Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.70/92), на седницата одржана на 9 мај 2001 година, донесе
О Д Л У К А
Текст
1. СЕ УКИНУВА член 74 во делот “и Правилата за штрајк” од Колективниот договор за општествени организации и здруженија на граѓани на Република Македонија (“СлужОон
весник на Република Македонија” бр.53/95).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3.Уставниот суд на Република Македонија по поводиницијатива поднесена од Стамен Филипов од Скопје , со Решение У.бр.183/2000 од 21 и 28 февруари 2001 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на дел од одредбата на
член 74 од Колективниот договор означен во точката 1 од ова
решение, затоа што основано се постави прашањето за
согласноста на оспорениот дел на овој член од наведениот
колективен договор со Уставот, со Законот за штрајк и со Законот
за работните односи.
4. Судот на седницата утврди дека според член 74 од Колективниот договор за општествените организации и здруженијата на граѓани на Република Македонија, правото на штрајк работниците го остваруваат во согласност со закон,
колективен договор и Правилата за штрајк.
5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. како
една од темелните вредности на уставниот поредок на Република
Македонија, меѓу другото е утврдено и владеењето на правото, а
според членот 51 од Уставот, законите мораат да бидат во
согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и закон.Според член 32 став 5 од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и колективни договори.Според член 38 од Уставот. се гарантира правото на штрајк, а со закон може да се ограничат условите за остварувањена правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на Управата.Од содржината на ставот 1 на член 38 произлегува дека Уставот не ги предвидува условите односно Оитните елементи на остварувањето на правото на штрајк ниту упатува тие да се уредат со закон, освен што во ставот 2 е предвидено дека со закон можат да се ограничат условите за остварувањето на правото на штрајк во означените области ( вооружените сили, полицијата и органите на управата).Но и покрај немање на изрично уставно овластување за законско нормирање на условите под кои може да се остварува правото на штрајк, не е спорно дека овие услови треба да бидат утврдени со закон, а за потребата од тоа се има произнссоно и Уставниот суд во случаи кога ја оценувал уставноста на одделни одредби од законите со кои се уредува остварувањето на ова право.Поаѓајќи од тоа, условите за остварувањето на
правото на штрајк се уредени во повеќе закони меѓу кои се
Законот за штрајк (“Службен лист на СФРЈ” бр.23/91), кој
согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот
на Република Македонија се применува како републички пропис,
Законот за јавните претпријатија, Законот за енергетика, Законот
за македонските железници, во Законот за државнитеслужбеници и др. Така, според член 1 став 1 од Законот за штрајк, штрајкот е организиран прекин на работата на работниците заради остварување на економските и социјалните прана и интереси по основ на трудот, а според ставот 2 на истиот член, во однос на кој директно се оспорува наведениот дел од член 74 од Колективниот договор, правото на штрајк се остварува под условите утврдени со овој закон. Имајќи ги предвид наведените уставни и законски одредби, Судот утврди дека и во конкретниот случај оценувањето на уставноста и законитоста на оспорениот дел од членот 74 од наведениот колективен договор не може да се посматра изолирано од членот 32 став 5 од Уставот, иако тој не се оспорува од аспект на овој член од Уставот. Ова од причини што согласно овој член од Уставот, нормативното уредување на остварувањето на правата од работен однос, поделено е на законодавна (државна функција) и колективно-договорна (недржавна нормативна функција).Притоа, иако Уставот не ја определува содржината и обемот на уредување на правата со овие два вида акти, неспорно е дека колективните договори и законот не се на исто рамниште, но напротив колективните договори во однос на законот се од секундарно значење што значи дека со нив може и треба да се уредуваат одделни особености надвор од минимумот што ќе биде утврдек во законот. Или, со други зборови, со колективните договори се доуредуваат во согласност со закон одделни права, обврски и одговорности, како и обемот и начинот на остварувањето на правата и другите прашања од интерес за работниците и работодавецот и со нив не може да се утврдуваат помали права и понеповолни услови за работа утврдени со закон. Ваквиот однос на колективните договори спрема законот, меѓу другото, произлегува и од членовите 84 до 97 од Законот за работните односи. Имајќи го предвид наведеното, како и фактот дека според оспорениот дел од одредбата на членот 74 од овој Колективен договор се предвидува правото на штрајк работниците да го остваруваат во согласност и со Правилата на штрајк, а од друга страна на таква можност не упатува ниту Уставот, ниту Законот за работните односи, ниту Законот за штрајк, Судот оцени дека овој дел од членот 74 од Колективниот договор не е во согласност со Уставот, со Законот за работните односи и со Законот за штрајк.6. Врз основа на изнесеното. Судот одлучи како во
точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови
во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр .183/2000
9 мај 2001 година
С к о п ј е