Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 23 јуни 1999 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВААТ.
– Одлуката за утврдување обврска, начин и постапка за усогласување на организацијата и работењето на ЈСП “Скопје” Скопје, донесена од Советот на град Скопје на 22 јануари 1998 година; и
– Одлуката за утврдување обврска, начин и постапка за усогласување на организацијата и работата на Јавното претпријатие што произлегува од санитарната депонија за цврсти отпадоци “Дрисла”, донесена од Советот на град Скопје на 22 јануари 1998 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство со денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија ност со Уставот и со Законот за јавните претпријатија.
4. Судот на седницата утврди дека во Одлуката за утврдување обврска начин и постапка за усогласување на организацијата и работењето на јавните претпријатија што произлегуваат од ЈП “Комуналец” Скопје со Законот за јавните претпријатија е утврдено дека со оваа одлука градот Скопје во својство на основач и сопственик на поранешната ЈКП “Комуналец” – Скопје од кое со поделба произлегоа јавното претпријатие “Комунална хигиена” “Водовод и канализација” “Паркови и зеленило” и “Улици и патишта “, а во смисла на член 49 од Законот за јавните претпријатија утврдува обвр ска начин и постапка за усогласување на нивната организација и работење со Законот за јавните претпријатија, Законот за комунални дејности и други закони и прописи што уредуваат прашања од доменот на нивната основна дејност.
Понатаму во член 2 од Одлуката е предвидено дека органите на јавните претпријатија ги именува и разрешува Советот на град Скопје на начин и постапка утврдени со закон. Органите се должни да се грижат за непречено вршење на дејност од јавен интерес утврден со закон.
Во член 3 е предвидено дека управните одбори на јавните претпријатија се состојат од по 15 члена што ги именува и разрешува Советот на град Скопје.
Во управните одбори по 10 (десет) члена се претставници на градот Скопје, а по 5 (пет) члена се од редот на вработените во соодветното јавно претпријатие.
Мандатот на членовите на управните одбори трае до истекот на мандатот на членовите на Советот на град Скопје што ги именувал. Во случај на престанок на мандатот или во случај на распуштање на управниот одбор, тој продолжува да ги врши функциите до именувањето на нов управен одбор.
Во член 4 од Одлуката е предвидено дека директор на јавно претпријатие именува односно разрешува Советот на град Скопје, по предлог на градоначалникот на градот Скопје. Директорот на јавно претпријатие може да има заменик кого го именува, односно разрешува Советот на град Скопје, по предлог на градоначалникот на град Скопје.
Директорот и заменик на директорот се именува со мандат од 4 години.
Во член 5 е предвидено дека во случај кога не е извшено именување на директор и заменик на директорот и заради тоа во јавното претпријатие може да настане нарушување на работењето односно вршењето на дејноста или постои можност јавното претпријатие да не ги извршува со закон утврдените обврски, Советот на град Скопје на предлог на градоначалникот на град Скопје, може да именува вршител на должноста директор на соодветно јавно претпријатие за време кое не може да биде подолго од 6 месеци.
Во член 6 е предвидено дека директорот и заменик на директорот не можат да учествуваат во штрајк во јавното претпријатие. Советот на град Скопје со посебен акт ќе утврди кои други носители на раководни функции покрај директорот и заменик на директорот односно лица од кои зависи процесот на работата или се од незаменливо значење за одвивање на дејноста на јавното претпријатие не може да учествува во штрајк и ќе ги пропише обврските на лицата кои не можат да учествуваат во штрајк.
Во член 7 е предвидено дека одредбите за контрола на материјално-финансиското работење на јавните претпријатија се состои од по 5 (пет) члена кои си именува односно разрешува Советот на град Скопје.
Во член 8 е предвидено дека управавните одбори на јавните претпријатија во рок од 30 дена од денот на нивното именување ќе ги усогласат статутите на соодветните јавни претпријатија со Законот за јавните претпријатија и другите закони и прописи и ќе му ги достават на Советот на град Скопје, заради давање согласност.
Во член 9 е предвидено дека Советите на вработените во јавните претпријатија се должни во рок од 8 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука да му достават на Советот на град Скопје предлог за именување членови во новите управни одбори од редот на вработените во соодветното јавно претпријатие.
Во член 10 е предвидено дека доколку овластените субјекти на јавното претпријатие не ги извшрат обврските што произлегуваат од оваа одлука ќе се смета дека настанало нарушување на работењето во јавното претпријатие во смисла на член 39 од Законот за јавните претпријатија, а градот Скопје во својство на основач ќе ги преземе мерките предвидени со закон, заради обезбедување услови за непречено вршење на дејностите односно работењето и функционирањето на соодветното јавно претпријатие.
Во одлуките за утврудвање обврска, начин и постапка за усогласување на организацијата и работата на Јавното сообра?ајно претпријатие “Скопје” ; Скопје и Јавното претпријатие Санитарна депонија за цврсти отпади ” Дрисла” Скопје со Законот за јавните претпријатија градот Скопје во својство на основач и сопственик на ЈСП “Скопје” Скопје и ЈП Санитарна депонија за цврсти отпадоци “Дрисла” утврдува обврска, начин и постапка за усогласување на организацијата и работењето на наведеното јавно претпријатие со Законот за јавни претпријатија, Законот за комунални дејности.
Во овие одлуки на истоветен начин се регулираат прашањата кои се однесуваат на органите на јавните претпријатија односно за управниот одбор, за директорот, за заменик директорот, за одборот за контрола на материјално-финансиското работење, за тоа кои лица не можат да учествуваат во штрајк на јавни претпријатија, како што е утврдено и во Одлуката за утврдување обврска, начин и постапка за усогласување на организацијата и работењето на јавните претпријатија што произлегуваат од Јавното комунално претпријатие ” Комуналец” Скопје.
5. Според член 58 став 1 од Уставот, основа за управување и учество во одлучувањето се сопственоста и трудот.
Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.
6. Според член 3 став 1 од Законот за јавните претпријатија (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/96) јавни претпријатија во име на Република Македонија основа Владата на Република Македонија.
Според став 3 од овој член за вршење на одделни стопански дејности од јавен интерес, во рамките на своите надлежности јавни претпријатија можат да основаат општините и градот Скопје под услови и начин утврдени со закон.
Во член 3 став 4 на овој закон е предвид ено дека јавните претпријатија основани од Република Македонија се во сопственост на Република Македонија, а јавните претпријатија основани од општината, односно градот Скопје се во сопственост на општината, односно градот Скопје.
Во Законот за јавните претпријатија во однос на организацијата и управувањето на јавните претпријатија се утврдени органите, над лежноста, составот и изборот на органите на јавните претпријатија. Така како органи на јавните претпријатија се утврдени управниот одбор, одборот за контрола на материјално финансиското работење и директорот.
Според член 17 од Законот управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку 5 члена и најмногу 15 члена, а во јавното претпријатие се формира и совет на вработените.
Во управниот одбор основачот именува односно разрешува претставници од редот на афирмирани стручњаци од областа на предметот на работењето на јавното претпријатие и претставници на вработените од јавното претпријатие на предлог на советот на вработените.
Исто така во овој член е утврден и односот на претставниците на вработените во јавното претпријатие во управниот одбор во однос на вкупниот број на членови како и времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор.
Во член 18 од законот е утврдено кои лица не можат да бидат именувани за претседател и членови на управниот одбор, а додека во член 19 од законот се утврдени делокругот на надлежностите на управниот одбор како и начинот на одлучување.
Во член 23 од Законот е утврдено дека со работата на јавното претпријатие раководи директор, што го именува односно разрешува основачот за период од четири години.
Исто така во овој член се утврдени надлежностите на директорот како и неспоивоста на функцијата директор со други функции.
За вршење на контрола на материјално финансиското работење на јавното претпријатие согласно член 26 се формира одбор за контрола составен од пет члена кои ги именува односно разрешува основачот.
Во член 29 од Законот за јавните претпријатија е предвидено дека организацијата, управувањето и раководењето со јавните претпријатија поблиску се уредува со статутот на јавното претпријатие.
Освен наведените права на основачот што произлегуваат од споменатите законски одредби во член 11 од Законот се утврдени и актите на јавното претпријатие за кои согласност дава основачот.
Заради остварување и заштита на јавниот интерес во јавниото претпријатие, а во случај на нарушување на работата односно вршењето на дејноста на јавното претпријатие од член 39 до 41 се утврдени мерки што основачот може да ги презема со цел да се обезбеди трајно и непречено вршење на дејноста на јавното претпријатие.
Имено според член 39 од законот нарушување на работењето на јавното претпријатие во смисла на овој закон се смета дека настапило: ако со начинот на работењето јавното претпријатие не се обезбедува трајно и непречено вршење на производството и прометот на определени производи и пружање на услуги, или остварувањето на планот за развој на начин утврден со законот, со што се нанесува штета или може да се нанесе штета на корисниците; ако со располагање на средствата се менува основната намена на средствата, се менуваат и основните услови за работење на јавното претпријатие утврдени во согласност со законот, заради остварување на јавниот интерес во јавното претпријатие со што суштествено се отежнува вршењето на неговата дејност утврдена со актот за основање и во други случаи утврдени со законот.
Поради нарушување на работењето во јавното претпријатие основачот во случаите од член 39 на Законот согласно член 40 може да ги преземе следните мерки: да го разреши директорот на јавното претпријатие, да го распушти управниот одбор како и одборот за контрола, да ја промени организацијата на јавното претпријатие и да го запре од извршување актот на јавното претпријатие кој е спротивен со законот; да го запре од извршување актот на јавното претпријатие ако го доведува во прашање остварувањето на основните функции на јавното претпријатие и други мерки утврдени со посебниот закон со кој се уредуваат условите и на чинот на вршење на одделна стопанска дејност од јавен интерес.
Во член 49 од Законот е предвидено дека постојните јавни претпријатија се должни организацијата и работењето да го усогласат со одредбите на овој закон во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Од напред наведените законски одредби произлегува дека организацијата и работењето на јавното претпријатие се уредени со закон, а во однос на постојните јавни претпријатијата основани пред влегување во сила на овој закон е утврдено обврска организацијата и работата јавните претпријатија да ја усогласат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Според тоа дека обврската за усогласување на јавните претпријатија е дирекно утврдено во законот, со тоа што во законот не е содржано овластување основачот со свој акт да утврдува обврска за усогласување на организацијата и работата на овие претпријатија.
Со оглед на тоа што со донесување на оспорените одлуки градот Скопје како основач на наведените јавни претпријатија ги пречекорил законските овластувања Судот оцени дека тие не се во согласност со наведените законски одредби.
Имајќи го предвид изнесеното како и фактот што со оспорените одлуки покрај утврдената обврска за усогласување со Законот за јавни претпријатија се уредува и организацијата и управувањето во овие претпријатија Судот оцени дека одлуките не се во согласност со член 58 од Уставот, според кој учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби е предмет на уредување со закон, а не со акт понизок од законот какви што се оспорените одлуки.
Со оглед на изнесеното, се одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство во состав од претседателот на Судот д-р Милан Не дков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талавски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.31/1998)