Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 11 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/92), на седницата одржана на 27 јуни 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 79 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Службен весник на Република Македонија” 6р. 10/97, 54/97 и 13/2001) – (член 61 од измените).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценувиње уставноста на членовите 37 и 62 од законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (“Службен весник на Република Македонија” 6р.13/2001).
3. Трговското друштво “Лаки 7” – Рафет, Киро и други Д.О.О. експорт-импорт од Скопје, застапувано од Драган Поповски, адвокат од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на членовите 37, 61 и 62 од Законот означен во точката 2 од ова решение, а Димитар Савовски, адвокат од Скопје поднесе иницијатива за оценување уставноста
на членовите 61 и 62 од истиот закон.Подносителот на првата иницијатива, врз основа на условите утврдени со Законот за игрите на среќа и за забавните игри, добил една лиценца за приредување на посебни игри на среќа во играчница – казино. Лиценцата била со рок на важење од 6 години, а е добиена во ноември 1998 година. Со оспорената одредба на член 37 од Законот, се бришеле ставовите 3 и 4 на член 42 од Законот, со кои бил ограничен бројот на лиценци за организирање играчница, со што всушност се менувала положбата на пазарот на субјектите кои веќе претходно добиле лиценци и се намалувале нивните права стекнати врз основа на вложениот капитал, а со оспорените членови 61 и 62 од Законот, драстично се зголемувал паушалот и обврските на приредувачите на игри на среќа и на забавни игри, што, исто така, ја менувала и влошувала положбата на постојните приредувачи на тие игри, што не било во согласност со член 8 став 2 алинеја 3, 6 и 11 и член 59 став 2 од Уставот.Според наводите на подносителот на втората иницијатива, оспорените одредби содржеле обврска за двојнооданочување на приредувачите на посебните игри на среќа. Имено, тие биле задолжени покрај плаќањето на надоместок во месечен износ за одделни видови на игри, да плаќаат и посеона давачка во висина од 15% за секоја игра одделно, што претставувало плаќање на два данока за иста основица, што не било случај со вршителите на другите дејности. Покрај тоа. одредбите не биле во согласност со принципот на владеење на правото, слободата на пазарот и претприемништвото и еднаквата правна положба на субјектите на пазарот.
4. Судот на седницата утврди дека според оспорениот член 37 од Законот, обврската од 100.000 ДЕМ како најмал износ за формирање на фондот нарезерви се зголемува на 100.000 Евра, како нов услов е утврдена обврската да се обезбеди контролен систем со детектор за спречување на влез на вооружени лица и се бришат ставовите 3 и 4 на член 42 од Законот, со кои беше уредено дека вкупно можат да се издадат пет лиценци за приредување на посебни игри на среќп во играчница, а ако се издадени толку лиценци, ограничувањето не се однесува за доделување лиценца за приредување на посебни игри на среќа во играчница во хотел со “пет” ѕвездички. под услови утврдени со овој закон.Според член 79 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (член 61 од измените на Законот). приредувачите на посебни игри на среќа и на забавните игри плаќаат и надоместок во месечен износ. Месечниот паушален износ во одделни видови на игри што се приредуваат на маса, автомати и апарати ќе изнесува:- за рулет маса во играчница 1.750 евра;- за други маси во играчница 1.000 евра;- за автомат за игри на среќа на кој може да учествува
само еден играч 220 евра; – за автомат за игри на среќа на кој истовремено
можат да учествуваат повеќе играчи 400 евра и – за апарат за забава 15 евра. Според став 3 од овој член, месечниот паушален износ од став 2 на овој член се плаќа во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија што се применува на денот на уплата, а според став 4 од овој член, платените износи се признаваат како расходСо оспорениот член 62 од Законот. се додава нсш член 79″а со кој се уредува дека приредувачите на игри на среќа и на забавни игри се должни да плаќаат посебна давачка во висина од 15%, за секоја игра одделно на посебна уплатна сметка наРепублика Македонија и се уредува начинот на пресметување и плаќање на давачката.
5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.Согласно член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.Со Законот за игрите на среќа и за забавните игри. донесен во 1997 година и изменуван и дополнуван во 1997 и 200! година, се уредуваат видовите, условите, организацијата и начинот на приредување игри на среќа и забавни игри во Република Македонија. Меѓу другото. со овој закон се уредува дека игри на среќа се игрите во кои учествуваат поголем број лица и во кои на учесниците покрај забава им се дава можност да остварат добивка во пари, предмети или права, при што крајниот резултат на играта не зависи од знаењето и од умешноста на учесниците во играта (член 2 став 1 од Законот), дека игрите на среќа и забавните игри се организираат заради забава на учесниците во играта, како и за стекнување средства што се проход на Буџетот кои се користат и за финансирање на одредени годишни програми и задачи на здруженија на граѓани (член 4 став1 и 2 од Законот), дека приредувањето на игри на среќа е право на Република Македонија, а освен правото кое ќе го задржи за себе, Републиката може да го пренесе на други приредувачи на игри на среќа (член 7 од Законот) и дека за приредување на
игрите на среќа на приредувачот му се издава лиценца односно одобрение кои се непреносливи (член 8 од Законот). Понатаму, се уредува дека лиценците врз основа на јавен оглас ги издава Владата по предлог на министерот за финансии, за истите се
плаќа надоместок и тие ги содржат правата и обврските на приредувачот на игрите на среќа. Лиценцата. според член 24 став 2 и 3 од Законот, се дава за временски период до шест години, а може да се откаже во отказен рок од шест месеци, без право на
враќање на уплатениот надоместок за лиценцата.Од наведените уставни и законски одредби јасно произлегува дека е уставно право на законодавецот со закон да ги утврдува даноците и другите јавни давачки, дека ова уставно право не е ограничено ниту во логлед на лредметот на оданочување, ниту во логлед на субјектите и дека во рамките на остварувањето на ова право со закон може да се воведе оддолен вид данок, да се утврди предметот на оданочување, даночните обврзници, даночната основица и даночните стапки, да се утврди начинот и постапката на пресметување и наплатување наданокот, вклучувајќи ги и ослободувањата и другите погодности, административните обврски на даночните обврзници, присилната наплата и друго. Во тие рамки, со закон можат да се утврдгп различни видови даноци и да се утврдуваат различни начини на нивно пресметување и наплатување во зависност од природата и карактерот на фактичките и правните ситуации и состојои што претставуваат основа за плаќање на данокот. Така, обврзниците за плаќање на различни даноци со оглед на различната природа на даноците што ги плаќаат се наоѓаат во различна положба, а уставното начело на еднаквост не обврзува во иста положба да се наоѓаат обврзниците на различни даноци туку само обврзниците на еден ист вид данок.Во конкретниот случај, според мислењето на Судот, приредувачите на посебни игри на среќа и на забавните игри. покрај плаќањето на лиценца и на посебна давачка во висина од 15% за секоја игра одделно, со оспорената одредба на член 61 од Законот, се задолжуваат да плаќаат и надоместок во месечен износ за одделни видови на игри (месечен паушал) што претставува двојно оданочување. Имено, законодавецот со член 79 од Законот ја утврдил обврската за плаќање на надоместокот одредувајќи ја и неговата висина, која со член 61 од измените на Законот ја зголемува. притоа не е определена неговата природа, ниту, пак, е утврдена услугата за која се плаќа надоместокот, што води до заклучок дека месечениот паушал како надоместок. законодавецот го третира како данок. Тргнувајќи од тоа, а имајќи предвид дека обврската востановена со член 79-а односно член 62 од измените на Законот како посебна давачка во висина од 15%, претставува данок, тогаш, очигледно приредувачите на посебните игри на среќа по ист основ двојно се однаочуваат.Врз основа на наведеното, според мислењето на Судот, со член 79 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри се востановува обврска за двојно оданочување со што се повредува принципот на владеење на правото, поради што пред Судот се постави прашањето за согласноста на таа одредба од Законот со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.6. Според член 8 став 2 алинеја 3, 6 и 11 од Уставот. владеењето на правото, правната заштита на сопственоста и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.Согласно член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.Со член 55 став 2 од Уставот се уредува дека Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.Според член 59 став 1 од Уставот, на странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката, а според став 2 на овој член од Уставот, правата стекнати врз основа на вложениот капитал не може да се намалуваат со закон или со друг пропис.Тргнувајќи од содржината на наведените уставни одредби, а имајќи ја предвид содржината на оспорените одредои на членовите 37 и 62 од Законот и причините за нивното оспорување наведени од подносителите на иницијативите, според мислењето на Судот, оспорената одредба на член 42 од Законот, односно член 37 од измените не може да се стави во корелација со член 59 од Уставот. Имено, оваа одредба од Устапот ги гарантира правата на странските вложувачи, при што утврдува дека правата стекнати врз основа на вложениот капитал на странскиот вложувач не може да се намалуваат со закон или со друг пропис. Очигледно дека оваа уставна одредба се односува на странските, а не и на домашните правни лица и таа не може да биде потпора на барањето на подносителот на иницијативата за оценување на уставноста на оспорената одредба од аспект на причините за нејзиното оспорување. Покрај тоа, со оспорената одредба се доведуваат во рамноправна положба приредувачите на игрите на среќа во хотел со “пет и четири ѕвездички” и играчница при аплицирањето на лиценци и се изОегнува монополската положба на лицата кои добиле лиценца за организирање на играчница што е во согласност со член 55 стгш 2 од Уставот. Од друга страна. доколку во примената на Законот, на одделен приредувач на игри на среќа му е причинета штета со издавањето на повеќе лиценци, е прашање на конкретен облигационен однос кој произлегува од конкретно издадена лиценца, која може да се откаже и во соодветна постапка да се бара надомест на евентуална штета.Во однос на оспорената одредба на член 62 од Законот, со која се додава нов член 79″а според кој е утврдена обврска приредувачите на игри на среќа и на забавни игри да плаќаат посебна давачка во висина од 15% за секоја игра одделно, за одбележување е дека овој вид на давачка и не е некоја посебна новина, имајќи предвид дека во ист процент се плаќаше и според член 60 од стариот Закон за игрите на срска и за забавните игри донесен во 1987 година. Во меѓувреме, со донесувањето на Законот за игрите на среќа и за забавните игри од 1997 година, таквата давачка не беше утврдена заприредувачите на таквите игри, бидејќи тие заклучно со 31 март 2000 година беа во обврска да плаќаат данок на промет на услуги по стапка од 13% во согласност со Законот за данок на промет нп производи и услуги кој престана да важи од денот на стапување во сила на Законот за данок на додадена вредност. Со овој закон приредувачите на игри на среќа и забавни игри не се обврзници на данокот на додадена вредност, поради што со оспорената одредба од Законот, повторно е востановена посебна давачка која претходно била укината и таа се плаќа на остварениот приход ло издвојување на износот на добивките во висина од 15%.Тргнувајќи од напред наведеното, не 6и можело да се оспорува правото на законодавецот да ги утврдува јавните давачки, па во тие рамки да утврди и посебна давачка за приредувачите на игри на среќа и на забавни игри како што е уредено со член 79″а од Законот.Поаѓајќи од причините за оспорување наведени во предметните иницијативи, според мислењето на Судот, оспорените одредби на членовите 37 и 62 од Законот се но рамките на уставните иигеренции на Републиката со закон да ги уреди тие прашања и со нив не се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок и се во согласност со одредбите на членовите 33 и 55 став 2 од Уставот, поради што не се постави прашањето за нивната согласност со напред наведените одредби од Уставот.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов исудиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески. Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски. д-р Милан Недков, д-р Јован Просвски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.6р.53/2001
27 јуни 2001 година
С к о п ј е