Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 април 2000 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Законот за исплата на платите во Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.70/94; 62/95 и 33/97) во целина и посебно член 1.
2. АД “Комуна” од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него, а посебно со член 1, се повредувале принципите на еднаквост на субјектите на пазарот и еднаквоста на вработените, гарантирани со Уставот на Република Македонија.
3. На седницата Судот утврди дека во повеќе наврати ја оценувал уставноста на законот во целина и посебно неговиот член 1 од аспект на наводите во иницијативата на АД “Комуна”, и во повеќе решенија одлучил да не поведе постапка за оценување неговата уставност односно да отфрли иницијативи за повторно одлучување за истата работа (У.бр.127/95, У.бр.38/96, У.бр.148/97, У.бр.58/98).
Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Врз основа на изнесеното, а со оглед на тоа што не наоѓа основи за поинакво одлучување, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.9/2000
12 април 2000 година
С к о п ј е
сд/.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков