230/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на

О Д Л У К А

Текст

1.СЕ УКИНУВА Правилникот за материјална одговорност
во Министерството за одбрана, донесен од министерот за одбрана на
21.02.1997 година.
2.Оваа одлука произведува правно дејство со денот на
објавување во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Стамен Филипов од Скопје со рошение У.бр.230/2000 од 21 март 2001 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што тој не бил во согласност со членовите 32 став 5, 91 алинеја 5 и 96 од Уставот, член 160 од Законот за органите на управата односно член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа како и со член 4 став 2 од Законот за работни односи.
4. Судот на седницата утврди дека со оспорениот правилник во согласност со законот и колективниот договор се уредуваат односно доуредуваат прашањата што се однесуваат на материјалната одговорност на работниците во Министерството за одбрана, воените старешни, војниците по договор и граѓанските лица во постојаниот состав на Армијата на Република Македонија, постапката и надлежноста за утврдување на материјалната одговорност. Имено, Судот утврди дека во член 3 од Правилникот е предвидено дека работникот кој по своја вина ќе предизвика штета на средствата на Република Македонија Министерството за одбрана во работата односно во врска со работењето должен е штетата да ја надомети. Ако штетата ја предизвикале повеќе работници секој работник е одговорен за штетата што ја предизвикал. Ако за секој работник не може да се утврди делот од штетата што ја предизвикал се смета дека сите работници се подеднакво одговорни, а акоповеќе работници предизвикале штета со кривично дело со умисла. за штетата одговараат солидарно (член 98 од Законот за раоотни односи). Во член 5 од Правилникот е предвидено дека ако работникот во работата или во врска со работата намерно или со крајно невниманеие предизвикал штета на поединци или правни лица, а штетата ја надомести Министерството, против работникот ќе се покрене постапка за надомесет на извршената – исплата (член 103 од Законот за работни односи). Понатаму, во членовите 6, 7, 8 е уредено прашање за тоа што претставува основа за утврдување на висината на штетата во време на донесување на решението за надоместок на штетата, формирањето на стручна комисија ако висината на штетата не може да се утврди според ценовникот што е донесен од работодавецот (член 99 од Законот за раоотните односи). Во член 9 од Правилникот се предвиени случаите кога работникот кој е одговорен за предизвиканата штета може да биде делумно или во целост ослободен од обврската за надомест на штета (член 102 од Законот за работни односи).Во членовите 10, 11 и 12 од Правилникот е предвидено кој ја спроведува претходната постапка, (непосредниот раководител) составувањето на записник за извршеното сослушување на работникот кој го пријавил постоењето на штетата, сослушување на сведоци и спроведување на дејствија кои не трпат одлагање.Во членовите 13 и 14 е уредено прашањето дека по спроведената постапка овластеното лице од член 10 поднесува пријава за одлучување за одговорност и за висината на надомест на штета во рок од 8 дена од денот на дознавањето на предизвиканата штета со податоци кои се однесуваат на видот на штетата, виоината на штетата, начинот на кој е сторена, времето и местото на сторување, податоци за лицето односно лицата за кои постои основано сомненение дека ја сториле штетата.Во членовите 15, 16 и 17 од Правилникот утврдени се овластените лица (воените старешини и други овластени работници) кои се должни во рок од 5 дена од денот на дознавањето или пријавувањето на штетата да поведат постапка за утврдување на одговорност за надомест на штетата на средствата на Министерството. Понатаму, во член 18 е предвидено дека во постапката за утврдување на одговорност, овластените лица формираат комисија од три члена за спроведување на постапка.Во член 19 е предвидено дека постапката за утврдување на одговорност се поведува со решение за поведување постапка за утврдување на материјалната одговорност и утврдени се елементите што треба да ги содржи решението.Во членовите 21, 22, 23, 24, 25 и 26 е утврдено кои дејствија ги презема комисијата за утврдување на одговорот за надомест на штета, изработување на нацрт-решение на надомест на штета или нацрт-решение за запирање на постапката и заедно со сите списи ги доставува до овластеното лице.Во член 28 и 29 е утврдено кој го изработува предлог решението за надомест на штета ако висината на предизвиканата штета изнесува до 20% од просечната плата и над 20%. Во членот 31 од Правилникот е предвидено во кои случаи и во кој рок може да има дополнување на постапката заради изработување на предлог решение за надомест на штета.Во член 33 се утврдени случаите кога овластеното лице ќе ја запре постапката . Во член 34 од Правилникот е предвидено дека против решението за надомест на штетата работникот има право на приговор до министерот во рок од 15 дена од денот на приемот на решението (во член 100 од Законот за работни односи рокот за приговор против одлуката за надомест на штета е 8 дена).Во член 36 е утврдено како може да одлучи министерот по повод на приговорот. Во член 37 е предвидено дека ако работникот во рок од три месеци не ја надомести штетата утврдена со решение за надомест на штета овластеното лице веднаш го доставува целокупниот предмет до Секторот за кадровски прашања за поведување на постапка за надомест на штета пред надлежниот суд (член 101 од ЗРО).Ако работникот претрпи штета на работното мсч:к> но врска со работата, Министерството е должно да му ја надомости штетата. За надомест на штета во смисла на став 1 на овој член министерот одлучува според општите начела за одговорност за штетата. Ако во рок од 15 дена од конечноста на одлуката на министерот, работникот и министерот не се согласат за надомест на штата работникот има право да бара надомест на штета пред надлежниот суд (член 104 од ЗРО).
5.Во член 32 став 5 од Уставот на РопуОлика Македонија е предвидено дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колекитвни договори.
6.Законот за работните односи (“Службен весник на РМ”
бр.80/93, 3/94, 14/95, 53/97 и 21/98) во членовите 98, 99, 100, 101. 102,
103 и 104 ги утврдил основите за одговорност за направената штета
од страна на работникот во работата или во врска со работата,
штетата да ја направил по своја вина, штетата да е предизвиката на
работодавецот и да постои причинска врска помеѓу дејстието на
работникот и настанатата штета, правото на приговор и рокот во кој
се поднесува приговорот. Исто така, законот ги утврдил и основите
на материјалната одговорност на работодавецот кога работник ќе
претрпи штета на работа или во врска со работата.
7.Прашањето за материјалната одговорност на работниците во државните органи, јавните служби, јавните претпријатија… и други правни лица кои вршат нестопански дејности е регулирано со член 66 од Општиот колективен договор за јавните
служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на
локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска
дејност (“Службен весник на РМ” бр.39/94 и 47/00) и со членовите 90,
91, 92 и 93 од Колективниот договор за државните, правосудните и
органите на локалната самоуправа на Република Македонија
(“Службен весник на РМ” бр.53/95 и 11/98).
8.Од наведените одредби произлегува дека согласно
член 32 став 5 од Уставот, прашањето за материјална одговорност
на работникот е уредено со закон и со колективен договор Имено
Законот за работните односи ги утврдил основите за одговорност за
направената штета при што согласно Уставот и законот, работодавецот може само со колективен договор да ги доуреди прашањата во врска со материјалната одговорност.Со оглед на тоа што во конкретниов случај министерот за одб рана наместо со колективен договор со оспорениот правилник, ги доуредил прашањата во врска со материјалната одговорност на работникот Судот оцени дека тој не е во согласност со Уставот.
9.Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
10.Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови
во состав од судијата Олга Лазова во својство на заменик
претседател и судиите д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исл>ами, д-р
Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков. д-р
Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.230/2000
23 мај 2001 год.
С к о п ј е