177/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 11 декември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за обучување на приправници за милиционери (“Службен весник на СРМ” бр. 44/ 74).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение. Иницијаторот наведува дека во оспорениот акт биле употребени термини кои во правниот поредок на државата не постојат како што се: републиикиот секретар за внатрешни работи, милиционери, милиција; меѓусебни односи на здружениот труд …, организација на службата за јавна безбедност …, работа на општински суд и општински судија за прекршоци, основи на Службата за државна безбедност, убаво однесување и основи на науката за општествено политиики систем и опЬтествени-економското уредува-ње на СФРЈ. Освен тоа, во Законот за внатреЬни работи (“СлуЧбен весник на РМ” бр. 19/95 и 55/97) или во друг закон не е дадено овластување дека министерот за внатреЬни работи моЧе да донесе ваков или слииен подзаконски пропис. Поради тоа, смета дека со оспорениот Правилник се повредуваат членовите 8 став 1 алинеја 3, 51, 95 став 3 и 96 од Уставот, членовите 74 и 76 од Законот за внатрешни работи, и членовите 55 став 1 и 61 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државна управа.

3. Врз основа на член 83 став 2 од Законот за внатрешни работи (“Службен весник на СРМ” бр.45/72 и 31/74), републичкиот секретар за внатрешни работи донесол Правилник за обучување на приправниците за милиционери со кој се пропишува времетраењето на приправничкиот стаж за работно место милиционер, начинот и програмата за обучување на приправниците за милиционери и програмата за завршниот испит.

Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.19/95, 55/97 и 38/02), со иие влегување во сила престанал да ваЧи претходниот Закон за внатреЬни работи, нема правен основ за донесување посебен подзаконски пропис со кој би се уредило прашањето за обучување на приправниците на полицијата.

Меѓутоа, врз основа на член 89 од Законот за работни односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93, 14/95 и 53/97) и член 5 од Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.39/94) Министерот за внатрешни работи и Македонскиот Полициски Синдикат склучиле Колективен договор на Министерството за внатрешни работи.

Со овој Колективен договор се уредуваат односно доуредуваат правата, обврските и одговорностите од работен однос на работниците вработени во Министерството за внатрешни работи и работодавецот, како и обемот и начинот на остварување на правата, обврските и другите одредби за прашањата од интерес на работниците и работодавецот, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните односи.

Во делот од овој колективен договор кој се однесува на засновање на работен однос, поконкретно во точката што се однесува на приправници од членот 14 до членот 25 се регулирани прашањата во врска со засновањето на работен однос со невработено лице како приправник, како и постапката за стручно оспособување на приправникот и полагање на приправничкиот испит.

Овие одредби од Колективниот договор се однесуваат на сите приправници воопшто во Министерството за внатрешни работи вклучувајќи го и униформираниот дел – работниците во полицијата.

Понатаму, согласно член 92 став 2 од Колективниот договор, министерот за внатрешни работи донесол Програма за дополнително стручно оспособување и усовршување на работниците во полиција бр. 192 – 37872 / 1 од 24 ноември 1998 година.

Од изнесеното произлегува дека со одредбите од Колективниот договор и со одредбите од Програмата за дополни-телно стручно оспособување и усовршување на работниците во полиција, се опфатени прашањата што биле предмет на регулирање во оспорениот Правилник.
Оттука може да се констатира дека оспорениот Правилник не престанал да важи со директна дерогација односно со донесување на нов нормативен акт со кој претходниот акт се става вон сила. Мерутоа, со склучувањето на Колективниот договор кој меѓу другото ги уредува и прашањата што беа содржина на оспорениот Правилник. Правилникот индиректно е ставен вон сила, иако тоа не е изреино нагласено.

Според информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, оспорениот Правилник се третира како акт кој престанал да важи и поради тоа не се применува во работењето на Министерството.

Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека иако не постои конкретна правна норма за престанок на важењето на оспорениот Правилник, тој индиректно престанал да важи, а неговата содржина е опфатена со одредбите на Колективниот договор.

4. Согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Со оглед на тоа што Судот оцени дека оспорениот Правилник престанал да важи, произлегува дека има процесна преика за одлучување на Судот по иницијативата, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.177/2002
11 декември 2002 год.
С к о п ј е
ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов