122/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеите 1 и 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 24 јануари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за висината на наменските средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за проклучок на водоводна и одводна мрежа бр.07-352, донесена од Советот на Општина Кривогаштани на 22 декември 2000 година.
2. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за висината на таксата за приклучок на водовод и одвод бр.07-288, донесена од Советот на Општина Кривогаштани на 23 август 1999 година.
3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.122/2000 од 29 ноември 2000 година, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за висината на таксата за проклучок на водовод и одвод, донесена од Советот на Општина Кривогаштани бр. 07- 288 од 23 август 1999 година, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со членовите 33 и 56 од Уставот на Република Македонија, Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/98), Законот за комуналните дејности (” Службен весник на Република Македонија” бр.45/97) и Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 19/89 и 21/91 и ” Службен весник на Република Македонија” бр.71/96). При тоа Судот утвр ди дека со оспорената одлука е воведена обврска за граѓаните да плаќаат такса за приклучување на водоводната мрежа заради обезбедување на средства како дополнителни средства за финансиската конструкција на Регионалниот водовод Кривогаштани, како и дека Одлуката не е донесена врз основа на спроведен референдум во Општината.

2. Општината Кривогаштани во одговорот на наводите содржани во Решението за поведување постапка не извести дека со Одлука број 07-352/2 од 22 декември 2000 година, донесена од Совето т на Општина Кривогаштани, е укината оспорената одлука. Меѓутоа, Судот утврди дека со оваа одлука, покрај тоа што е укината оспорената одлука, истовремено е донесена и “Одлука за висина на наменските средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за приклу чок на водоводна и одводна мрежа. Како основ за донесување на оваа одлука е означен членот 13 став 1 точка 6 од Законот за комуналните дејности.
Во членот 1 од Одлуката е констатирано дека се укинува оспорената одлука и се донесува нова одлука за висина на наменските средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за приклучок на водоводна и одводна мрежа, а според членот 2, се утврдува висината на наменските средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за приклучок на водоводна и одводна мрежа на Регионалниот водовод Кривогаштани да изнесува 300 ДМ во денарска противвредност на денот на уплатата.
4. Според член 11 од Законот за комуналните дејности, сопственикот на градежен објект, изграден согласно со законските прописи, е должен објектот да го приклучи на комуналната инфраструктура. Нејзината изградба и одржување, соглансо член 13 од Законот се финансира од учеството на инвеститорот во уредувањето на градежното земјиште, од цената на комуналната услуга, од надоместокот за употребата на градежното земјиште, буџетот на основачот, донаторство, наменски средства на давателите и корисниците на услугите и друго. Според членот 26 од Законот, средствата се обезбедуваат од цената на комуналните услуги, рентата и буџетот на општината.
Од анализата на новата одлука произлегува дека повторно се воведува обврска за плаќање на приклучок на водоводната и одводната мрежа што треба да ја плаќаат граѓаните и тоа како наменски средства на давателите и корисниците на комуналните услуги за приклучок на водоводна и одводна мрежа и како своја основа ја има одредбата на член 13 алинеја 6 од Законот за комуналните дејности според кој финансирањето на изградбата и одржување на објектите за водоснабдување се врши од: учеството на инвеститорот во уредување на градежното земјиште; цената на комуналната услуга; надоместок за употреба на градежно земјиште, надоместок за употреба на градежно земјиште-рента во висина 50% од вкупно прибраните средства по оваа основа; буџетот на основачот; донаторство; наменск и средства на давателите и корисниците на комуналните услуги и други средства утврдени со закон.
Според мислењето на Судот, изворот на средства насловен како “наменски средства на двателите и корисниците на комуналните услуги” не е основ, односно право на општината да воведува надоместок за приклу чок, туку тој може да биде извор за изградба и одржување на објектите за водоснабдување исто така, според мислењето на Судот, наменските средства на давателите и корисниците на услугите може да бидат дел од средствата кои се остваруваат од цената на комуналните услуги но за кои одлучува комуналната организација. Во случајов и покрај тоа што како извор на средства се наменски средства на давателите и корисниците на услуги, всушност се работи за утврдување обврска на граѓаните да плаќаат за приклучок на водоводната и одводната мрежа што претставува вид на давачка, а нема карактер на јавна давачка утврдена со закон, поради што основано се постави прашањето за согласноста на оваа одлука со член 33 од Уставот и членот 13 алинеја 6 од Законот за комуналните дејности.
Врз основа на изнесеното, Судот по сопствена иницијатива, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.
Со оглед на тоа што Одлуката бр.07-288 од 23 август 1999 година е укината нема процесни претпоставки за понатамошно водење на постапката, поради што Судот одлучи да ја запре постапката за оценување на нејзината уставност и законитост.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри И сљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.122/2000
24 јануари 2001 година
С к о п ј е
сд/.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов