Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 март 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за за оценување уставноста и законитоста на решението на Владата на Република Македонија под бр.17-4312/2 од 14 септември 1999 година.
2. Симо Георгиев, од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на решението озна чено во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспореното решение не било во согласност со членот 25 став 2 и 4 од Законот за научно- истражувачката дејност, а со тоа и со Уставот. Имено, Владата на Република Македонија, со оспореното решение именувала, односно определила нови нејзини претставници во Советот на Институтот за сточарство пред да истече мандатот на претходно определените претставници, кој што според член 25 став 4 од Законот траел 4 години, со што им го прекинала нивниот мандат пред истекот на законски утврдениот рок. Исто така, со определувањето на лицето Игор Бојаџиев за надворешен член на Советот, бил повреден принципот на компетентност утврден во ставот 2 на истиот член од Законот. Бара Судот да го поништи оспореното решение како противуставно.
3. Согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согланоста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.
Според член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ?е ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето во неа.
Имај?и предвид дека со оспореното решение поединечно се наведени лицата кои се определуваат за претставници во Советот на Јавната научна установа ” Институт за сточарство” Судот утврди дека истото, ни по форма ни по содржина не претставува пропис во смисла на членот 110 од Уставот, но е поединечен акт, донесен врз основа на членот 25 од Законот за научно-истражувачката дејност, според кој Владата на Република Македонија во името на Република Македонија, како основач на јавните научни установи, е овластена да ги определува претставниците во советите на јавно научните установи.
4. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков. д-р Јо ван Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.193/2000
28 март 2001 год.
С к о п ј е
сд/.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов