203/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 мај 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот за поведување постапка за оценување уставноста на член 17 став 1, во делот “преку една половина” и став 2 во вториот дел од реченицата, а кој гласи

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 19 во делот за “прирастоците” од Законот означен во точката 1 од ова решение.

3. Владан Златановиќ од Скопје на Уставниот суд на Република македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на оспорените делови на членовите од Законот означени во точките 1 и 2 од ова решение затоа што со нив граѓаните се делеле на две групи во поглед на нивните права и обврски утврдени во тие членови и на тој начин истите се ставале во нееднаква положба, што не било во согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија.

Имено, според наводите во иницијативата, согласно член 17 став 1 една група на граѓани при враќањето на одземената недвижност ќе морале да платат разлика за вредноста (ако таа е зголемена преку една половина), а друга група немало да ја плати разликата на зголемената вредност (доколку таа е помала од една половина) со што втората група граѓани се ставала во поповолна положба во однос на првата група. И според член 18 став 1, на група граѓани на чија недвижност и е намалена вредноста преку една половина ќе им се исплатела разлика за намалената вредност (надомест), а на другата група, на чија недвижност вредноста е намалена до или помалку од една половина немало да им се исплати разлика за намалената вредност, со што, исто така, се создавала нерамноправност бидејќи првата група била ставена во поповолна положба во однос на втората група на сопственици, односно граѓани.

Со оспорениот дел на член 17 став 2, со кој присилно се воспоставувале сосопственички односи меѓу сопственикот и државата по истекот на една година од правосилноста на решението за денационализација, доколку барателот разликата не ја плати во определениот рок, се ограничувало правото на сопственост, односно правото на владение со сопствениот имот.

И на крај, член 19 се оспорува од причини што според мислењето на подносителот поимот “прирастоци” опфаќал во себе најразновидни добра, од градежни објекти до инфраструктурни инвестициони вложувања, па оттука со решението на овој член инвестицијата не била заштитена доследно, а со оглед дека според решението од член 17 таквите инвестиции (било да се вложени од граѓанинот или државата) биле заштитени само ако ја надминувале вредноста на имотот повеќе од 50%. Со ова решение, исто така, една група од граѓани, а и самата држава, се ставале во оштетена категорија, односно во нерамноправна положба, спрема другата категорија граѓани (сопствениците).

4. Судот на седницата утврди дека според ставот 1 на член 17 од Законот означен во точката 1 на ова решение, за недвижност чија вредност по одземањето е зголемена преку една
половина државата на барателот му понудува по следниов приоритет: 1) враќање на сопственост доколку се плати разлика за зголемената вредност на недвижноста; 2) воспоставување сосопственички дел до висината на првобитната вредност на недвижноста и 3) плаќање надомест, а според ставот 2 на истиот член, разликата во вредноста од ставот 1 точка 1 на овој член барателот е должен да ја плати во рок од една година од правосилноста на решението за денационализација, а ако разликата не ја плати во определениот рок се воспоставува сосопственички дел до висината на првобитната вредност на недвижноста, со државата.

Според ставот 1 на член 18 од Законот, недвижноста чија вредност по одземањето е намалена преку една половина се враќа во сопственост со плаќање на разлика за намалената вредност на недвижноста, а според членот 19 од Законот, кога се враќа недвижност во сопственост, помошните и на нив слични простории и објекти, како и прирастоците и споредните предмети ја делат судбината на недвижноста.
.
Судот на седницата, исто така, утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за денационализација (“Службен весник на Република Македонија” бр.31/2000) членовите 17 и 18 се изменети и тоа токму во оспорените делови со тоа што во нивната нова содржина не е предвидена граничната линија “преку една половина”, како услов и критериум за плаќање на разликата за зголемената вредност на недвижноста, односно за давање на надомест за разлика на намалената вредност на недвижноста, кога таквата недвижност се враќа во сопственост, а е изоставен и текстот од ставот 2 на член 17 кој се однесуваше за воспоставување на сосопственички дел.

5. Со оглед на тоа што оспорените делови од членовите 17 и 18 на Законот за денационализација, по влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на овој закон, се избришани од нивната содржина, и повеќе не постојат во правниот поредок, Судот утврди дека согласно член 28 од Деловникот постојат процесни пречки за одлучување за овој дел од иницијативата.

6. Што се однесува до оспорениот член 19, според мислењето на Судот овој член не треба да се гледа во конотација на членовите 17 и 18 од Законот за денационализација бидејќи поимот “прирастоци” употребен во овој член ги опфаќа оние споредни ствари (предмети) кои се природно поврзани со земјиштето односно недвижноста, а не оние кои се вештачки, механички врзани за земјиштето, како што се градежните објекти и инфраструктурата.

Според тоа, во таа смисла и значење употребен и сфатен овој поим, Судот оцени дека со оспорениот дел на членот 19 не се повредува принцип на еднаквост на граѓаните утврден во член 9 од У ставот на Република Македонија, односно не се врши поделба на граѓаните на две категории, како што смета подносителот на иницијативата , поради што пред Судот не се постави прашањето за согласноста на член 19 во делот за “прирастоци” од Законот за денационализација со наведениот член од Уставот. Ова дотолку повеќе што и причини за оспорување на овој дел од одредбата на член 19 од Законот беа оспорените делови од членовите 17 и 18, кои што после извршените изменувања и дополнувања на Законот се избришани, односно повеќе не постојат.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите: д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Тодор Џунов.

У.бр.203/99 Претседател
24 мај 2000 год. на Уставниот суд на Република
Скопје Македонија,
лк д-р Милан Недков

Судија-известител,
Олга Лазова

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 мај 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот за поведување постапка за оценување уставноста на член 17 став 1, во делот “преку една половина” и став 2 во вториот дел од реченицата, а кој гласи: “а ако разликата не ја плати во определениот рок се воспоставува сосопственички дел до висината на првобитната вредност на недвижноста, со државата” и член 18 став 1 во делот “преку една половина” од Законот за денационализација (“Службен весник на Република Македонија” бр.20/98).

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 19 во делот за “прирастоците” од Законот означен во точката 1 од ова решение.

3. Владан Златановиќ од Скопје на Уставниот суд на Република македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на оспорените делови на членовите од Законот означени во точките 1 и 2 од ова решение затоа што со нив граѓаните се делеле на две групи во поглед на нивните права и обврски утврдени во тие членови и на тој начин истите се ставале во нееднаква положба, што не било во согласност со член 9 од Уставот на Република Македонија.

Имено, според наводите во иницијативата, согласно член 17 став 1 една група на граѓани при враќањето на одземената недвижност ќе морале да платат разлика за вредноста (ако таа е зголемена преку една половина), а друга група немало да ја плати разликата на зголемената вредност (доколку таа е помала од една половина) со што втората група граѓани се ставала во поповолна положба во однос на првата група. И според член 18 став 1, на група граѓани на чија недвижност и е намалена вредноста преку една половина ќе им се исплатела разлика за намалената вредност (надомест), а на другата група, на чија недвижност вредноста е намалена до или помалку од една половина немало да им се исплати разлика за намалената вредност, со што, исто така, се создавала нерамноправност бидејќи првата група била ставена во поповолна положба во однос на втората група на сопственици, односно граѓани.

Со оспорениот дел на член 17 став 2, со кој присилно се воспоставувале сосопственички односи меѓу сопственикот и државата по истекот на една година од правосилноста на решението за денационализација, доколку барателот разликата не ја плати во определениот рок, се ограничувало правото на сопственост, односно правото на владение со сопствениот имот.

И на крај, член 19 се оспорува од причини што според мислењето на подносителот поимот “прирастоци” опфаќал во себе најразновидни добра, од градежни објекти до инфраструктурни инвестициони вложувања, па оттука со решението на овој член инвестицијата не била заштитена доследно, а со оглед дека според решението од член 17 таквите инвестиции (било да се вложени од граѓанинот или државата) биле заштитени само ако ја надминувале вредноста на имотот повеќе од 50%. Со ова решение, исто така, една група од граѓани, а и самата држава, се ставале во оштетена категорија, односно во нерамноправна положба, спрема другата категорија граѓани (сопствениците).

4. Судот на седницата утврди дека според ставот 1 на член 17 од Законот означен во точката 1 на ова решение, за недвижност чија вредност по одземањето е зголемена преку една
половина државата на барателот му понудува по следниов приоритет: 1) враќање на сопственост доколку се плати разлика за зголемената вредност на недвижноста; 2) воспоставување сосопственички дел до висината на првобитната вредност на недвижноста и 3) плаќање надомест, а според ставот 2 на истиот член, разликата во вредноста од ставот 1 точка 1 на овој член барателот е должен да ја плати во рок од една година од правосилноста на решението за денационализација, а ако разликата не ја плати во определениот рок се воспоставува сосопственички дел до висината на првобитната вредност на недвижноста, со државата.

Според ставот 1 на член 18 од Законот, недвижноста чија вредност по одземањето е намалена преку една половина се враќа во сопственост со плаќање на разлика за намалената вредност на недвижноста, а според членот 19 од Законот, кога се враќа недвижност во сопственост, помошните и на нив слични простории и објекти, како и прирастоците и споредните предмети ја делат судбината на недвижноста.
.
Судот на седницата, исто така, утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за денационализација (“Службен весник на Република Македонија” бр.31/2000) членовите 17 и 18 се изменети и тоа токму во оспорените делови со тоа што во нивната нова содржина не е предвидена граничната линија “преку една половина”, како услов и критериум за плаќање на разликата за зголемената вредност на недвижноста, односно за давање на надомест за разлика на намалената вредност на недвижноста, кога таквата недвижност се враќа во сопственост, а е изоставен и текстот од ставот 2 на член 17 кој се однесуваше за воспоставување на сосопственички дел.

5. Со оглед на тоа што оспорените делови од членовите 17 и 18 на Законот за денационализација, по влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на овој закон, се избришани од нивната содржина, и повеќе не постојат во правниот поредок, Судот утврди дека согласно член 28 од Деловникот постојат процесни пречки за одлучување за овој дел од иницијативата.

6. Што се однесува до оспорениот член 19, според мислењето на Судот овој член не треба да се гледа во конотација на членовите 17 и 18 од Законот за денационализација бидејќи поимот “прирастоци” употребен во овој член ги опфаќа оние споредни ствари (предмети) кои се природно поврзани со земјиштето односно недвижноста, а не оние кои се вештачки, механички врзани за земјиштето, како што се градежните објекти и инфраструктурата.

Според тоа, во таа смисла и значење употребен и сфатен овој поим, Судот оцени дека со оспорениот дел на членот 19 не се повредува принцип на еднаквост на граѓаните утврден во член 9 од У ставот на Република Македонија, односно не се врши поделба на граѓаните на две категории, како што смета подносителот на иницијативата , поради што пред Судот не се постави прашањето за согласноста на член 19 во делот за “прирастоци” од Законот за денационализација со наведениот член од Уставот. Ова дотолку повеќе што и причини за оспорување на овој дел од одредбата на член 19 од Законот беа оспорените делови од членовите 17 и 18, кои што после извршените изменувања и дополнувања на Законот се избришани, односно повеќе не постојат.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите: д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Тодор Џунов.

У.бр.203/99
24 мај 2000 год.
Скопје
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Милан Недков