Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен В. весник на Република Македонија” бр. 70/92) по јавната расправа одржана на 10 мај и седницата од 30 мај 2001 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1.СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за донесување Урбанистичка документација за село Враништа – населено место на општина Струга во дел.от на зонирањето на атарот на село Враништа од левата страна на регионалниот пат П-418 за објекти од мало
стопанство: мотел со придружни објекти, млин и пекара со придружни објекти и објекти на дрвна индустрија, донесена од Советот на општината Струга на 14 јули 1999 година.
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА решението за запирање од извршување на поединечните акти или дејствија донесени, односно преземени врз основа на одлуката означена во точката 1 на оваа одлука.
3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
4. Уставниот суд на Република Македонија, по поднесена иницијатива од Слободан Димитров – адвокат, како застапник на 210 граѓани од село Враништа, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 на оваа
одлука, затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со член 115 од Уставот на Република Македонија и член 12 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
5. Судот на јавната расправа и на седницата утврди дека членот 1 од Одлуката предвидува донесување на урбанистичка документација за село Враништа – населено место на општина Струга. Согласно членот 2 од Одлуката, урбанистичката документација содржи: текстуален дел (книга), графички дел и образложение за стручната расправа и јавната акнета.Според членот 3 од Одлуката образложението за стручната расправа и јавната анкета. изготвена од општинската служба надлежна за работите на урбанизмот, е составен дел на Одлуката. Членот 4 од Одлуката предвидува Урбанистичката документација да ја спроведува Министерството за урбанизам и градежништво П.Е. – Струга по добивањето согласност за спроведување на Планот од Минситерството за урбанизам и градежништво – Скопје. Согласно членот 5 од Одлуката, урбанистичката документација се заверува со печат на Советот на општина Струга и потпис на претседавачот на советот на општина Струга.Членот 6 од Одлуката предвидува истата да влезе во сила со денот на објавувањето во “Службен гласник на општина Струга”.Исто така, Судот утврди дека во февруари 1999 година, Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови Скопје- Подружница Охрид, изготвило нацрт-Урбанистичка документација за с.Враништа, населено место – Струга: на 23 март 1999 година градоначалникот на општина Струга. преку срдствата за јавно информирање, објавил соопштение за спроведување на јавна анкета за утврдување нацрт-урбанистичката документација за с.Враништа – населено место во општина Струга; јавната анкета траела од 24 март до 7 април 1999 година. односно Нацрт-урбанситичката документација за с.Враништа била 15 дена истакната на видно место во селото и во зградата на локалната самоуправа на оштина Струга; заинтересирантие граѓани и правни лица. додека траела јавната анкета, преку анкетни листови, доставувале забелешки до организа- торот на анкетата; изработувачот на Нацрт – урбанистичката документација за с.Враништа обезбедил присуство на стручни лица кои, во тој период од 15 дена, секој петок од 18,00 до 19,00 часот давале стручни појаснувања; во Нацрт – урбанистичката документација која била предмет на јавната расправа и по која граѓаните пополнувале анкетни листови не била вцртана ниту мотел со придружни објекти, ниту млин и пекара со придружни објекти и објекти на дрвна индустрија.По завршувањето на јавната анкета, стручната комисија која била формирана со задача да ги согледа забелешките, изготвила Извештај од јавната анкета од кој се гледа дека сите забелешки од граѓаните на с.Враништа биле усвоени, со исклучок назабелешката на тогашниот претседател на мссната заедница која сс однесувала на отворање сервисни улици и пристапи до поедини објекти, при што било заклучено истите да се решат со Деталниот урбанистички план.На 26 мај 1999 година, според Извешатајот, Нацрт- урбанистичката документација е доставена на усвојување на првата седнциа на Советот на општина Струга. а на 14 јули 1999 година, градоначалникот на општина Струга со Известување за постапување по Извештајот од спроведената стручна расправа по Нацрт- урбанистичката документација, констатирал дека со сите овие извршени корекции нацрт-урбанистичката документација, станува Предлог урбанистика документација и оди на усвојување пред Советот на општина Струга; на 14 Јули 1999 година Советот на општина Струга ја донел оспорената Одлука за донесување Урбанистичка документација под бр.07-382 7 и на 6 септември 1999 година, Министерството за урбанизам и градежништво – Сектор за планирање на просторот, дало Согласност за спроведување на Урбанистичката документација за населеното место Враништа, општина Струга. Со тоа дефинитивно завршила постапката во врска со донесувањето и спроведувањето на урбанистичката документација во село Враништа – населено место Струга.Меѓутоа, од увидот во истата. Судот утврди дека во конечното урбанистичко решение, односно во Графичкиот приказ се вцртани објекти од мало стопанство: мотел со придружни објекти, млин и пекара со придружни објекти и објекти на дрвна индустрија кои, како такви, не биле предвидени во нацрт-документацијата и по кои не било расправано.6. Согласно член 8 алинеја 10 од Уставот на Република Македонија, една од темелните вредности на уставниот поредок на Републиката е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата.Согласно член 115 став 1 од Уставот, во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено од областите на урбанизмот. комуналните дејности и сл.Согласно член 7 став 1 точка 2 алинеја 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во зависност од просторот, кој е предмет на планирање, како еден вид урбанситички план, седонесува урбанистичка документација за населено место во општината. Согласно член 12 од Законот, урбанистичката документација се донесува за населено место во општината кое е од селски карактер.Согласно член 17 став 3 од Законот по нацртот на урбанистичкиот план и урбанистичката документација за населено место во општината, се спроведува јавна анкета.Членот 17 став 5 од Законот предвидува стручната расправа и јавната анкета по урбанистичката документација за населено место во општината да ги организира општината, односно Градот Скопје. Согласно чл9н 18 став 4 од Законот извештај за стручната расправа и јавната анекта по урбанистичката документација, со образлождние за неприфатените забелешки (кое е составен дел на документацијата на планот) изработува општината, односно градот Скопје.Согласно член 22 став 5 од Законот општината, меѓу другото, донесува урбанистичка документација за населено место за подрачјето на општината, а согласно ставот 6 на овој член од Законот урбанистичката документација може да се спроведува по издавање на согласност од Министерството надлежно за работите на урбанизмот. Урбанистичката документација. за која не е издадена ваква согласност, согласно став 6 на овој член од Законот, се смета дека не е донесена.Согласно чл9н 23 став 1 од Законот, со овој видсогласност се потврдува Д9ка планот е донесен согласно соодредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој
закон.Од наведените законски одредби произлегува дека Урбанистичка документција претставува еден вид урбанистички план кој се донесува за населено место во општината. (Во случајов за с.Враништа – населено место во општина Струга); дека јавната анкета по нацрт-урбанистичката документација ја организира општината, која потоа подготвува Извештај со образложение за неприфатените забелешки и дека согласноста за спроведувањето наурбанистичката документација, издадона од Министерстпото за урбанизам е задолжителен услов.Од изнесеното произлегува дека завршно со јавната анкета постапката при донесувањето на урбанистичката документација се одвивала согласно Законот за просторното и урбанситичкото планирање.Меѓутоа, неспорно е дека (по завршување на постапката во врска со донесувањето на урбанистичката документација), е извршено вцртување на мотелот со придружните објекти, млинот и пекарата со придружните објекти и објекти сд дрвна индустрија во графичкиот дел на урбанистичката документација, со што всушност се врши измена на урбанистичкиот план (во случајов урбанистичка документација), независно дали оваа измена ќе се оквалификува како измена од помал или поголем обем. затоа што Законот познава само измена на урбанистичкиот план која се врши по истата постапка пропишана за неговото донесување.Според Судот. во случајов тоа значи дека на јавната анкета требало да се информираат граганите за ваквата измена на планот односно урбанистичката документација, која требала да биде вцртана и во нацрт-урбанистичката документација за село Враништа а која била изложена без овие содржини.Имено, ако се има предвид дека урбанистичката документација содржи особено: намена на површините со граници на опфатот, основна сообраќајна мрежа и дуга инфраструктура, услови и режим за градба (член 12 став 2 од Законот), при спроведувањето на јавната анкета, организаторот на истата бил должен да ги запознае присутните граѓани за внесување во нацрт-документацијата на новите содржини (мотел со придружни објекти, млин и пекара со придружни објекти и објекти од дрвна индустрија) и по истите граѓаните од с.Враништа требало да се произнесат.Со оглед на тоа што во случајов граѓаните што учествувале во јавната анкета по нацрт-документацијата не Оило запознаени со овие содржини и по истите не се произнеле, Судот утврди дека оспорената одлука во делот што се однесува на зонирањето на атарот во с. Враништа. односно од левата страна на регионалниот пат П-418 (во патниот правец Струга-Дебар) означени како објекти од мало стопанство: мотел со придружни објекти, млин и пекара со придружни објекти и објекти на дрвна индустрија е несогласна со Устав и со закон.
7. Судот го укина решението за замираи.о на поединечните акти или дејствија донесени. односно преземени врз основа на Одлуката, како безпредметно.
8. Врз основа на изнесеното. Судот одлучи како во точка 1 и 2 од оваа одлука.
9. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски. Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У. бр. 189/2000
У. бр. 213/2000
30 мај 2001 година
С к о п ј е