Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 20 ноември 2002 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на
а) Член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на општина Миравци за 2002 година, донесена од Советот на општината на 30 декември 2001 година;
б) Член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на фондот за уредување на градежното земјиште, локални патишта и улици на општина Миравци за 2002 година, донесена од Советот на општината на 30 декември 2001 година.
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Буџетот на општина Миравци за 2002 година, донесен од Советот на општината на 30 декември 2001 година.
3. Сунчица Петковска градоначалник на општина Миравци на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување законитоста на актите означени во точката 1 и 2 од ова решение.Според наводите од иницијативата Буџетот на општина Миравци не бил во согласност со Законот за буџетите затоа што Советот го усвоил Буџетот на општината и покрај укажувањето и сугестиите на градонаеалникот на општината.
Понатаму во иницијативата се наведува дека член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на општина Миравци и член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на Фондот за уредување на градежно земјиште, локални патишта и улици на општина Миравци не се во согласност со член 50 став 1 точка 8 од Законот за локална самоуправа.
4. Судот на седницата утврди дека во член 6 од Одлуката за извршување на Буџет на општина Миравци е предвидено дека “Средствата предвидени во ставката 42в подставка 42в71в- други стручни услуги ќе ги извршува градоначалникот на општината по претходно добиена согласност од Совет на општина”.
Понатаму Судот утврди дека во дека во член 6 од Одлуката за извршување на Буџет на Фондот за уредување градежно земјиште, локални патишта и улици на општина Миравци е предвидено дека “Средствата во ставот 4267 подставка 426716 други стручни услуги ќе ги извршува градоначалникот на општина по претходно добиена согласност од совет на општина”.
5. Според член 50 став 1 точка 8 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/2002) градонаеалникот го извршува буџетот на општината.
Според член 4е од Законот за буџетите, буџетот на единицата на локалната самоуправа ги содржи средствата на советот, градоначалникот и управните и административни органи, како и буџетот на Фондот за комунални работи, улично осветлување и градска рента Фондот за патишта, Фондот за јавни зелени површини, Фондот за пошумување.
Од наведените одредби произлегува дека градоначалникот на единицата на локалната самоуправа го извршува буџетот на единицата на локалната самоуправа во кој влегуваат средствата на фондот за уредување на градежно земјиште и фондот за локални патишта согласно Законот за буџетите, кои фондови согласно законот како јавни служби ги основа советот.
Со оглед на тоа што во член 6 од Одлуката за извршување на буџет на општина Миравци и член 6 од Одлуката за извршување на буџет на Фондот за уредување на градежното земјиште …. е предвидено за средствата по одделни ставки односно подставки да одлучува градоначалникот по добиена согласност од советот на единицата на локална самоуправа, Судот смета дека основано може да се постави прашањето дали на овој начин не се ограничува извршната власт на градоначалникот на општината.
6. Судот исто така утврди дека на 30 декември 2001 година Советот на општината го донел буџетот на општина Миравци за 2002 година во кој според позиции се утврдени приходите и расходите на едицината на локалната самоуправа.
Во член 97 од Законот за локалната самоуправа е предвидено дека до донесување на Закон со кој їе се уредат праѓањата за финансирање на опѓтините, финансирањето на опѓтините їе продолюи да се врѓи согласно со одредбите од Законот за локалната самоуправа (“Слуюбен весник на РМ” бр.52/95) и Законот за буџетот.
Во член 65 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.52/95) е предвидено дека приходите и трошоците на единицата на локалната самоуправа се утврдуваат со буџет. Изработката, донесувањето, измените и извршувањето на буџет се уредува со статут на единицата на локалната самоуправа во согласност со закон.
Во членот 29 од наведениот закон советот на единицата на локалната самоуправа, покрај другото, донесува буџет на единицата на локалната самоуправа и завршна сметка на буџетите.
Во член 4ж од Законот за буџетите (“Службен весник на РМ” бр.79/93, 3/94, 71/96, 46/00, 11/01, 93/01 и 46/02) градонаеалникот на единицата на локалната самоуправа е одговорен за изготвување и доставување на буџетот до советот на единицата на локална самоуправа за донесување.
Од наведените законски одредби произлегува дека градоначалникот на единицата на ликална самоуправа е одговорен за изготвување и доставување на буџетот на едницата на локалната самоуправа, а советот на единицата на локалната самоуправа е органот кој одлучува дали буџет изготвен од градоначалник ќе биде усвоен така како што е предложен или ќе претрпи одредени измени.
Со оглед на тоа што во конкретниов случај предлог буџетот на единицата на локалната самоуправа е изготвен од градоначалникот на општината и доставен на советот на единицата на локалната самоуправа, при што советот го усвоил буџетот со одредени измени односно не ги прифатил забелешките и сугестиите на градоначалникот, Судот смета дека од тие причини донесениот Буџет не е во со Законот за буџетите и Законот за локална самоуправа.
7. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.71/2002
20 ноември 2002 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов