34/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р. 70/92), на седницата одржана на 7 февруари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на законитоста на Статутот на ЈНУ “Институт за сточарство” Скопје, донесен на 2.02.2000 година во целина.
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 2, 7 алинеја 2, членот 9, 30 точка 5, членот 40 став 1 во делот на зборот ” мандат” и членот 45 алинеја 2 од Статутот означен во точката 1 од ова решение.
3. Д-р Симо Георгиев од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за ценување на уставноста и законитоста на Статутот означен во точката 1 од ова решение, и тоа од формално-правен и материјално-правен аспект. Формално-правниот аспект на оспорување се однесува на отсуство на потребниот кворум на Советот на Институтот за
донесување на Статутот. Наспроти тоа, материјално-правните основи на оспорување се насочени кон одделни членови од Статутот како несогласни со одредбите од Законот за научно-истражувачката дејност (“Службен весник на Република Македонија” 6р.13/96). Исто така, повеќе одредби од Статутот не
биле во меѓусебна согласност, што не било во согласност со Уставот и Законот.
4. Судот на седницата утврди дека Согласно член 26 алинеја 1 од Законот за научно-истражувачка дејност Советот на јавната научна установа донесува статут.Според член 27 став 1 од Законот, во одлучувањето по прашањето за донесување на статутот, покрај претставниците на вработените, учествуваат и претставниците кои ги определува Владата на Република Македонија .Според ставот 2 од истиот член, одлуките се сметаат за донесени доколку за нив гласало мнозинството од вкупниот број претставници на вработените и мнозинството на претставниците кои ги определува Владата на Република Македонија.Што се однесува до самиот состав на Советот, тој е утврден во членот 25 од Законот. Имено, Советот го сочинуваат девет члена од кои шест се претставници на вработените во установата и тројца се претставници кои ги определува Владата на Република Македонија.Во конкретниот случај, од увидот во достапната документација, беше констатирана следната фактичка состојба:Во текот на 1999 година (април, мај и септември) бил конституиран новиот Совет на Институтот за сточарство составен од девет членови, и тоа шест, како претставници на вработените во Институтот и тројца, делегирани претставници на Владата на Република Македонија документирано со гласачки список на вработените во Институтот бр.0201/88 од 14.04.1999 година, записник од одржаниот избор на претставници во Советот на Институтот од редот на научните работници и асистенти бр.0201/91 од 15.04.1999 година и решението за определување претставници во Советот на Институтот за сточарство при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје бр. 17-4312/2, донесено од Владата на Република Македонија на 14.09.1999 година – објавено во ” Службен весник на Република Македонија” бр.63/99). Подоцна, Советот е дополнет со уште еден член -претставник на вработените (Записник 6р.0201-196 од 21.05.1999 година) кој е избран и за претседател на Советот на Институтот за сточарство (Записник бр.0201-1*97 од 21.05.1999 година).Вака конституираниот Совет, на седницата одржана на 22.02.2000 година го усвоил оспорениот Статут. Во записникот од одржаната седница 6р.0201 -153 наведено е дека на седницата присуствувале речиси сите членови на Советот, а Статутот е усвоен едногласно.Подоцна, со Одлука бр .23-1477/1 од 19 септември 2000 година Владата на Република Македонија дала согласност на Статутот.Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека оспорениот Статут не е во несогласност со Законот за научно-истражувачка дејност од аспект на постапката за негово донесување.
5. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.Во согласност со член 28 алинеја 1 и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување поиницијативата.Со оглед на тоа што во делот од иницијативата со кој се оспоруваат одделни одредби од Статутот, се упатува на несоодветни одредби од Законот чија содржина воопшто не може да се доведе во корелација со онаа на оспорените одредби, од една страна и се укажува на бројни меѓусебни неусогласености меѓу одделни одредби од самиот Статут од друга страна, Судот утврди дека не постојат процесно правни претпоставки да одлучува во тој дел.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д -р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски , Бесим
Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.6р.34/2000; У.6р188/2000
7 февруари 2001 година
С к о п ј е