У.бр.35/1999

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 алинеја 4 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 октомври 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на Правилникот за надоместоците за јавно изведување и соопштување на музички дела во јавноста и Тарифата за надоместоците за јавно изведување и соопштување на музички дела во јавноста – составен дел на Правилникот (“Службен весник на Република Македонија” бр.61/92, 3/93, 35/93, 60/93 и 17/94), донесен од Сојузот на композиторите на Македонија.

2. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.35/99 од 9 јуни 1999 година поведе постапка за оценување уставноста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со член 52 од Уставот на Република Македонија поради тоа што истите не беа објавени во “Службен весник на Република Македонија” по добивањето на согласноста од Министерството за култура согласно член 180 од Законот за авторското право и сродните права (“Службен весник на Република Македонија” бр.47/96, 3/98).

3. На седницата Судот утврди дека по поведување на постапката Правилникот за надоместоците за јавно изведување и соопштување на музички дела во јавноста и Тарифата, која е составен дел на Правилникот се објавени или поточно реобјавени во “Службен весник на Република Македонија” бр.60/99, во кој истовремено е објавена и согласноста на овој Правилник дадена од страна на Министерството за култура. Поради тоа Судот утврди дека во текот на постапката отпадна основот за сомневање во уставноста на оспорениот Правилник, па согласно член 47 од Деловникот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.35/99
6 октомври 1999 година
С к о п ј е
лк.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков