50/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 ноември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на

а) Одлука за исплата на надомест на членовите на Управниот одбор и Одборот за материјално и финансиско работење на Јавното претпријатие “Пазари”-Битола, донесена на 14.10.1998 година,

б) Член 49 од Деловникот за работа на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Пазари”- Битола, донесен на 13.10.1998 година,

в) Одлука бр.02-741/5 од 18.09.1998 година за утврдување на месечен надомест и паушал на членовите Управниот одбор и Одборот за материјално-финансиско работење на Комуналното јавно претпријатие “Нискоградба” -Битола,

г) Член 45 од Деловникот за работа на Управниот одбор на Комуналното јавно претпријатие “Нискоградба” -Битола, донесен под бр.01-759 од 25.09.1998 година,

д) Одлука бр.02-387/10 од 23.07.2001 год. за донесување паричен надоместок на членовите на Управниот Одборот на Јавното претпријатие “Комуналец”- Битола,
ѓ) Одлука бр.02-387/10 од 23.07.2001 год. за донесување паричен надоместок на членовите на Одборот за контрола на материјалното и финансиското работење на Јавното претпријатие “Комуналец”-Битола,

е) Деловник за работа на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Комуналец”-Битола, донесен под број 02-387/16 од 23.07.2001 година,

ж) Одлука бр.02-473/6 од 11.09.1998 год. за тврдување на месеиен паушал и надомест за членовите на Управниот одбор и Одборот за контрола на материјалното и финансиско работење на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Водовод”-Битола и з) Член 48 од Деловникот за работа на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Водовод”-Битола, донесен под бр.02-416/6 од 26.08.1998 година.
2. Зацевски Томислав од Битола на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение. Во иницијативата се наведува дека со оспорените Одлуки, како и со одредбите од Деловниците на Јавните претпријатија се опре-делувал надоместок од по 5.000 денари месечно за членовите на управните одбори и одборите за контрола на материјалното и финансиското работење, што не било во согласност со член 37 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/1995), член 45 од новиот Закон за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и илен 17-в од Законот за плати и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Републиката (“СлуЧбен весник на Република Македонија” бр.36/1990, 38/1991 и 23/1997). Понатаму се наведува дека од содрЧината на законските одредби произлегувало дека ваков надоместок моЧе да прима единствено градонаиалникот кој има платена изборна функција во локалната самоуправа, но не и други лица.

Инаку, иницијаторот во иницијативата и појаснувањето на иницијативата ги посочи како конкретно определени само Одлуката и одредбата од Деловникот на ЈП “Пазари”-Битола и побара од Судот да ги прибави соодветните актите на останатите претпријатија и да ја утврди нивната законитост. Во смисла на наведеното иницијаторот смета дека другите лица не би смееле да примаат надоместок според статусот, туку според посебниот ангажман и трошоците, па предложи Судот да ги укине оспорените акти.

3. Судот на седницата утврди дека според содржината на ознаиените Одлуки, на членовите на Управниот одбор и Одборот за материјално и финансиско работење во споменатите претпријатија им се утврдува месечен паушал или надоместок во висина од 5.000 денари.

Според содржината на член 49 од Деловникот за работа на Управниот одбор на ЈП “Пазари”-Битола, на членовите на Управниот одбор им следува месечен паушал во висина од (не е означен износот) денари, а истиот се исплаќа секој месец на товар на средствата на Јавното претпријатие.

Според содржината на илен 45 од Деловникот на КЈП “Нискоградба”-Битола на членовите на Управниот одбор и Одборот за контрола на материјално-финансиското работење им следува месечен паушал во висина од 5.000 денари, што се исплаќа на товар на средствата на Претпријатието.

Според содржината на одредбите од Деловникот на ЈП “Комуналец”-Битола, овој акт не се занимава со прашањето за исплата на месеиен надоместок или паушал на членовите на Управниот одбор и Одборот за материјално-финансиско работење.

Според содржината на илен 48 од Деловникот на ЈКП “Водовод” – Битола, за членовите на Управниот одбор се определува право на исплата на месечен паушал, без означување на неговата висина.

4. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд меѓу другото одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи со Уставот и законите.

Од анализата на содржината на оспорените акти Судот утврди дека истите по својот карактер не се акти што би можеле да имаат третман на пропис што ги уредува односите на јавните претпријатија со непосредните корисници на услугите.

Имено, сите оспорени одлуки, како и деловниците за своја правна основа ги имаат Статутите на поединечните Јавни претпријатија. Деловниците се донесени од страна на управните одбори на претпријатијата, а одлуките од претседателите на управните одбори. Во преодните и завршни одредби на оспорените Деловници, определено е дека истите ќе се објават на огласните табли на претпријатијата.

За одбележување е и околноста што Деловникот на ЈП “Комуналец” воопшто не се занимава со регулација на прашањето за исплата на надоместок за иленовите на органите на претпријатието, а во Деловникот на ЈП “Пазари”, правото на надоместок е определено без определување на неговата висина.

Исто така, од анализата на осопрените акти, а од аспект на правното дејство што го имаат, произлегува дека истите се од внатрешен карактер, со оглед да предвидуваат исклучиво права за членовите на органите на претпријатијата, без при тоа да се тангираат правата на поширок круг на граѓани и не се во релација со положбата на граѓаните што живеат и делуваат на територијата на Општината Битола. Од аспект на дејноста што ја обавуваат јавните претпријатија на територијата на Општината Битола, произлегува дека сите обавуваат стопанска дејност од јавен интерес, согласно член 22 став 4 од Законот за локалната самоуправа што сега е во примена.

Од сето наведено произлегува дека оспорените акти по својот карактер се акти што ја уредуваат организацијата и функционирањето на Јавните претпријатија и посебните права на членовите на нивните органи, што значи не се пропис во смисла на член 110 од Уставот, па истите не можат да бидат предмет на уставно судска оценка.

5. Согласно член 28 алинеја 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата, па врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.50/2002
13 ноември 2002 год.
С к о п ј е
мл/сд

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов