Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на РепуОлика Македонија (“Службен весник на Република Македонијп” бр.70/92), на седницата одржана на 25 април 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 9 став 2 од Законот за здравствено осигурување (“Службен весник на Република Македонија” 6р.25/2000 и 34/2000), во деловите “основните здравствени услуги од став 1 на овој член” и ” стандардите и нормативите за”.
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 17 став 1, член 28 став 5, член 30 став 4, член 32 став 3 и член 33 став 2 од, законот означен во точката 1 од ова решение.
3. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 2 став 2, член 20 став 3, член 24 став 1 и член 27 став 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение.
4. Петре Киревски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точките 1, 2 и 3 од ова решение, затоа што со нив се овластувал Фондот за здравствено осигурување да утврдува права на граѓаните со свои акти, а тоа не Оило во согласност со членовите 34 и 39 од Уставот. Истовремено, со иницијативата се бара изрекување на времена мерка заради спречување да настанат тешко отстранливи штетни последици.
5. На седницата Судот утврди дека според член 9 став 2 од Законот “Фондот со општ акт поблиску ги опредолува основните здравствени услуги од став 1 на овој член, начинот на остварувањето на правата на здравствени услуги, како и стандардите и нормативите за спроведување на здравствената заштита, на кој министерот за здравство дава согласност”.Од, изнесената законска одредба, според мислењето на Судот, покрај другото произлегува дека Фондот ги определува обемот на правата од сферата на основните здравствени услуги, како и стандардите и нормативите односно квалитетот и количината на здравствената заштита.Тргнувајќи од определбата, изразена во член 34 од Уставот, дека граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување, а во тие рамки и на здравствена заштита и здравствено осигурување утврдени со закон и со колективен договор, пред Судот се постави прашањето дали овластувањето на Фондот да ја уредува наведената материја со свои акти. а не тоа да се уреди со закон или колективен договор, има уставна основа. Поради тоа. Судот реши како во точката 1 од ова решение.
6. Судот, понатаму, утврди дека со член 17 став 1 од, Законот се предвидува “висината на надоместот за плата, за време на привремена спреченост за работа ја определува работодавецот, односно Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од основицата за надоместокот за плата”. Потоа, во член 28 став 5 од Законот се определува дека “начинот на остварување на правото за избор и промена на лекар го утЕѕрдува фондот со општ акт”, а според член 30 став 4 од Законот “начинот на користење на здравствени услуги според ставовите 1, 2 и 3 на овој член и најповолните цени на здравствените услуги во странство ги утврдува Фондот со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност”. Со член 32 став 3 од Законот се предвидува дека ” висината на учеството од став 1 на овој член во фиксен износ, обратно пропорционално од цените на услугите, ја утврдува Фондот со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност”, со тоа што учеството може да изнесува најмногу до 20% од трошоците за услугата или лекот (член 32 став 1 од Законот).
Според член 33 став 2 од Законот “висината на учеството од став 1 на овој член ја утврдува Фондот со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност”, со тоа што во ставот 1 на член 33 од Законот се предвидува осигурениците да учествуваат во цената на протезите, ортопедските и други помагала и санитетски средства најмногу до 50% од цената. Од изнесените законски одредби, според мислењето на Судот, произлегуваат овластувања за Фондот поблиску да ги разработи правата утврдени со Законот и тоа да го направи во рамките определени со Законот, како и да го определи начинот на остварувањето на законските права, со што всушност Фондот е во функција на остварувањето на законските права, а не произлегува овластување Фондот да пропишува права кои не се предвидени во Законот.Оттука, Судот оцени дека наведените законски одредби не се во несогласност со член 34 од Уставот, поради што реши како во точката 2 од ова решение.
7. Што се однесува до содржината на члсн 2 став 2, член 20 став 3, член 24 став 1 и член 27 став 1 од Законот, Судот на седницата утврди дека оспорените делови од тие одредОи се укинати со негова Одлука У.бр. 173/2000 од 4 април 2001 година (“Службен весник на Република Македонија” 6р.30/2001), па сега нема процесни претпоставки за постапување по тој дел од иницијативата, поради што Судот реши како во точката 3 од ова решение.
8. Во врска. пак, со барањето за изрекување времена мерка, Судот оцени дека не се исполнети условите за тоа предвидени во член 27 од Деловникот на Судот со оглед дека не можат да настанат тешко отстранливи последици.
9. Врз основа на изнесеното, Судот реши како во точките 1, 2 и 3 од ова решение.
10. Ова решение, во однос на точките 1 и 2 од Решението со мнозинство гласови. а во однос на точката 3 од Решението едногласно, Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.6р.37/2001, У.бр.74/2001
25 април 2001 година
Скопје