119/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 28 февруари 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Статутот на Ветеринарниот факултет во Скопје донесен на 6 јуни 1996 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. По повод поднесена иницијатива од проф. д-р Михаил Данев, проф. д-р Коле Поповски, проф.д-р Јован Бошнаковски, проф.д-р Мишо Христовски сите од Скопје, Уставниот суд на Република Македонија со решение У.бр.119/2000 од 20 декември 2000 година поведе постапка за оценување законитоста на статутот означен во
точката 1 од оваа одлука, Постапката беше поведена затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со Законот за насоченото образование во времето на неговото важење.
4. Судот на седницата утврди дека на оспорениот статут не е дадена согласност од надлежен орган.Исто така Судот утврди дека во членовите 24, 25, 26 и 27 од Статутот се регулирани прашања кои се однесуваат на работата на факултетската управа, при што не е предвидено дека во неа учествуваат претставници на општествената заедница.Во член 28, пак, се уредуваат прашањата кои се однесуваат на работата на наставно научниот совет. Наставно научниот совет го сочинуваат наставно научните и научните работници кои учествуваат во наставата а се вработени во Ветеринарниот институт “Скопје” – Скопје, Ветеринарната болница Скопје и Ветеринарниот факултет.Во работата на наставно научниот совет учествуваат и тројца претставници што ги делегира студенска организација.
5. Според член 249 од Законот за изменување на законотза насоченото образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/91) кој бил во важност во времет.о на донесување на оспорениот статут согласност на одредбите од статутот на
организациите за насочено образование што се однесуваат на правата иобврските на студентите, организацијата (режимот) на студирањето, начинот и постапката за донесување на планови и програми за воспитно-образовната дејност, начинот на одлучувањето напретставниците на општествената заедница, условите за избор во наставни, наставно-научни, научни и соработнички звања и условите за именување на индивидуален работоводен орган дава Собранието на Република Македонија.
6. Исто така Судот утврди дека со денот на влегувањето во сила на Законот за високото образование, престануваат да важат одредбите од Законот за насоченото образование што се однесуваат на високото образование (член 199). Меѓутоа, имајќи предвид дека Статутот на Ветеринарниот факултет-Скопје е донесен на 6 јуни 1996
година односно во време на важењето на Законот за насоченото образование, Судот оцени дека Статутот требало да биде донесен во соглас.ност со одредбите од овој закон.
7. Со оглед на тоа што Статутот на Ветеринарниот факултет – Скопје е донесен без согласност на Собранието на Република Македонија, Судот утврди дека тој не бил во согласност со Законот за наеоченото. образование во времето на неговото важење.
8. Зо однос на наводите од иницијативата дека Статутот на Ветеринарниот факултет не предвидува учество на претставници на општествената заедница во ниеден орган на факултетот, Судот оцени дека ова прашање во овој момент не е релевантно за оценување на законитоста на Статутот, имајќи предвид дека Судот одлучи да го
укине Статутот во целина поради тоа што тој не бил во согласност со Законот за насоченото образование во времето кога овој закон бил дел од правниот систем на Република Македонија.
9. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
10. Оваа одлука Судот ја донесе зо состав од претседателот на Судо.т д-р Тодор Џуноз и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески:, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Олга Лазова, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр. 119/2000
28 февруари 2001 година
С к о п ј е