Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 27 ноември 2002 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Статутот на Заедницата на инвалидски организации на Македонија, донесен од Советот на Заедницата на ивалидските организации на Македонија на 24.12.2001 година.
2. Крсто Цанев, претседател на Сојузот на инвалиди на трудот на Република Македонија, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение. Во иницијативата се наведува дека на 24.12.2001 година, Советот на Заедницата на инвалидските организации на Македонија донела измени и дополнување на Статутот од 1998 година и тоа во член 9, член 11 и член 23 спротивно на одредбите од постојниот Статут. Како пример наведува дека според членот 11 од Статутот, одлуките на Советот на Заедницата се донесуваат со консензус, а измените и дополнувањата биле донесени од Советот на Заедницата иако делегатите од Советот од Сојузот на инвалидите на трудот не го прифатиле предлогот и гласале против. Во иницијативата се наведува дека измените и дополнувањата на Советот на Заедницата се спротивни на закон и на постојниот Статут поради што се бара Судот истите да ги поништи.
3. Согласно член 110 став 1 алинеја 7 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните.
Во конкретниот случај со поднесената иницијатива се бара Судот да ја оценува согласноста на измените и дополнувањата на Статутот на Заедницата на инвалидските организации на Македонија, со Законот за здруженијата на гра?аните и фондациите, како и со одредбите на основниот Статут на Заедницата.
Со оглед на тоа што согласно членот 110 став 1 алинеја 7 од Уставот, Уставниот суд е надлежен да одлучува за уставноста на статутите на здруженијата на граѓаните, а не за нивната законитост, Судот оцени дека иницијативата треба да се отфрли.
Врз основа на член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, според кој Уставниот суд їе ја отфрли иницијативата ако не е надлеюен да одлу?ува за барањето, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.136/2002
27 ноември 2002 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов