46/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 14 јули 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката бр.02-33/2 од 28 јуни 1990 година, донесена од работничкиот совет на ООЗТ Национален парк “Маврово” – Маврови Анови.

2. Исо Чапаровски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорената одлука ги повредувала правата на граѓаните. Сите природни богатства на Републиката, расителниот и животинскиот свет и добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено историско и културно значење определени со закон, биле добра од општ интерес за Републиката и уживале посебна заштита што значело дека тие биле добра од интерес и за граѓаните и никој не можел да биде привилегиран, освен ако тоа со закон не било предвидено, а со Одлуката граѓанинот бил исклучен од општиот интерес, и покрај тоа што користењето на тие добра било објективен негов интерес. При тоа подносителот укажува дека со Законот за националните паркови бил уреден општиот интерес и заштитата на националните паркови и недвосмислено предвидел дека тие се општо добро со што била исклучена секаква привилегија за организацијата која управува со тоа добро.

Исто така, и според Законот за шумите, шумите биле природни богатства, добра од општ интерес за Републиката кои уживале посебна заштита и ја уредувал нивната заштита, при што не ги привилегирал организациите што управуваат со националните паркови.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се овластува стручно лице кое ќе врши увид на плацеви по поднесени барања од граѓани.

Стручното лице ќе врши ознака на стеблата кои претставуваат опасност при невреме да паднат и да го оштетат објектот и ќе изврши премер на означените стебла односно ќе ја утврди дрвната маса на стеблата.

Барателот е должен да ја плати вредноста на утврдената дрвна маса по цена утврдена со ценовникот на Паркот, пред да ги исече означените стебла.

Судот, исто така, утврди дека со Указ на Претседател-ството на Президиумот на Народното собрание на НРМ од 18 април 1949 година (“Службен весник на НРМ” бр.10/49), поради особените природни убавини, историското и национално значење на шумите и шумските предели околу Мавровското поле, дел од тие шумски предели се прогласува за национален парк под името “Национален парк Маврово”. Со Указот се определени границите и површината на Националниот парк Маврово, како и дека во границите на Паркот влегуваат атарите на селата Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница и Врбен.

Според членот 2 од Указот Националниот парк “Маврово” има своја управа која што е непосредно подредена на Министерот за шумарство. Во членот 3 е предвидено дека главната задача на Управата се состои во грижата да се сочуваат природниот изглед на пределите, животинскиот и растителниот свет во нив, градежните и други објекти, како и сите други особености на пределите, животинскиот и растителниот свет во нив, да послужи за целите поради кои што се овие предели прогласени за национален парк.

Според член 4 на Указот Министерот за шумарство со правилник пропишувал поблиски одредби за одржување, искористување на пашата, дрварењето, за обработување на зиратното земјиште, за употребата на преодните патишта и за одржување на чистотата по селата во границите на Паркот.

4. Согласно член 56 од Уставот на Република Македонија сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено, културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита, а според ставот 3 на овој член, со Закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.

Од наведената уставна одредба произлегува дека заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата претставува значајна задача на државата и пошироко на општеството. Во таа смисла Уставот оваа функција ја подигнал и на ниво на темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија и како таква, во членот 8 алинеја 10 уредувањето и хуманизација на просторот и заштитата на животната средина и на природата ја утврдил. Тоа подразбира дека заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата е грижа не само на државата, туку и на сите граѓани, претпријатијата, установите и органите на локалната самоуправа. Сите овие субјекти се должни да обезбедат услови за зачувањето на природните и со работа создадени вредности на човековата средина и да ги отстрануваат штетните последици и дејствија што ги загрозуваат тие вредности или го доведуваат во опасност животот и здравјето на луѓето. Од овие причини и заштитата на животниот и растителниот свет поблиску се уредува со закон со што се создаваат нормативни претпоставки за оптимално остварување на нивната заштита во целата Република.

Според Законот за заштита на националните паркови (“Службен весник на СРМ” бр.33/80, 10/90, и “Службен весник на Република Македонија” бр. 62/93), национални паркови се подрачја на зачувана автентична природа кои поради своите природни убавини и вредности на растителниот и животинскиот свет, геолошките, геоморфолошките, хидролошките и други карактеристики, историското, научното, културното, воспитно-образовното и друго значење, како добра од општ интерес, се под посебна заштита на општествената заедница.

Во членот 2 од овој закон е предвидено дека заштита во смисла на овој закон, е одржување, уредување и рационално користење на националните паркови за научни, културни, воспитно-образовни, здравствени, спортски, туристичко-рекреативни и други потреби и нивно унапредвудање.

Според членот 7 од Законот, национален парк се прогласува со закон, а во членот 9, е предвидено дека заштитата на национален парк ја остварува организацијата за заштита на национален парк, во случајов Управа за национални паркови и ловишта – Скопје, во чии состав работи Основната организација на здружен труд Националниот парк “Маврови Анови”.

Во членот 5 од Законот се уредени општествено-економските односи, со кој, нормативно е уредено обезбедувањето на средства за заштита на националните паркови, меѓу другото, и од сопствени приходи на организациите за заштита на националните паркови. Сопствени приходи на организациите на здружен труд за заштита на националните паркови (член 34 од Законот) се приходите остварени од санитарна и одгледувачка сеча на шуми, санитарни и одгледувачки отстрели на дивеч и риболов од влезници, од надоместоци за користење на земјиште, шуми и пасишта, кампинг и паркинг простори, за користење на посебно уредени терени и други услуги.

Според мислењето на Судот несомнено дека санитарна и одгледувачка сеча на шумите подразбира и сеча и отстранување на дотраени и опасни по животот дрвја во дворните места на сопствениците на куќите за одмор и рекреација, па ако тие претставуваат приход на организацијата разбирливо е дека таа може да наплатува надоместок за извршената работа. Според тоа ваквиот надоместок не може да се поистовети со јавна давачка.

Според член 5 од Законот за шумите (“Службен весник на Република Македонија” бр.47/97) одгледувањето, користењето и заштитата на шумите (стопанисување со шумите) е дејност од јавен интерес, а според членот 9, стопанисувањето со шумите за стопанска намена се врши според општиот план и посебни планови за стопанисување со шуми, а одгледувањето и заштитата на шумите за посебна намена се врши според општиот план од ставот 1 на овој член и посебни планови за одгледување и заштита на шумите.

Во членот 14 од Законот е предвидено дека шуми за посебна намена се шуми кои претставуваат природна реткост и убавина и шуми кои првенствено служат, меѓу другото и за одмор, спорт и рекреација. Според член 15 од Законот, шумите за посебни намена можат да бидат определени како: шуми во национални паркови, заштитни шуми, шумски и ловни резервати, парк шуми, спомен шуми, шуми за производство на шумско семе, излетишта и шуми за потребите на науката, наставата и одбраната.

Националните паркови се определуваат заради заштита на природните реткости и убавини.

Според член 16 од Законот националните паркови се определуваат со закон, а според ставот 3 на овој закон, со актот за определување на шумата за посебна намена се утврдува намената, режимот на одгледувањето, заштитата на шумата и правните лица кои ќе вршат одгледување – заштита на шумата за посебна намена. Одгледувањето и заштитата на шумите за посебна намена ги врши Јавното претпријатие или друго правно лице кое ќе го определи Владата на Република Македонија (член 17 став 3 од Законот), и во тој случај правата и обврските се утврдуваат со договор (став 4 на член 17).

Според член 33 од Законот ознака за сеча во државна и во приватна шума, како и на ретки видови на дрвја и на дрвја надвор од шумата, врши јавното претпријатие, односно правното лице кое врши одгледување и заштита на шумите за посебна намена. Според ставот 2 на овој член за вршење ознака за сеча согласно став 1 на овој член, во приватна шума средства обезбедува сопственикот на шумата.

Тргнувајќи од анализата на наведените уставни и законски одредби јасно произлегува дека шумите се добра од општ интерес за Републиката и дека начинот на користење и нивната заштита се уредени со закон и дека државата е должна да обезбеди посебна заштита на ова добро, независно од тоа во чија сопственост се наоѓаат. При тоа, Законот за шумите грижата за одгледување и заштитата на шумите за специјална намена односно националните паркови исцело ја доверува на државата односно на јавното претпријатие или овластено правно лице. Во тој контекст се поставува прашањето дали грижата за дрвата на земјиштето доделено на користење на сопствениците на куќите за одмор и рекреација во Националниот парк “Маврово” е на сопствениците или на државата. Според мислењето на Судот, поагајќи од фактот дека земјиштето дадено на користење на сопствениците на куќите за одмор и рекреација претставува дел од Националниот парк “Маврово” и со оглед на тоа што претставува добро од општ интерес, граѓаните исто така се должни да учествуваат во трошоците за нивно одржување, посебно што ова земјиште е во функција на куќата и служи за задоволување на нивните потреби. Според тоа, вредноста на утврдената дрвна маса што треба да ја плати граѓанинот, по цена утврдена од ценовникот, всушност претставува приход на организацијата наменет за одржување и заштита на националниот парк “Маврово” и не може да се смета за јавна давачка.

При тоа треба да се има предвид дека согласно член 89 од Законот за шумите, со влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат постојните акти со кои шумите се дадени на стопанисување на правни субјекти по било која основа, освен шумите во националните паркови, шумските резервати и парк шумите. Според тоа Управата за националните паркови и ловишта Скопје, во чии состав е и организацијата Национален парк “Маврово”, продолжува со работа и има законско овласутање да остварува приходи од санитарна и одгледувачка сеча на шуми, односно од сеча и одстранување на дотрајани и опасни по живот дрвја од дворните места на викенд-куќите.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.46/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
14 јули 1999 година на Уставниот суд на Република
Скопје Македонија
д-р Милан Недков

Судија-известител
д-р Јован Проевски

ат. Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 14 јули 1999 година, донесе

У.бр.46/99
14 јули 1999 година
Скопје
ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков