113/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 22 септември 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Деталниот урбанистички план за УЕ-2 во Струга.

2. Неим и Шаин Селими од Струга, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата се наведува дека при донесувањето на Урбанистичкиот план за УЕ-2 во Струга, подносителите на иницијативата доставиле приговор во кој барале магацинот кој бил стара градба во нивна сопственост да биде задржан во новиот урбанистички план. Бидејќи не добиле известување дали нивниот приговор е прифатен или одбиен се обраќаат до Уставниот суд со подолго образложение и доказен материјал за начинот на стекнувањето на сопственост врз спорниот објект – магацин.

Во дополнителното појаснување од истите иницијатори се наведува дека спорниот Урбанистички план бил донесен неполни три месеци откако го купиле магацинот и дека од многуте други магацини само просторот на нивниот магацин бил предвиден за изградба на паркиралиште. Со тоа било повредено нивното социјално право бидејќи била доведена во прашање нивната егзистенција.

3. Според член 17 став 3 и член 18 став 1 и 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, по нацртот на деталниот урбанистички план и урбанистичка документација за населено место во општина, се спроведува јавна анкета. Јавната анкета се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 15 дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица во конкретното подрачје опфатено со планот, доставуваат писмени забелешки, на анкетни листови до организаторот на анкетата. За јавната анкета, Министерството надлежно за работите на урбанизмот, изготвува извештај со образложение за неприфатените забелешки, кој се доставува заедно со предлогот на планот на усвојување.

Во конкретниот случај, од Извештајот на Министерството за урбанизам и градежништво – Подрачна единица Струга, е евидентно дека јавната анкета по Нацртот на деталниот урбанистички план за УЕ-2 Струга е спроведена во периодот од 10 до 25 март 1997 година. Во тој период од страна на граѓаните до оваа подрачна единица биле доставени 32 приговори – анкетни листови од кои 24 биле прифатени, а останатите биле одбиени. Во овој Извештај, под реден број 8 е наведено дека приговорот на Неим и Шаин Селими е одбиен од причина што на просторот постојат повеќе магацини кои обавуваат дејност трговија на големо и заради тоа е неопходна потребата просторот да биде урбанизиран за паркиралиште.

Согласно цитираната законска одредба, Министерството надлежно за работите на урбанизмот има обврска да изготви извештај со образложение за неприфатените забелешки, и да го достави заедно со предлогот на планот на усвојување. Меѓутоа, Министерството нема обврска да ги известува граѓаните за неприфатените забелешки.

Со оглед на тоа што е неспорно дека подносителите на иницијативата учествувале во јавната анкета и дека нивната забелешка не била прифатена со образложение, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на Деталниот урбанистички план за УЕ-2 Струга со членовите 17 став 3 и 18 став 1 и 3 од Законот.

4. Што се однесува до тврдењето во иницијативата дека со решението предвидено со Урбанистичкиот план било повредено нивното социјално право бидејќи била доведена во прашање нивната егзистенција, Судот смета дека тоа не е предмет на обработка на урбанистичкиот план. Нивното право на сопственост и надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност на објектот, иницијаторите ќе го остваруваат во постапка за експропријација.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.113/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
22 септември 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
лк. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
Бесим Селими

У.бр.113/99
22 септември 1999 година
С к о п ј е
лк.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков