Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 7 февруари 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 28 став 4 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” 6р.59/2000 и 112/2000).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 18 став 2 и член 28 став 3 од Законот за државните службеници.
3. Панче Докузов од Штип на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на членовите од Законот за државните службеници означени во точките 1 и 2 од ова решение.Член 18 став 2 и член 28 став 3 се оспоруваат затоа што со
забраната државните службеници во својата работа да се раководат од своите политички уверувања и да истакнуваат партиски симболи во работните простории се ограничува слободата на уверувањето и изразувањето гарантирани со член 16 од Уставот и правото на приватност утврдено во член 25 од Уставот. Член 28 став 4 се оспорува затоа што со него се пропишува задолжително мирување на правата и обврските од работниот однос во случај кога државниот службеник се кандидира за јавна функција или учествува во изборна кампања, што претставувало ограничување на правото на учество на
граѓаните во вршењее на јавните функции утврдено во член 23 од Уставот, а со тоа државните службеници се доведуваат во нееднаква положба со вработените во другите сектори.
4. На седницата Судот утврди дека во член 18 став 2 од Законот е предвидено дека државниот службеник е должен да ја врши својата работа непристрасно и без влијанија од политичките партии, да не се раководи од свои политички
уверувања, од лични финансиски интереси, да не ги злоупотребува овластувањата и статусот што го има како државен службеник и да го штити угледот на органот. Инакуизразувањето и застапувањето на политичко верување во вршење на задачите е предвидено како дисциплински престап во член 68 став 1 точка 2 од Законот. Во член 28 е предвидено: став 1: Државниот службеник со членувањето во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да го доведува во прашање својот статус на државен службеник, ниту вршењето на службените задачи кои произлегуваат од тој статус; став 2: Државниот службеник не смее директно да учествува во изборни кампањи или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време; став 3: Државниот службеник не смее да носи или да истакнува партиски симболи во работната просторија и став
4: Државниот службеник кој се кандидира за одредена политичка изборна функција или учествува во изборна кампања, за овој период, му мируваат правата и обврските од работниот однос”.
5. Во член 16 став 1 од Уставот на Република Македонија се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, а според член 20 став 2 од Уставот граѓаните слободно можат да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да
истапуваат.Согласно член 22 став 1 од Уставот секој граѓанин со наполнети 18 години живот се стекнува со избирачко право, а според член 23 од Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.Според член 95 став 2 и член 96 од Уставот се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа , а тие ги вршат работите од својата надлежност самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите.Според член 9 став 2 од Уставот граѓаните пред Уставот и законот се еднакви.
6. Оспорените одредби од Законот се однесуваат на еден ист контекст, имено на конфликтот помеѓу потребата од обезбедување деполитизирана јавна администрација, како еден од основните услови за нејзиното функционирање во согласност со принципите на непристрасност и законитост (член 96 од
Уставот) и слободата на политичкото уверување и дејствување на различни нивоа. Тие несомнено прават обид да ја најдат мерката или пропорцијата на коегзистирањето на овие две вредности една покрај друга, наместо да постават реска граница на нивното меѓусебно исклучување.Во тој контекст, оспорената одредба од член 28 став 4 од Законот, според мислењето на Судот, отстапува и од усвоениот законски концепт и од одделни уставни гаранции изнесени во точката 5 од ова решение. Имено, ставовите 1 и 2 на член 28 јасно ја покажуваат концепцијата на компатибилност на статусот државен службеник и политичка припадност односно активност, со предвидување мерки насочени кон заштита на статусот на државната служба. Според мислењето на Судот оспорениот член 28 став 4 го оневозможува тој концепт и има функција на одвраќање односно битно отежнување на условите за политички ангажман на државниот службеник, спротивно на став 1 и 2 од тој член, затоа што мирувањето на правата и обврските од работниот однос не е утврдено како право на државниот службеник, туку како обврска и реално губење на права како последица на активност која според самиот закон е дефинирана како дозволена активност која не влијае на вршењето на службата. Ова, се разбира, ако таа активност се врши по работното време во согласност со став 2 на овој член.Независно од односот на оспорениот став 4 на член 28 со другите одредби од Законот, задолжителното мирување на правата и обврските од работниот однос само по себе претставува ограничување на правото на учество во вршењето на јавните функции од член 23 од Уставот и пасивното избирачко право од член 22 од Уставот, што Судот го утврди како очигледен факт . При одговорот на прашањето дали тоа може да се оправда, Судот оцени дека Уставот овие права не ги условува со определен статус на граѓаните како што тоа го направил, на пример, со правото на штрајк кое може да се ограничи за државните службеници и вработените во органите на управата (член 38 од Уставот ), ниту со претходно губење на други права.Врз основа на изнесеното, Судот смета дека основано може да се постави прашањето за согласноста на член 28 став 4 со член 22 и 23 од Уставот и одлучи како во точката 1 од оварешение.
7. Понатаму, разгледувајќи го член 18 став 2 од Законот, Судот оцени дека барањето државниот службеник да не се раководи од сопствените политички уверувања, како и од другите наведени фактори што можат да влијаат на неговата пристрасност во вршењето на работите , има силно упориште во две уставни одредби: едната, член 96, слоред кој органите на управата ги вршат работите од својата надлежност самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и втората, член 9 став 2, според која граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Принципите на законитост и непристрасност во работа на јавната администрација и на државните службеници според тоа, може да се извлече од самиот Устав, а таа линија ја држи и Законот во член 2 според кој државните службеници ги вршат работите поврзани со функциите на државата во согласност со Уставот и со закон, професионално, политички неутрално и непристрасно. Оттука, елиминирањето на низата фактори во оспорениот член како недозволени основи за работата на државните службеници практично е друг, засилен израз на важењето на принципот на законитост во нивната работа.Притоа, Законот на ниеден начин не го ограничува државниот службеник да има политички уверувања, финансиски интереси, лични проблеми итн. туку само определува дека тие не се и не смеат да бидат релевантни за неговата работа. Тоа е така дури и да не е напишано, зошто во крајна линија влијанието на тие фактори би резултирало во повреда на законитоста, на принципот на еднаквоста односно недискриминација итн..Од тие причини Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на член 18 став 2 од Законот со означените одредби од Уставот.
8. Конечно, забраната од член 28 став 3 од Законот за носење и истакнување партиски симболи во работните простории на државниот службеник, според мислењето на Судот, наоѓа свое оправдување од аспект на положбата на државната администрација, нејзините функции и односите со граѓаните иево
функција на заштита на дигнитетот и статусот на државната служба, која се врши во името на државата, а не на некоја политичка партија, потоа во интерес на дигнитетот и еднаквоста на граѓаните што се појавуваат пред државната управа, но и во функција на спречување на идеолошко-политички прозелитизам
односно дејствување во државната управа .Од друга страна, следејќи ги наводите во иницијативата, Судот оцени дека таа забрана воопшто не значи ограничување на слободата на политичкото уверување, изразување и дејствување на државниот службеник, туку услов на вршењето на државната служба во согласност со нејзините функции и цели утврдени во Уставот . Поради тоа, Судот смета дека не може да се постави прашањето за согласноста на член 28 став 3 од Законот со Уставот.
9. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.10. Ова решение Судот го доиесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.186/2000
7 февруари 2001 година
С к о п ј е