210/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 16 мај 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1.Се УКИНУВА член 59 став 10 во делот што гласи
бр.44/95, 24/96).
2.Оваа одлука предизвикува правно дејство од денот
на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по поднесена иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, со Решонио У.бр.210/00 од 21 март 2001 година, поведе постапка за оценување уставноста на делот од одредбата од Законот
означени во точката 1 на оваа одлука.
4. Судот на седницата утврди дека со со членот 59 од Законот се утзрдени условите за наставниците и воспитувачите кои вршат воспитно-образовна работа во средното образование.Според ставот 10 на овој член од Законот наставниците и воспитувачите. покрај другите услови, треба да се државјани иа Релублика Македонија и да го владеат литературниот јазик и писмото на кој ја изведуваат наставата и да не се осудувани за кривични дела кои ги прават недостојни за вршење на всслитно-образовната дејност.
5.Според член 9 сд Уставот граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Во член 13 став 1 од Уставот е предвидено дека лицето обвинето за казниѕо дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука, а според член 14 став 1, пак, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде стсрено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.Според член 23 од Уставот секој граганин има право да учествува во вршењето на јавни функции.Во членот 32 став 1 од Уставот секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбедност за време на припромонл невработеност, а според ставот 2 на овој члон, секому под еднакви услови му е достапно секое работно место.Според член 54 став 1 исто од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.Тргнувајќи од наведените уставни одредби на членот 13 и 14 од Уставот произлегува дека на сторителот на кривично дело може да му се изрече казна што е утврдена со закон или со друг пропис и дека казната може да се изрече само со судска одлука. Според тоа, казнено-правниот однос се исцрпува во релацијата казниво дело и изречена казна со судска одлука што значи дека други и идни последици од осудата за делото Уставот не допушта. Со оглед на тоа што со оспорената одредба на член 59 став 10 од Законот за средното образование се врши сграничување на правото на граѓаните на вработување во воспитно-образовниот процес на средното образование и тоа по сила на Захонот и како последица од осудата за одделни кривични дела, а не како содржина на определена санкција што ја изрекол суд. Судот оцени дека не е во согласност со означените одредби од Уставот.Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 на оваа одлука.
6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски
У.бр.210/2000
16 мај 2001 година
С к о п ј е