121/2001-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 септември 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 191 во делот

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.бр.121/2001 од 11 јули 2001 година, поведе постапка за оценување уставноста на член 191 во делот: “како и лицето спрема кое е извршено некое друго кривично дело против достоинството на личноста и моралот” од Законот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за согласноста на овој дел од одредбата со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

4. Судот на седницата утврди дека според член 191 од Законот за облигационите односи, право на справедлив паричен надомест поради претрпени душевни болки има лицето кое со измама, со принуда или со злоупотреба на некој однос на потчинетост или зависност, е наведено на казнива обљуба или на казниво блудно дејствие, како и лицето спрема кое е извршено некое друго кривично дело против достоинството на личноста и моралот.

5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Во Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/96 и 80/99), како посебен вид не се предвидени кривични дела против достоинството на личноста и моралот.

Тргнувајќи од наведеното, а имајќи предвид дека со оспорениот дел на одредбата се упатува на дејствија кои посебно не се инкриминирани, според мислењето на Судот, таквата одредба е неопределена и неприменлива, со која се повредува уставниот принцип за владеење на правото, поради што Судот оцени дека оспорениот дел од одредбата на член 191 од Законот за облигационите односи не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.121/2001
12 септември 2001 год.
С к о п ј е
л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов