У.бр.130/2000

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен восник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 16 мај 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од Месната заедница “Вардар” УЕ.бр.бб-Скопје, донесена од Советот на општина Кисела Вода на 11 јули 2000 година.

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Решението за оформување на градежна парцела, донесено од Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи – Одделение во Општина Кисела Вода, донесено на 17 април 1997 година.

3. Атанас Ристески од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 и 2 од ова решение.

Според наводите од иницијативата со Деталниот урбанистички план донесен од Советот на град Скопје од 29 јуни 1990 година на Ул. Петар Ацев 6р.19 било предвидено изградба на двокуќа на една КП 13924/12. Подоцна со измените на планот катастарската парцела е поделена на две дефинирани посебни урбанистички парцели.Понатаму во иницијативата се наведува дека оспореното решение е донесено врз основа на урбанистички план за кој не е спроведена постапка.

4. Судот на седницата утврди дека за просторот што ја зафаќа посочената КП.13924/12 на која се наоѓа објектот на ул.Петар Ацев во населба Вардар донесен е Детален урбанистички план со Одлука 6р.08-2044/1 од 29 јуни 1990 година каде објектот е предвиден за градба на двокуќа во една урбанистичка целина.

За истиот локалитет односно населба Вардар со Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за Деталниот урбанистички план за деп од Месна заедница Вардар бр.07-125/1 од 11 јули 2000 година предметниот објект се задржува како двокуќа но катастарската парцела се дели на две дефинирани посебни урбанистички парцели.Во врска со постапката за донесување на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за дел од МЗ “Вардар” Судот утврди дока согласно Законот за локална самоуправа, главниот архитект на град Скопје по поднесено барање од градоначалникот на општина Кисела Вода покренал иницијатива за постапка за измена и дополнување на деталниот урбанистички план за просторот на МЗ “Вардар”; од 24 мај 1999 година.

На 18 април 2000 година Институтот за просторно планирање, урбанизам, сообраќај и екологија “ИН ПУМА” Скопје изготвил извештај за извршената стручна ревизија на Деталниот урбанистички план за дел од МЗ “Вардар” по нацрт планот, кој план го изработил АД за урбанизам, проектирање и инжинеринг “ЗУМ” Скопје.

На 24 април 2000 година по барање на Советот на општина Кисела Вода, главниот архитект на град Скопје дал стручно мислење на нацрт планот за дел од МЗ “Вардар” урбана единица бр.66 Скопје.

На 25 април 2000 година АД за урбанизам, проектирање и инжинеринг “ЗУМ” од Скопје како изготвувач на нацрт планот до Советот на општина Кисела Вода доставил одговор на забелешките по ревизијата.Подоцна Советот на општина Кисела Вода согласно член 18 од Законот за просторно и урбанистичко планирање објавил соопштение (не може да се утврди кога е доносоно соопштението) за организирање на јавна анкета на нацрт одлуката за изменување и дополнување на одредбите за спроведување на ДУП за МЗ “Вардар” Урбана единица бр.66- Скопје. Јавната анкета на нацрт одлуката за изменување и дополнување на одредбите за спроведување на ДУП ќе се спроведе со излагање на нацрт одлуката во просториите на МЗ “Вардар”.

Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на соопштението.Врз основа на наведеното соопштение кое не е датирано изготвено е посебно соопштение за организирање на јавна анкета по нацрт одлуката за изменување и дополнување на одлуката за донесување на детален урбанистички план за дел од МЗ “Вардар” со нацрт план.

Јавната анкета по нацрт планот ќе се спроведе со излагање на планот во МЗ “Вардар” (Мичурин). Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица доставуваат писменизабелешки на анкетните листови. На ова соопштение стои дата од 24 јуни 2000 година.Од извештајот на Комисијата за спроведување на јавната анкета на нацрт планот утврдивме дека јавната анкета е спроведена од 24 јуни до 8 јули 2000 година и по доставените приговори од страна на граѓаните на анкетините листови Комисијата подготвила одговори.

На 10 јули 2000 година градоначалникот на општина Кисела Вода изготвил извештај дека изготвувачот на планот “ЗУМ” од Скопје посталил по забелешките од јавната анкета и ги вградил позитивните одговори во предлог планот.

На 11 јули 2000 година Советот на општина Кисела Вода ја донел Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дсл од месната заедница “Вардар” Урбана единица бр.66 – Скопје.Со измените на планот покрај другото опфатена и ул. “Петар Ацев” каде се наоѓа спорната КП.13924/12.По донесување на одлуката а по барање на Советот на општина Кисела Вода Министерството за урбанизам и градежништво на 18 јули 2000 година дало согласност за спроведување на измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за дел од МЗ “Вардар” Урбана единица Ор.66 Кисела Вода.

Од утврдената фактичка состојба може да се констатира дека нацрт планот како почеток на постапката за донесување на оспорената одлука не е утврдена од Советот на општината.

5. Според член 22 став 5 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РепуОлика Македонија” бр.4/96 – влегол во сила на 2 февруари 1996, 6р. 28/97 и 18/99) општината од подрачјето на град Скопје донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населено место за подрачјето на општината.

Согласно член 17 од Законот плановите од член 7 на овој Закон се изработуваат како нацрт и предлог план, а според став 3 по нацртот се спроведува јавна анкета.

Од изнесеното произлегува дека постапката за донесување на плановите започнува со донесување акт на надлежниот орган. Со оглед на тоа што во конкретниов случај, Советот на општината како надлежен орган, пред донесување на оспорената одлука не донел одлука за усвојување на нацрт планот, како задолжителен дел од постапката за донесување на урбанистичкиот план, Судот смета дека основано може да се постави прашањето за нејзината согласност со законот.

6. Во врска со оспореното решение Судот утврди дека со него се оформува градежна парцела според извод од Урбанистичкиот план на град Скопје 6р.59/95 на дел од Кп.13924/12, нова положба КП.бр. 13924/14, КО Скопје во површина од 300 м2 поранешна сопственост на Стојановски Борис 2/4, Ристески Атанас 1/4 и Цветановски Радослав 1/4 и градожна парцела според извод од Урбанистичкиот план на град Скоп|е 16/95 на дел од КП.бр.13924/12, нова полоба Кп.бр.13924/15 КО Скопје во површина од 300 м2 поранешна сопственост на Стојановски Борис 2/4, Ристовски Атанас 1/4 и Цветановски Радосав 1/4.

Во образложението на решението е наведено дека до Министерството за финансии Управа за имотно правни работи Одделение во општина Кисела Вода, Стојановски Борис поднел барање за оформување на градежна парцела на КП.13924/12 на која има изградено станбена зграда.

Во барањето било наведено дека КП.13924/12 во површина од 600 м2 од која под објектот 188 м2 е сопственост на Стојановски Борис 2/4, Ристовски Атанас 1/4 и Цветков Радосав 1/4, која според дотогашниот план била една градежна парцела и со измените на планот истата е поделена на две градежни парцели.

Од Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животна средина Подрачна единица Кисела Вода бил прибавен Извод од урбанистички план бр.59/95 и 16/95, Детален лист 6р.255 според кој постојната локација е поделена на две локации. Објектот е поделен на две половини според сопственосните делови на сопствениците.

Имајќи го предвид образложението на решението во кое доносителот се повикува на извод од урбанистички план бр. 59/95 и 16/95, Детален лист 6р.255 Министерството за урбанизам, Подрачна единица Кисела Вода достави одговор во кој се наведува дека Деталниот урбанистички план за МЗ “Вардар” Урбана единица бр.66 кој е донесен со одлука на Собрание на град Скопје од 29 јули 1990 година е план по кој е издаден изводот бр.59/95 каде што се третирани габаритите идворните места на предметните објекти Ул. “Петар Ацев” даден во планот 8-цртеж регулација.

Имајќи ја предвид содржината на оспореното решенио Судот утврди дека тоа е поединечен акт за кој согласно член 110 од Уставот на Република Македонија тој не е надлежен да одлучува.

7. Со оглед на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од судијата Олга Лазова во својство на заменик претседател и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.130/2000
16мај 2001 година
С к о п ј е