162/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 4 декември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 3 од Законот за здруженијата на граѓани и фондациите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 31/1998).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Иницијаторот наведува дека оспорената одредба од Законот не е во согласност со член 20 став 3 и 4 од Уставот, затоа што во овие ставови а и во другите одредби од Уставот не е предвидено дека здруженијата на граѓани и фондациите не можат да вршат политиеки активности или да го користат својот имот и средства за остварување на цели на политичките партии. Напротив, според член 20 став 1 од Уставот, на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Што значи, дека во уставните одредби не е предвидено дека со закон може да се изврши поделба помеѓу здруженијата на граѓани од една страна и политичките партии, од друга страна, како што тоа се прави со оспорената законска одредба. Согласно член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Меѓутоа, со оспорената одредба не само што се ограничува вршењето на политичките активности на здруженијата на граѓани и фондациите, туку тие активности апсолутно се забрануваат, заборавајќи при тоа, дека и здруюенијата на граѓани и фондациите имаат право и должност да се интересираат за политиката и за државната власт. Без политиека активност на овие здруженија и фондации, државната власт во Република Македонија би била во рацете на тесните елити. Ако политичките партии претставуваат единствени субјекти на политичкиот плурализам тогаш државната власт претставува посед и преокупација само на политичките партии. Во такви услови, државната власт и политичкиот живот се редуцираат само на политичките партии, без можност истата да трпи позитивно или негативно влијание од здруженијата на гра?ани и фондациите.

3. Судот на седницата утврди дека според член 3 од Законот за здруженијата на граѓани и фондациите, здруженијата на граѓаните и фондациите не можат да вршат политиеки активности или да го користат својот имот и средства за остварување на цели на политичките партии. Како политичка активност во смисла на ставот 1 од овој член се подразбира директно учество во изборната кампања или собирање на средства за изборната кампања и финансирање на политичките партии.

4. Владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Во рамките на граѓанските и политички слободи и права утврдени во Уставот е и членот 20 според кој на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат. Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост. Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.

Слободата на здружувањето е едно од основните права на граѓаните гарантирано со Уставот.

Гарантирајќи ја слободата на здружувањето Уставот во членот 20 став 1 ги определил и целите на ова здружување кои можат да бидат за остварување и заштита на политичките, економските, социјалните, културните и другите права и уверувања на граѓаните.

Во ставот 2 на членот 20 од Уставот, се утврдуваат организационите облици на здружувањето на граѓаните со јасно разграничување дека граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и да основаат политички партии.

Начинот, условите и постапката за основање, регистрација, работење и престанок на здруженијата на граѓани и фондациите и на политичките партии како одвоени облици на здружување се уредени со посебни закони.

Според членот 2 став 1 од Законот за здруженијата на граѓани и фондациите, граѓаните слободно можат да се здружуваат во здруженија на граѓани и да основаат фондации заради остварување и заштита на економски, социјални, културни, научни, стручни, технички, хуманитарни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и законот.

Според членот 2 од Законот за политичките партии, политички партии се оние организирани групи на граѓани кои се залагаат за учество во власта.

Според членот 3 од овој закон, граѓаните слободно основаат политички партии со цел да ги остваруваат и заштитуваат политичките, економските, социјалните, културните и други права и уверувања на своите членови и учествуваат во процесот на донесување на политички одлуки како и да учествуваат во постапката за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија и претставници во локалната самоуправа.

И давата закони содржат одредби според кои програмите, статутите и дејствувањето на здруженијата на гра?ани и фондациите односно политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката, поттикнување или повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Врз основа на изнесеното јасно произлегува дека и според Уставот и според законите постојат два организациони облици на здружување на гра?аните кои имаат различни цели за нивното основање и дејствување, по кои се разликуваат едни од други.

Имајїи предвид дека здруюенијата на граѓаните се непартиски, невладини и непрофитни организации, основани од граѓаните заради остварување и заштита на економски, социјални, културни, научни, стручни, технички, хуманитарни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања, произлегува дека здруженијата на граѓани како правни лица не можат да вршат политиеки активности, односно, директно да учествуваат во изборните кампањи, да собираат средства за изборните кампањи или да финансираат политички партии.

Од друга страна, членовите на здруженијата на гра?ани надвор од здружението, како гра?ани можат слободно да пристапуваат кон политиеки партии и да ја искажуваат својата политиека воља. Тоа значи дека нивното политичко уверување и дејствување како граѓани не е ограничено ниту пак забрането со оспорената одредба од законот. Забраната, односно ограничувањето за вршење на политички активности важи само за здруженијата на гра?ани и фондациите како еден од облиците на здружување на гра?аните кој според целите за кои се основани се разликуваат од политичките партии.

Оттука Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на еленот 3 од Законот со член 20 и член 54 од Уставот поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.162/2002
4 декември 2002 година
С к о п ј е
ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов