Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р. 70/92), на седницата одржана на 31 јануари 2001 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 16 став 3, член 56, член 57, член 59, член 273 став 4 – последната реченица и став 5 на член 420 од Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република
Македонија” бр.15/97).
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение.Според наводите во иницијативата оспорените одредби од Законот биле несогласни со Уставот затоа што предвидувале за кривичните дела, што се гонат по службена должност, кога обвинителот ќе се откаже од гонењето, оштетениот како тужител, да може да го продолжи гонењето, при што му се давале истите права што ги имал и јавниот обвинител, независно што не бил постручен од него, да ја продолжи постапката како тужител со сите негови овластувања.Од друга страна, ваквата формулација на оспорените одредби од Законот му давала можност и на надлежниот обвинител да ја злоупотребува својата положба во смисла што “ќе се поигрува” со оштетениот откажувајќи се од гонењето ипрепуштајќи му ја нему таа улога.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорените одредби од Законот се уредуваат прашања во врска со правата и обврските на оштетениот во кривичната постапка, за дела што се гонат по службена должност, кога тој има статус на супсидијарен тужител, односно кога 1) јавниот обвинител оценил дека нема основи за гонење (не поднесува обвинителен акт); 2) кога јавниот
обвинител на главниот претрес се откажува од обвинителниот акти 3) кога јавниот обвинител, независно дали се откажал од гонењето (во пр етходната лостапка или на главниот претрес), дозавршувањето на главниот претрес има право да го проземе гонењето и застапувањето на обвинението.
4. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот една од, темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е владеење на правото.Согласно член 51 став 1 од Уставот на Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законите.Согласно член 106 став 1 од Уставот јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гоии сторителите на кривични дела и на други со закон утврдеии казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.Според ставот 2 на овој член од Уставот, јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и законите.Од наведените одредби произлегува дека Уставот на Република Македонија се залага за владеење на правото, како темелна вредност на уставниот поредок, дека законите мораат да бидат согласни со Уставот, па во тој контекст и дека јавното обвинителство, како единствен и самостоен орган, ги гони сторителите на кривични дела и на другите со закон утврдени казниви дела. Имајќи ги предвид оспорените одредби според кои во сите случаи на остварувањето на правата на оштетениот во кривичната постапка, примарна улога има јавниот обвинител, додека оштетениот се јавува во не помалку значајна улога на супсидијарен тужител и тоа со насочување од судот како да постапува кога јавниот обвинител ќе оцени дека нема основа за преземање на гонење или кога истиот, на главниот претрес ќе се откаже од обвинителниот акт, наспроти наводито во иницијативата Судот оцени дека истите се неосновани.Ова од причина и што од содржината на членот 106 став 1 и став 2 од Уставот недвосмислено произлегува дека јавниот обвинител, како претставник на јавното обвинителство, е единствен и самостоен орган кој ги гони сторителите за кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и дека своите функции ги остварува во рамките на Уставот и законот.Со други зборови, според Судот, Уставот со упатна норма го овластува законодавецот да ги определи неговите овластувања и одговорности што, покрај со Законот за јавнотообвинителство, како леџ специалис, е сторено и со оспорените одредби од Законот за кривичната постапка.Во овој контекст, Судот го има предвид и фактот дека јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието на Република Македонија во процедура во која, покрај другото, подлежи на оценка и неговиот бонитет со што законодавецот, обезбедува негово функционирање во согласност со позитивните законски прописи. Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека јавниот обвинител, како самостоен државен орган има, еден вид, ” дискреционо право”, придржувајќи се на начелото на легалитет, сам да цени дали постои или не постои основ да презема гонење за кривично дело што се гони еџ оффицио, да се откаже од гонењето на главниот претрес и истото пак да го продолжи ако смета дека за тоа се исполнети условите, со што оштетениот, како супцидијарен тужител, добивајќи упатство од судот, ќе го продолжи гонењето доколку цени дека му е тоа потребно, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.132/2000
31 јануари 2001 година
С к о п ј е