Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на РМ” 6р.70/92), на седницата одржана на 21 и 28 февруари 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 74 во делот “и Правилата за штрајк” од Колективниот договор за општествени организации и здруженија на граѓани на Република Македонија (“Службен весник на
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 70 во делот “и две години потоа” и член 74 во делот “колективен договор ” од Колективниот договор означен во точката 1 од ова решение.
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на дел од одредбите на членовите 70 и 74 од Колективниот договор означени во точките 1 и 2 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорениот дел на член 70 од наведениот колективен договор не бил во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членот 83 став 2 од Законот за работните односи, бидејќи спред овој член од Законот, посебната заштита на претставникот на синдикатот траела само за време на неговиот мандат, а не и по две години по истекот на мандатот, како што било утврдено во ослорениот дел на овој член од Колективниот договор.Членот 74 од Колективниот договор во делот ” колективен договор и Правилата за штрајк”, според наводите во иницијативата, пак не бил во согласност со член 38 од Уставот, член 1 став 2 од Законот за штрајк и член 79 од Законот за работните односи, затоа што според наведените уставни и законски одредби, правото на штрајк можело да се остварува само во согласност со закон, а не и во согласност со колективен договор и Правилата на штрајк, како што било предвидено во оспорениот дел на овој член од Колективниот договор.
4. Судот на седницата утврди дека според член 70 од Колективниот договор за општествените организации и здруженијата на граѓани на Република Македонија, посебната заштита на претставникот на Синдикатот трае за време на
неговиот мандат и две години потоа, а додека според членот 74
од овој колективен договор правото на штрајк работниците го остваруваат во согласност со закон, колективен договор и Правилата за штрајк.
5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, меѓу другото е утврдено и владеењето на правото, а според членот 51 од Уставот, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и закон.Според член 32 став 5 од Уставот, остварувањето направата на вработените и нивната положба се уредувааг со закон и колективни договори.Според член 38 од Уставот, се гарантира правото на штрајк, а со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на Управата.Од содржината на ставот 1 на член 38 произлегува дека Уставот не ги предвидува условите односно битните елементи на остварувањето на правото на штрајк ниту упатува тие да се уредат со закон, освен што во ставот 2 е предвидено дека со закон можат да се ограничат условите за остварувањето на правото на штрајк во означените области (вооружените сили, полицијата и органите на управата).Но и покрај немање на изрично уставно овластување за законско нормирање на условите под кои може да се остварува правото на штрајк, не е спорно дека овие услови треба да бидат утврдени со закон, а за потребата од тоа се има произнесено и Уставниот суд во случаи кога ја оценувал уставноста на одделни одредби од законите со кои се уредува остварувањето на ова право.Поаѓајќи од тоа, условите за остварувањето на правото на штрајк се уредени во повеќе закони меѓу кои се Законот за штрајк (“Службен лист на СФРЈ” 6р.23/91), кој согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија се применува како републички пропис, Законот за јавните претпријатија, Законот за енергетика, Законот за македонските железници, во најновиот Закон за државните службеници и др.Така, според член 1 став 1 од Законот за штрајк, штрајкот е организиран прекин на работата на работниците заради остварување на економските и социјалните права и интереси по основ на трудот, а според ставот 2 на истиот член, во однос на кој директно се оспорува навеДениот дел од член 74 од Колективниот договор, правото на штрајк се остварува под условите утврдени со овој закон. Инаку, членовите 7, 8, е, 10 и 15 од овој закон престанаа да важат за штрајкот во јавните претпријатија, со оглед дека овие прашања се уредени во Законот за јавните протпријатија (“Службен весник на РМ” 6р.38/96). Понатаму, во член 83 став 2 и член 79 од Законот за работните односи, во однос на кои, исто така, се оспорува законитоста на оспорените делови од членовито од Колективниот договор означени во точките 1 и 2 од ова решение утврдено есамо за време на неговиот мандат, односно дека заради остварување на своите економски и социјални права од работен однос. оаботнииите имаат ппаво на штрајк. во согласност со закон. Имајќи ги предвид наведените уставни и законски одредби, како и досегашната уставно судска практика во слични предмети, Судот утврди дека и во конкретниот случај оценувањето на уставноста и законитоста на оспорените Делови од членовите 70 и 74 од наведениот колективен договор не може да се посматра изолирано од членот 32 став 5 од Уставот, иако тие не се оспоруваат од аспект на овој член од Уставот. Ова од причини што согласно овој член од Уставот, нормативното уредување на остварувањето на правата од работен однос, поделено е на законодавна (државна функција) и колоктивно-договорна (недржавна нормативна функција).Притоа, иако Уставот не ја опроделува соржината и обемот на уредување на правата со ови два вида акти, неспорно е дека колективните договори и законот не се на исто рамниште, но напротив колективните договори во однос на законот се од секундарно значење што значи Д ека со нив може и треба да се уредуваат одделни особености надвор од минимумот што ќе биде утврден во законот. Или, со други зборови, со колективните договори се доуредуваат во согласност со закон одделни права, обврски и одговорности, како и обемот и начинот на остварувањето на правата и другите прашања од интерес за работниците и работодавецот и со нив не може да се утврдуваат помали права и понеповолни услови за работа утврдени со закон. Ваквиот однос на колективните договори спрема законот, Меѓу другото, произлегува и од членовите 84 до 97 од Законот за работните односи. Оттука, независно од тоа што во членот 83 став 2 од Законот за работни односи е утврдено дека посебната заштита на претставникот на Синдикатот трае само за време на неговиот мандат, а во оспорениот дел на членот 70 од Колективниот договор е утврдено таа да трае и две години по истекот на мандатот, според мислењето на Судот не може да се постави прашањето за согласноста на овој дел од наведениот член од Колективниот договор со Уставот и означената одредба од Законот за работните односи, со оглед дека во конкретниот случај несомнено се работи за утврдување на поголема заштита на претставниците на синдикалните организации која што е во функција на обезбедување и на поповолни услови за нивна активност и дејствување на планот на остварувањето и заштитата на правата на работниците што произлегуваат од работниот однос, што е во согласност со уставната и законската концепција за колективните договори.Исто така, имајќи го предвид наведеното, пред Судот не се постави како спорно ниту прашањето за уставноста и законитоста на член 74 во делот “колективен договор”, од причини што според мислењето на Судот одделни прашања во врска со остварувањето на правото на штрајк, како и на другите права од работен однос, може директно врз основа на членот 32 став 5 од Уставот да се уредат и со колективен договор под услов неговите одредби да не се во спротивност прво, со Уставот, а потоа, и со Законот за штрајк или со другите закони со кои се уредува остварувањето на ова право во одделни области, односно дејности, што би било предмет на оценување на секој конкретен колективен договор што содржи такви одредби, што не е случај со оспорениот дел од одредбата на овој колективен договор, кој е само упатувачка норма.
6. Меѓутоа, со оглед на тоа што во оспорениот дел од одредбата на членот 74 од овој Колективен договор се предвидува правото на штрајк работниците да го остваруваат во согласност и со Правилата на штрајк, а Уставот и Законот за работните односи не предвидуваат надлежност во смисла ова право да може да се уредува, освен со закон и колективен договор, и со Правилата за штрајк, кои што претставуваат едностран акт што ги донесува Сојузот на синдикатите на Република Македонија, пред Судот основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот и Законот за работните односи.Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение, во делот од точката 1 кој се оденсува за член 74 во делот “колективен договор ” Судот го донесе едногласно, а во останатиот дел со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен
Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр. 183/2000
21 и 28 февруари 2001 година
С к о п ј е