, но неговата забелешка не е прифатена со образложение дека се почитувани стандардите и нормативите. Останатите иницијатори нама ле забелешки во спроведената јавната анкета.
Со известување бр.08-973/3-6 од 24.08.2001 година доставена е целокупната документација до Министерството за транспорт и врски – Сектор за уредување на просторот во Скопје, заради добивање на согласност за измената и дополната на плановите.
Овој орган дал согласност под бр.13-9119 од 12.09.2001 година на Предлог изменувањето и дополнувањето на ДУП “Ложионица”.
По спроведената постапка, Советот на Општина Кичево, ја донесува оспорената Одлука под број 07-1393/15 од 08.10.2001 година.
Истиот ден Советот на Општината донел Заклучок под број 07-1392/16 за неприфачање на дел за измена и дополна на ДУП, па во точката 2 одлучил дека не се прифача измена и дополна на ДУП за населбата “Ложионица” локалитет А1, поради зачувување на градежните линии на улицата “Рудничка”, на која улица имаат место на живеење сите иницијатори. Во точката 3 определено е дека Заклучокот претставува составен дел на Одлуката за измена и дополна на ДУП.
Од страна на Советот на Општината Кичево донесена е Одлука број 07-779/8 од 10.07.2002 година со која се повлекува заклучокот број 07-1393716 од 8.10.2001. Во член 2 од Одлуката е наведено дека Заклучокот се повлекува од причина што надлежното министерство дало целосна согласност на изработениот Предлог план за измена и дополна на ДУП за населбата ” Ложионица”. Од дејството на оваа Одлука произлегува како Заклучокот да не бил донесен.
Од страна на иницијаторите се прилагаат и други докази кои ја надополнуваат фактичката состојба за периодот од донесување то на Заклучокот од 8.10.2001 година до донесувањето на Одлуката за повлекување на Заклучокот од 10.07.2002 година.
Иницијаторот Исајлоски Рампо е сопственик на стан на улицата ” Рудничка” бр.4/2 во вкупна површина од 63,52 м2 врз основа на договор за ку попродажба на недвижен имот -стан солемнизиран со ОДУ.бр.164/2000 од 31.08.2000 година.
Според копието од катастарскиот план бр.11.8/190 од 22.03.2001 година КП. бр. 3371 под објект има 2 ари и 08 м ч , а под дворно место 6 ари и 80 м ч и се води на Република Македонија, со право на користење на Рудници и железарница “Скопје” ООЗТ “Р.Тајмиште” – Кичево.
Понатаму, три месеци пред да биде донесена оспорената Одлука, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам-Одделение за инспекциски работи на регионот “Југ” – Кичево, донел решение Уп.бр. 24-706/2 од 02.07.2001 година со кое му се наредува на АД Тајмиште веднаш по приемот на решението да го урне градежниот објект, доградбата на хотелскиот објект на северната страна на улицата “Рудничка” бб во Кичево, бидејчи објектот се градел без одобрение за градење.
По повод барањето на Стефаноски Илија, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, со писмо бр.24-7724/2 од 27.07.2001 година, го известува дека донесеното решение че биде спроведено согласно програмата за извршување на извршни управни акти во што е можно пократок рок.
Од страна на Основниот суд Кичево донесено е решение И.бр.1001/2001 од 12.11.2001 година со кое се дозволува предло-женото барање на доверителите Попоски Драгутин и Стефаноски Илија за издавање на привремена мерка, па на должникот АД “Тајмиште” му се забранува да продолжи со започнатите градежни работи на доградбата ха хотелот “Кичево” во состојба како што е зетекната доградбата. Во постапката по предметот изведен е доказ со вештачење, па од содржината на вештиот наод и мислење произлегува дека доградбата не е предвидена со ДУП за населбата “Ложионица” и со самото тоа инвеститорот гради без одобрение од надлежен орган, како и тоа дека не е запазено предвиденото растојание помечу објектите.
На 25.02.2002 година, Секторот за уредување на просторот при надлежното Министерство со писмо бр.13 – 2245 до Советот на Општината Кичево го препрача барањето на Стефаноски Илија и Попоски Драгутин со прилозите, со сугестија истото да се проучи, да им се даде одговор на подносителите, а копија да се достави до овој орган.
Истиот орган со писмо бр.13-3357 од 12.03.2002 година на Градоначалникот на Општината му испрача одговор во кој помечу другото се наведува дека неможе со Заклучок да се иззема дел од измената на Планот, па во случај на констатирани превиди или отстапувања потребно е Планот да се врати во Нацрт фаза во која че се отстрани направениот пропуст.

6. Во член 8 став 1 алинеи 3 и 6 од Уставот на Република Македонија, помечу другите како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се определени: владеењето на правото и правната заштита на сопственоста.
Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/96) влезе во сила на 3 февруари 1996 година, после што се направени повече измени и дополнувања и тоа со донесување на:
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ”; бр.28/97), што влезе во сила на 28 јуни 1997 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.18/99), што влезе во сила на 8 април 1999 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.53/01), што влезе во сила на 20 јули 2001 година;
Во конкретниот случај во време на донесување на оспорената Одлука во сила била последната измена на Законот, бидејчи Одлуката е донесена на 8.10.2001 година, а Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање од 2001 година, стапил во сила на 20 јули 2001 година.
Така, според член 2 од Законот, просторното и урбанистичко, планирање е континуиран процес што се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторните и урбанистичките планови кои меѓусебно се усогласуваат. Според членот 3 од Законот, изработувањето и донесувањето на просторните и урбанистичките планови се работи од јавен интерес. Самата постапка за донесување на плановите, вклучително и на урбанистичките планови е уредена со самиот закон.
Според член 7 од Законот, во зависност од просторот што е предмет на планирање се донесува покрај другите и детален урбанистички план.
Деталниот урбанистички план, според член 11 став 1 од Законот, се донесува за одделн и делови од населените места и други подрачја за кои е донесен генерален урбанистички план. Според содржината на став 3 од оваа одредба, деталниот урбанистички план содржи синтезен графички приказ на планските решенија во границата на урбаното подрачје со билансни показатели за урбаните модули и инфраструктурата. Деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план. Во ставот 4, опрелено е, документацијата на деталниот урбанистички план за постојната состојба и проекциите претставуваат документациона основа на планот, која заедно со нацрт планот се доставува на стручна ревизија според член 19 на овој Закон.
Во член 15 од Законот, предвидено е дека за изработка на плановите од член 7 на овој закон, Владата на Република Македонија основа Јавно претпријатие кое покрај другите надлежности изработува и урбанистички планови.
Во смисла на содржината на член 16 од Законот, изработувањето на сите видови урбанистички планови се врши од правно лице овластено од министерот надлежен за работите на уредувањето на просторот, кое правно лице, според видот на урбанистичкиот план треба да има одреден број на вработени лица со лиценца за изработка на планови.
Од содржината на член 17 од Законот, која се однесува на деталните урбанистички планови произлегува дека плановите од член 7 од овој закон се изработуваат како нацрт и предлог на план, а по нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета.
Одлука за јавна анкета по нацрт деталниот урбанистички план во општината донесува градоначалникот на општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на општинската администрација (член 17 став 7).
Според член 18 од Законот, јавната анкета по деталниот у рбанистички план ја организира општината и се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 10 дена, во кој рок заинтересираните грачани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, доставуваат писмени забелешки на анкетни листови до организаторот на анкетата. За времето и местото каде че биде изложен планот задолжително се објавува соопштение во јавните гласила. Извештај за јавната анкета за деталните урбанистички планови со образложение за неприфатените забелеш-ки изработува општината (став 4).
Во смисла на член 19 од Законот, на нацртот на плановите од член 7 од овој закон, пред организирањето на стручната расправа односно јавата анкета, се врши стручна ревизија. Стручната ревизија на урбанистичките планови според програмата од членот 13 на овој закон ја врши стручна научна институција или комисија што ја определува односно формира министерот надлежен за работите за уредување на просторот.
Согласно член 20 од овој закон, измените и дополнувањата на плановите се вршат по иста постапка пропишана за нивното донесување, доколку со овој закон не е поинаку уредено. При тоа планирањето на просторот се врши за период од најмалку пет години за детален урбанистички план, во смисла на став 2 алинеја 1 од оваа одредба.
Според содржината на член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр.53/2001), на која одредба укажуваат иницијаторите Стафаноски Зоран и Попоски Горан во појаснувањето, членот 21 – а се менува и гласи:
При изработувањето на урбанистички план од членот 7, точка 2, општ акт од членот 25 и урбанистички проект од членот 32 на овој закон, задолжително се применуваат нормативи и стандарди за уредување на просторот.
Со стандардите и нормативите од став 1 на овој член се утврдуваат основите за порационално планирање, уредување и користење на просторот, создавање услови за хумано живеење и работа на грачаните.
Стандардите и нормативите од ставот 1 на овој член ги донесува министерот надлежен за работите за уредување на просторот.
Од наводите во иницијативата произлегува дека иницијаторите Стефаноски Зоран и Попоски Горан всушност сметаат дека оспорената Одлука не е во согласност со цитираниот член 21-а од Законот.
Според член 22 став 3 од Законот, општината донесува урбанистички планови од членот 7 точка 2 од овој Закон, а урбанистичките планови од ставот 3 на овој член се донесуваат по издавањето согласност на предлогот на планот од страна на урбанистичките планови според програмата од членот 13 на овој зако н ја врши стручна научна институција или комисија што ја определува односно формира министерот надлежен за работите за уредување на просторот. Стручната ревизија на урбанистичките планови според програмата на членот 14 од овој закон ја врши правно лице кое има добиено овластување од член 16 став 1 на овој закон, што го определува градоначалникот. Изработувачот на планот задолжително дава извештај за постапувањето по стручната ревизија.
Според член 22 став 6 и 7 од овој закон, урбанистичките планови можат да се спроведуваат по издавањето на согласност од Министерството надлежно за работите на урбанизмот. Плановите за кои не е издадена согласност, се сметаат дека не се донесени.
Според содржината на член 2 од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот (“Службен весник на Република Македонија” бр.69/1999 и 102/2000), кој правилник бил во сила во време на донесување на оспорената Одлука, при планирање на просторот со предвидување нови урбанистичко-архитектонски целини и во организирани населби максимално се почитува постојаната состојба, односно изградените објекти.
Според содржината на член 14 од Правилникот, во зоната за домување определена со урбанистичките планови, при планирањето на станбените објекти, минималното растојание мечу станбените објекти се определува според степенот на инсолацијата, така да се овозможи осончување на станбените делови на соседниот објект во зимскиот период, според подрачјето, односно конкретниот локалитет. При задоволување на нормативот за изолација, соседните станбени објекти односно прозорците на објектите, треба да се планираат на минимално растојание од 6 метри, односно 3 метри од границата на урбанистичката парцела. За едноставно пресметување на нормативот за инсолација на објектите односно за минимално растојание меѓу станбените објекти, во функција на реализација на одредбите од став 1 на овој член, аголот на осончувањето во зимскиот период ( 22 декември) од јужната страна изнесува 24 степени.
7. Тргнувајчи од изложената фактичка и правна состојба, како и врз основа на сета приложена документација, во постапката пред Судот произлезе дека оспорената Одлука за измена на ДУП е донесена во законски предвидена постапка, од страна на законски определени органи со запазување на сите фази на постапката за изменување и дополнување на деталниот урбанистички план, со оглед на што Судот оцени дека во постапката не се повредени владеењето на правото и правната заштита на сопственоста, како темелни вредности на уставниот поредок од член 8 став 1 алинеја 3 и 6 од Уставот. По однос на правната заштита за одбележување е и моментот што на иницијаторот Рампо Исајлоски му стојат на располагање и други правни средства за заштита на сопственоста во друга постапка. Исто така не може да се констатира ниту одземање или ограничување на сопственоста и правата што произлегуваат од неа, па по оценка на Судот нема повреда ниту на членот 30 став 3 од Уставот.
Исто така, Судот оцени дека е неоснован и наводот од иницијативата за несогласност на оспорената Одредба со членот 20 од Законот. Ова од причина што иницијаторот Рампо Исајлоски погрешно ја интерпретира содржината на оваа одредба како забрана во период од пет години да се пристапи кон измени и дополнувања на деталните урбанистички планови. Имено, според содржината на оваа одредба рокот од најмалку пет години се однесува на планирањето на просторот, а одредбите од Законот воопшто не се занимаваат со регулирање на рокови во кои може да се пристапи кон измени и дополнувања на поединечните видови планови. Од тука кон измена и дополнување на плановите може да се пристапи кога за тоа че се појави реална потреба, што претставува различно дејствие од општото планирање на просторот, на кое пак дејствие се однесува посочената одредба.
Што се однесува до наводите на иницијаторите Стефаноски Зоран и Попоски Горан дека оспорената Одлука не е во согласност со членовите 11 од Законот, Судот оцени дека со донесената Одлука не е сторена повреда на оваа одредба. Ова најнапред од причина што не е спорно во постапката дека за населеното место “Ложионица” вече е донесен генерален урбанистички план, а во членот 2 од Одлуката е наведено дека Планот помечу другото содржи и графички прилози според законските одредби, а по оценка на Судот, онака како што е предвидено во содржината на членот 11 од Законот.
Исто така, по наоѓање на Судот нема ни повреда на членот 21-а од Законот, на која одредба го темелат појаснувањето на иницијативата иницијаторите Стефаноски Зоран и Попоски Горан. Имено, на примената на оваа одредба и тоа во ставот 1 треба д а внимава изработувачот на планот со вградување на нормативите и стандардите на просторот, а такво своство нема Советот на Општината Кичево. Ова од причина што Советот на Општината само донесува годишна програма за изработка на планот, согласно член 14 став 1 од Законот, а самата изработка на плановите е доверена на Јавното претпријатие што го основа Владата на Република Македонија, според содржината на членот 15. Во ставот 2 од членот 21-а определена е целта што треба да се постигне од примената на нормативите и стандардите за уредување на просторот, а во ставот 3 е содржано овластувањето на министерот надлежен за работите за уредување на просторот да ги донесе стандардите и нормативите.
9. Тргнувајќи од содржината на член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, а по однос на наводите од иницијативите дека оспорената Одлука не е во согласност со наведените одредби од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува за мечусебната согласност на одредбите на прописите.
Имено, според содржината на споменатата одредба од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите, но не одлучува за мечусебната согласност на прописите.
Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето.
Со оглед дека, по својот правен карактер, оспорената Одлука и Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот се прописи и тоа од ист правен ранг, Судот одлучи како во точката 2 од ова решение.
10. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Н едков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.122/2002 и
У.бр.125/2002
15 јануари 2003 год.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов