Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 4 декември 2002 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 18 став 1 точка 1 и член 78-а од Законот за игрите на среќа и забавните игри (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/97, 54/97, 13/01 и 2/02).
2. Јован Костовски-адвокат од Охрид на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 18 став 1 точка 1 и член 78-а од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Според наводите од иницијативата член 18 став 1 точка 1 од Законот бил во спротивност со член 55 став 1 и 2 од Уставот со кој се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото, а таа слобода е предвидена како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија во член 8 став 1 алинеја 7.
Со оспорената одредба според која лиценца за постојано приредување на игри на среќа и интерактивни игри на среќа може да се даде на трговско друѓтво кое има основна главнина од најмалку 2.500.000 евра се утврдува услов кој треба да биде исполнет без притоа да се предвиди целта поради која е предвиден тој услов.
Ако целта на законодавецот била да се обезбедат учесниците на игрите во тој случај тој услов е непотребен бидејќи обезбедувањето е извршено со депонирање на средства предвидени за таа намена согласно член 6 од Законот за игрите на среќа врз основа на кој е донесена Одлука на Владата за определување на висината на депозитот и начинот на користење.
Понатаму во иницијативата се наведува дека од анализата на член 18, 21 и 509 од Законот за трговските друштва не е допуштено со други прописи да се предвидат дополнителни услови за да можат трговските друштва да ги вршат дејностите за кои се запишани во трговскиот регистар.
Со предвидената релативно висока основна главнина трговските друштва се доведени во нерамноправна положба, така што лиценца неможат да добијат правните лица кои се со основна главнина помала од 2.500.000 евра.
Член 78-а од Законот за игри на среќа односно член 13 од измените на Законот не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, затоа што покрај надоместокот кој е предвиден за плаќање при издавање на лиценца односно одобрение се предвидува плаќање на друг надоместок во месечен износ без да се предвиди неговата природа и без да се предвиди услугата за која се плаќа надоместокот што укажува дека и тој надоместок по својата природа преставува данок на кој начин приредувачите на игри на среќа двојно се оданочуваат.
3. Судот на седницата утврди дека во член 18 став 1 точка 1 од Законот за игри на среќа и за забавни игри (“Слуюбен весник на РМ” бр.10/97) било предвидено дека “Лиценца за постојано приредување на игри на среќа може да се даде на друѓтво со ограничена одговорност или акционерско друштво. Со основна главнина од најмалку 5.000.000 ДЕМ во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Македонија и со седиште во Република Македонија”.
Во Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Слуюбен весник на РМ” бр.13/2001) односно во член 17 е предвидено дека “Во членот 18 став 1 точка 1) се менува и гласи: Лиценцата за постојано приредување на игри на среќа и интерактивни игри на среќа може да се даде на трговско друштво со седиште во Република Македонија кое има основна главнина од најмалку 2.500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија.
По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи: Трговското друштво е должно да ја одржува вредноста на основната главнина од став 1 точка 1 на овој член.
4. Според член 8 став 1 алинеја 3 и 6 и 7 од Уставот, владеењето на правото, правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Согласно член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
Со член 55 од Уставот се уредува дека Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјкети на пазарот и презема мерки против монополската положба и монопоското однесување на пазарот.
Согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот Собранието на Република Македонија донесува закон.
Според Законот за трговските друштва трговско друштво е здруюување на две или повеќе физички и правни лица кои вложуваат пари, предмети и права во имотот што го користат за заедниеко работење. Друштвото е правно лице кое самостојно трајно врши дејност заради остварување на добивка. Имотот создаден со вложување во друштовото се изразува во пари и ја претставува основната главнина на друштвото.
Со наведениот закон се уредени и прашањата кои се однесуваат на уписот и постапката на уписот на трговските друштва. Целта на уписот е да се обезбеди правна сигурност на друштвото и на сите учесници во трговскиот промет, законитост и задолжителност на уписот , јавноста на друштвото,
публицитет и друго.
Според член 440 став 3 од Законот за трговските друштва, предметот на работењето на трговското друштво се запишува во трговскиот регистар и само после тоа друштвото може да запоене да ги врши дејностите.
Меѓутоа, согласно член 443 став 2 од истиот закон, е предвидено дека ако со закон е определено дека одделни дејности од предметот на работењето на друштовото можат да ги вршат само определени форми на друштва или да можат да вршат само врз основа на согласност, дозвола или друг акт на државен орган или некоја друга институција тие дејности можат да ги вршат само друштвата кои се со закон определени, односно ако за тоа добијат согласност, дозвола или друг акт на државен орган или институција.
Од наведените законски одредби произлегува дека Законот за трговските друштва остава други закони посветени на одделни специфични дејности, да предвидат започнувањето на вршењето на некои дејности да не биде со нивното запишување во трговскиот регистар туку со добивање на согласност, дозвола или друг акт ако тоа друштво ги исполнува предвидените услови за добивање на согласност, дозвола или друго.
Со други зборови тоа значи дека Законот за трговските друштва не ги смета за неспоиви уписот на трговското друштво за приредување на игри на среќа во трговскиот регистар со Законот за трговски друштва и давањето на лиценца на трговско друштво што има основна главнина од најмногу 2.500.000 евра утврдено со Законот за игрите на среќа.
Тоа значи дека Законот за игрите на среќа и забавните игри ги определил основните потребни услови (основна главнина) што треба да ги исполни трговското друштво кое може да добие лиценца за приредување на игри на среќа.
Според тоа имајќи ги предвид наведените уставни одредби, одредбите од Законот за трговските друѓтва и содрюина на оспорениот член 18 став 1 точка 1 од Законот за игрите на среќа, Судот смета дека со пропишувањето дека лиценца за постојано приредување на игри на среќа може да добие трговско друѓтво чија основна главнина не е помалку од 2.500.000 евра не се повредуваат наведените уставни начела.
5. Судот исто така утврди дека во членот 78-а од Законот за игрите на среќа и на забавните игри односно член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игрие е предвидено дека:
“Приредувачите на посебните игри на среќа и на забавните игри според видот на играта плаќаат надоместок во месечен износ и тоа:
– за рулет маса во играчница 2000 евра,
– за други маси во играчница 1150 евра,
– за автомат за игри на среќа на која истовремено можат да уеествуваат повеќе играчи 450 евра,
– за автомат за игри на среїа на која моюе да у?ествува само еден играч 250 евра,
– за апарат за забава 10 евра.
Надоместокот од став 1 на овој член се плаќа во денари по среден курс на Народната банка на Република Македонија што се применува на денот на уплатата.
6. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е едно од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Согласно член 33 од Уставот секој е долюен да плаќ данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврдени со закон.
Со Законот за игрите на среќа и за забавните игри, донесен во 1997 година и изменуван и дополнуван во 1997, 2001 и 2002 година, се уредуваат видовите, условите, организацијата и начинот на приредување игри на среќа и забавни игри во Република Македонија. Меѓу другото, со овој закон се уредува дека игри на среќа се игрите во кои учествуваат поголем број лица и во кои на учесниците покрај забава им се дава можност да остварат добивка во пари, предмети или права, при што крајниот резултат на играта не зависи од знаењето и од умешноста на учесниците во играта (член 2 став 1 од Законот), дека игрите на среќа и забавните игри се организираат заради забава на учесниците во играта, како и за стекнување средства што се приход на Буџетот кои се користат и за финансирање на одредени годишни програми и задачи на здруженија на граѓани (член 4 став 1 и 2 од Законот), дека приредувањето на игри на среїа е право на Република Македонија, а освен правото кое че го задржи за себе, Републиката може да го пренесе на други приредувачи на игри на среќа (член 7 од Законот) и дека за приредување на игрите на среќа на приредувачот му се издава лиценца односно одобрение кои се непреносливи (член 8 од Законот). Понатаму, се уредува дека лиценците врз основа на јавен оглас ги издава Владата по предлог на министерот за финансии, за истите се плаќа надоместок и тие ги содржат правата и обврските на приредувачот на игрите на среќа. Лиценцата, според член 24 став 2 и 3 од Законот, се дава за временски период до шест години, а може да се откаюе во отказен рок од ѓест месеци, без право на враїање на уплатениот надоместок за лиценцата.
Од наведените уставни одредби јасно произлегува дека е уставно право на законодавецот со закон да ги утврдува даноците и другите јавни давачки, дека ова уставно право не е ограничено ниту во поглед на предметот на оданочување, ниту во поглед на субјектите и дека во рамките на остварувањето на ова право со закон може да се воведе одделен вид данок, да се утврди предметот на оданоеување, даночните обврзници, даночната основица и даночните стапки, да се утврди начинот и постапката на пресметување и наплатување на данокот, вклучувајќи ги и ослободувањата и другите погодности, административните обврски на даночните обврзници, присилната наплата и друго. Во тие рамки, со закон можат да се утврдат различни видови даноци и да се утврдуваат различни начини на нивно пресметување и наплатување во зависност од природата и карактерот на фактичките и правните ситуации и состојби што претставуваат основа за плаќање на данокот. Така, обврзниците за плаќање на различни даноци со оглед на различната природа на даноците што ги плаќаат се наоѓаат во различна положба, а уставното начело на еднаквост не обврзува во иста положба да се наоѓаат обврзниците на различни даноци туку само обврзниците на еден ист вид данок.
Имајќи го предвид наведеното, произлегува дека приредувачите на игри на среќа и на забавни игри плаќаат надоместок за добивање на лиценца кој претставува надоместок за отстапување на одредени права, односно продавање на правото за вршење на дејност, а надоместокот утврден во член 78-а е надоместок за правото на користење на предмети кои служат за создавање на профит, поради што Судот смета дека во конкретниов слуеај не се воспоставува обврска за двојно оданочување по ист основ, поради што оспорената одредба не е во несогласност со наведените уставни одредби.
7. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.106/2002
4 декември 2002 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов