У.бр.157/2000

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 11 април 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за воени летачи и летачка служба во Армијата на Република Македонија, донесен од министерот за одбрана во јануари 1997 година.
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе предлог за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.Според наводите во иницијативата не постоел законски основ за неговото донесување; членовите 33 и 34 од Правилникот ги предвидувале условите кога на воениот летач му престанува летачката служба, а тоа била материја што можела да се регулира исклучиво со закон; членовите 38 и 44 од Правилникот кои го овластувале министерот да донесува решение за престанок на летачката служба, односно да делегира надлежност на началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија во смисла што го овластува да ја пропишува формата, содржината, начинот на водењето и чувањето на летачката книшка, биле несогласни со членот 61 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа и членот 49 од Правилникот предвидувал истиот да влезе во сила со денот на донесувањето, а не по негово објавување во “Службен весник на Република Македонија”, што го чинело несогласен со Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорениот правилник се уредуваат прашања во врска со воено летачките звања на воените летачи, начинот и условите на нивното стекнување, вршењето на летачката служба во Армијата на Република Македонија, обликот и содржината на летачката книшка на воените летачи,летачката облека и опрема и лекарските прегледи.
4. Согласно член 3 став 1 точка 4 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во “Службен весникна Република Македонија”, во “Службен весник на Република Македонија” се објавуваат правилниците, наредбите, упатствата, решенијата и другите акти за кои со закон се овластени да ги донесуваат министрите кои раководат со министерствата, како и
3. функционерите кои раководат со другите органи на управата и организации утврдени со закон, како и други акти за кои тие ќе одлучат да се објават во “Службен весник на Република Македонија”. Од текстот на преодните и завршните одредби на оспорениот Правилник видно е дека овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување од што произлегува дека министерот за одбрана одлучил, Правилникот да не се објави во “Службен весник на Република Македонија”, туку да стапи во сила со денот на неговото донесување од причина што тоа е интерен акт на министерството.Тргнувајќи од содржината на оспорениот Правилник во целина, Судот смета дека со овој Правилник само се доуредуваат одредени прашања кои се однесуваат исклучиво на интерните односи во Мииистерството за одбрана од областа на обавувањето на летачката службаво Армијата на Република Македонија.Всушност, според Судот, овој Правилник е интерен акт на Министерството за одбрана и не претставува пропис донесен од министерот за одбрана за вршење на јавни овластувања утврдени со закон. Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека оспорениот правилник не е пропис за кој Уставниот суд е надлежен да ја цени неговата уставност и законитост, поради што согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од судијата Олга Лазова во својство на заменик претседател на Судот и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.157/2000
11 април 2000 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков