Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 82 став 2, а во врска со член 82 став 1 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.70/92) на седницата одржана на 19 ноември 1999 година донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УТВРДУВА дека на претседателот на Република Македонија г-дин Киро Глигоров му престанува мандатот по сила на Уставот заклучно со 19 ноември 1999 година, поради истек на времето за кое е избран.
2. Оваа одлука ќе се достави до претседателот на Републиката г-дин Киро Глигоров и до претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Саво Климовски, а ќе се објави во “Службен весник на РМ”.
3. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.223/1999
19 ноември 1999 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Милан Недков