Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 11 декември 2002 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 52 став 2 од Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на Република Македонија” бр.3/1997 и 23/1999) во делот “кое не е осудувано за кривични дела
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавуваето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на членот 52 став 2 од Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на Република Македонија” бр.3/1997 и 23/1999).
Од наводите во иницијативата произлегува дека оспоре-ната одредба не била во согласност со членовите: 8 став 1 алинеја 1 и 3, 9, 13 став 1, 14 став 1, 32 став 2, 51 и 54 став 1 од Уставот на Република Македонија. При тоа во иницијативата се нагласува дека во смисла на посочените уставни одредби Судот донел повеќе одлуки за укинување на слични одредби од други закони, помеѓу кои се споменува и одлуката У.бр.212/2000 од 23 мај 2001 година за укинување на членот 48 став 1 од Законот за внатрешни работи. Од овие причини се предлага поведување на постапка за оценување уставност на оспорената одредба.
4. Судот на седницата утврди дека според член 52 став 2 од Законот за извршување на санкциите, работен однос во установата може да се заснова со лице кое не е осудувано за кривични дела: против државата; против вооружените сили на Република Македонија; против животот и телото; против слободите и правата на еовекот и граѓанинот; против јавните финансии, платниот промет и стопанството; против имотот или кривично дело извршено од користољубие и нечесни побуди и против службената должност, против кое не се води кривична постапка; на кое не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност додека трае мерката и кое е здравствено и психофизичко способно за работа во установата.
5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука, согласно член 13 став 1 од Уставот.
Согласно член 101 став 2 од Кривичниот законик, правните последици можат да се предвидат само со закон.
6. Тргнувајїи од содрюината оспорената одредба од Законот за изврѓување на санкциите произлегува дека во неа се предвидуваат посебните услови за засновање на работен однос во казнено-поправните установи. Посебните услови кои треба да ги исполни лицето што конкурира за вработување можат да се поделат на: неосудуваност за кривиени дела од точно дефинирани области; да не се води кривична постапка; да не е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност, додека трае мерката и здравствена и психофизичка способност за работа во установата.
При анализата на посебните услови: неосудуваноста за кривични дела од точно дефинирани области и неводењето на кривична постапка, од аспект на уставните одредби, Судот оцени дека во овие делови оспорената одредба не е во согласност со членовите 8 став 1 алинеја 3 и 13 став 1 од Уставот.
Имено, Судот смета дека правните последици од осудата не можат да настапуваат автоматски по сила на закон, туку дека тоа може да се прави само со правосилна судска одлука, односно дека казнено – поправниот однос се исцрпува на релацијата на казнивото дело и судски изрееена казна за неговиот сторител и дека натамошни последици од неговото извршување односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изрично утврдено со Уставот.
Од друга страна посебниот услов спрема кандидатот за вработување да не се води постапка за кривично дело, доведува до состојба ова лице да се смета за виновно пред да неговата вина биде утврдена со посебна правосилна судска одлука што не е во согласност со начелото на презумпција на невиноста од членот 13 став 1 од Уставот, што воедно укажува на повреда на принципот за владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок од еленот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот .
7. Од овие причини Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
8. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.161/2001
11 декември 2002 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов