46/2001-0-0

Вовед

Судија

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на Појаснувањето на применувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи бр.07-1258/1, донесено на 8 февруари 2000 година од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за правда.

2. Македонското женско лоби од Скопје, застапувано од Теута Крашница Чучкова, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за оценување уставноста на актот означен во точката 1 на ова решение.

Појаснувањето го определува начинот на применувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи кој, како што е познато Судот го укина со Одлука У.бр.10/2001 од 12 септември 2001 година.

3. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Судот, меѓу другото, одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на уставноста и законитоста на другите прописи со Уставот и законите.

Со оглед на тоа дека оспореното појаснување не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, Судот согласно оваа уставна одредба ја отфрли иницијативата.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.46/2001
3 октомври 2001 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов