Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 11 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 септември 2000 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 23 став 1 во делот “прописите донесени врз основа на овој закон” од Законот за просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на РМ” бр.4/96, 28/97 и 18/99).
2. Мирослав Грчев – градоначалник на општина Центар на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставност ана член 23 став 1 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што оспорениот дел од Законот не бил во согласност со член 8 став 1, алинеја 9 и 10 и член 115 став 1 и 2 од Уставот затоа што тргнувајќи од фактот дека со Уставот е утврдено самостојност на локалната самоуправа исклучиво во рамките на со Уставот и со законот утврдени надлежности. Оспорениот член е во спротивност со ваквата уставна одредба бидејќи надлежното министерство согласноста на донесените планови ја врзува не само од аспект на почитување, туку и за прописите донесени врз основа на овој закон, со што ограничувањето на самостојноста на општинатаа се проширува и на подзаконски акти.
Понатаму во иницијативата се наведува дека уредувањето и хуманизација на просторот како темелна вредност на уставниот поредок се операционализира преку просторното и урбанистичкото планирање поради што заради своето значење со Законот за просторното планирање работите на урбанистичкото планирање се утврдени како работи од јавен интерес.
Токму поради тоа содржината, изработката и донесувањето на урбанистичките планови на сите нивоа како дејствија се утврдени во рамките на законот, со учество на стручни и научни институции преку стручна ревизија како и со јавност во постапката која се остварува низ стручна расправа и јавна анкета во која учествуваат заинтересирани правни и физички лица.
Судот на седницата утврди дека во член 22 став 3 од Законот е предвидено дека општината донесува постапка која се остварува низ стручна расправа и јавна анкета во која учествуваат заинтересирани правни и физички лица.
3. Судот на седницата утврди дека во член 22 став 3 од Законот е предвидено дека општината донесува урбанистички планови од член 7 точка 2 алинеја 1, 2 и 3, а според овој член општината донесува генерален урбанистички план, детален урбанистички план и урбанистичка документација на населено место во општината.
Во член 22 став 6 е предвидено дека урбанистичките планови од ставовите 3, 4 и 5 можат да се спроведуваат по издавање на согласност од Министерството надлежно за работите на урбанизмот.
Во оспорениот член 23 став 1 од Законот е предвидено дека со сосгласност од став 6 на член 22 од овој закон се потврдува дека планот е донесен согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
Според член 27 од Законот министерот надлежен за работите на урбанизмот ќе пропише поблиска содржина и начинот на графичка обработка на “плановите (член 7); начин и програма за полагање на испит за добивање на лиценца (член 16); начин и постапка за доенсување на плановите (членовите 17 и 18); стандарди инормативи за планирање (членовите 10, 11 и 12); начин и постапка за урбани санациони мерки (член 11) и начин на користење на неизградено градежно земјиште (член 26).
Во член 39 од Законот е предвидено дека надзор на спроведувањето на овој закон како и на прописите донесени врз основа на него врши Министерството надлежно за работите на урбанизмот.
4. Според член 8 од Уставот на Република Македонија една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштита и напредувањето на животната средина и на природата.
Според член 115 од Уставот во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашањата од локално значење, а особено во областите на урбанизмот, комуналните дејности, културни, спортски … и други области) утврдени со закон.
Општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и законот, а надзорот над законитоста на нејзинатаа работа го врши Републиката.
Од наведената уставна одредба произлегува дека во единиците на локалната самоурпава граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат покрај другото и за прашања од областа на урбанизмот односно урбанистичкото планирање.
Имено, поаѓајќи од уставниот принцип на уредување и хуманизација на просторот, оссновните оригинерни права на единиците на локалната самоуправа и на граѓаните во одлучувањето за прашања од областа на урбанистичко планирање, како и јавниот интерес утврден за изработувањето и донесувањето на просторните и урбанистички планови, законодавецот имај?и ги предвид сите овие елементи во областа на урбанизмот предвидел сложена постапка со која се донесуваат урбанистичките планови.
Сложената постапка се огледа, покрај другото, и во фактот што плановите се изработуваат како нацрт и предлог на планови во која постапка граѓаните непосредно учествуваат со давање на свои мислења и забелешки, учество на стручни лица и вршење на стручна ревизија од страна на стручна и научна институција или комисија чии членови ги определува министерот надлежен за работите на урбанизмот од претставници на органите на управата и истакнати научни и стручни работници.
Значењето и сложеноста на урбанистичкото планирање ја наметнува потребата законодавецот да предвиди дека донесените урбанистички планови можат да се спроведат по издавање на согласност од надлежното министерство при што со давањето на согласност се потврдува дека планот е донесен согласно одредбите на законот и прописите донесени врз основа на законот.
Според тоа Судот смета дека согласноста е интегрален дел на урбанистичкиот план и давањето на согласноста треба да се сфати како учество на државниот орган во создавање на актот за кој се дава согласноста, односно инструмент со кој органот потврдува дека плановите како подзаконски акт се донесссуваат во законската постапка, и дури по дадената согласност актот станува полноважен.
Имајќи го предвид фактот што Законот прецизно го дефинирал овластувањето на Министерството за урбанизам при давањето на согласноста за урбанистичкиот план со условување во постапката за донесување на плановите да се почитуваат и применуваат законите и актите за извршување на законите, Судот смета дека не се нарушува самостојноста на единицата на локалната самоуправа која самостојност согласно Уставот законски е детрминирано.
5. Со оглед на изнесеното, Судот утврди дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот член со Уставот и одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков. д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски. (У.бр.50/2000)