Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 јуни 1999 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член член 3 став 3 точка 1) и 3) од Законот за парничната постапка (“Службен весник на РМ” бр.33/98).
2. Предраг Симовски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата оспорените одредби од Законот не биле во согласност со Уставот, а посебно со неговите членови 51 и 55 став 1, затоа што термините “присилни прописи” и “моралот” содржани во тие одредби не биле уставна категорија, ниту постоеле законски и други правни критериуми за нивно определување и затоа што со тие одредби се ограничувала и слободата на пазарот и претприемништвото, кои можеле да бидат ограничени само од причините наведени во член 55 став 3 од Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека според член 3 став 1 од Законот за парничната постапка странките можат слободно да располагаат со барањата што ги ставиле во текот на постапката, а додека според ставот 2 од истиот член тие можат да се одречат од своето барање, да го признаат барањето на противникот и да се порамнат.
Според оспорениот став 3 на член 3 од Законот, судот нема да ги уважи располагањата на странките кои се:
1) во спротивност со присилните прописи;
2) во спротивност со одредбите на меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот
3) во спротивност со моралот.
4. Во член 51 став 1 од Уставот е утврдено дека законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Според член 55 став 1 од Уставот, од чиј аспект, исто така, се оспорени наведените одредби од Законот, се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото, а според ставот 3 од истиот член, слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата и животната средина или здравјето на луѓето.
Од наведените уставни одредби произлегува дека Уставот ги гарантира слободата на пазарот и претприемништвото, како едни од клучните основи на економските односи во Република Македонија и тоа во услови на трајна определба на нашето општество за воспоставување на нови сопственосни основи, со доминантна застапеност на приватната сопственост, имаментни на пазарните односи на стопанисување или пошироко на пазарното стопанство.
И покрај тоа што со Уставот не се уредува прашањето во врска со правилата на однесување на правните, односно стопанските и други субјекти на пазарот, според мислењето на Судот не постојат уставни пречки тие да се уредат со закон и тоа на начин што овие правила подеднакво ќе се однесуваат за сите учесници во правниот промет без притоа да станува збор за ограничување на слободата на пазарот и претприемништвото, како слободи гарантирани со Уставот. Така на пример, такви правила на однесување се пропишани во повеќе закони, а меѓу нив најзначаен е Законот за облигационите односи, со кој се уредуваат општествено-економските односи од областа на прометот на стоки и вршење на услуги и другите видови на односи блиски до нив. Во таа смисла во овој закон се предвидени следните правила или како што Законот ги нарекува начела: слобода на уредување на облигационите односи (член 10) рамноправност на учесниците (член 11), начелото на совесност и чесност (член 12), забрана на злоупотреба на правото (член 12), начело на еднаква вредност на давањето (член 15) и др., кои начела консеквентно се изразени и во нормативниот дел на содржината на овој закон.
Од аспект на оспорената одредба, значајно е да се истакне начелото на диспозитивниот карактер на одредбите од овој закон (член 20), според кое учесниците можат својот облигационен однос да го уредат поинаку отколку што е определено со овој закон, ако од одделна одредба на овој закон или од нејзината смисла не произлегува нешто друго. Оваа формулација од законот укажува дека одделните норми содржани во овој закон можат да бидат од присилен и диспозитивен карактер. Ваква терминолошка дикстинкција на правните норми познава и правната наука и теорија според кои т.н. присилни прописи се такви прописи кои ги обврзуваат сите учесници во правниот сообраќај на стрикно придржување на правилата на однесување кои се пропишани со тие прописи и нивните норми се императивни, односно задолжителни, кои правните субјекти не можат да ги менуваат со своја волја, за разлика од диспозитивните норми чие остварување зависи од волјата на учесниците во правниот сообраќај.
Или со други зборови, присилни прописи се оние правни норми донесени од државната власт чии правила на однесувања неизоставно мора да се применат онака како што се донесени, па на правните субјекти на кои се однесуваат не им се остава никаква слобода во постапувањето. Тие правила оневозможуваат слободно одбирање и слободно располагање на странките. Оттука овие правила се нарекуваат уште и категорични правила.
Како присилни прописи во поширока смисла на зборот се сметаат и оние со кои се определени повеќе (две, три …) правила на однесување и странките слободно можат да бираат една од дадените можности, но тие се стрикно врзани за тие дадени можности, со тоа што кои од нив ќе изберат зависи од нивната слободна волја. Поради тоа, овие прописи се нарекуваат и алтернативно диспозитивни бидејќи се со ограничени можности на избор на станката во поглед на нејзиното располагање односно однесување, за разлика од диспозитивните кои не содржат никакво ограничување во тој поглед.
Токму во ваквиот карактер и содржина на присилните прописи содржина е и основата на оспорената одредба од членот 3 став 3 точка 1 од Законот и доколку располагањата на странките истакнати во тужбеното барање во парничната постапка не би биле ограничени со тие прописи истите би се суспендирале односно би се оневозможила нивната примена, што од друга страна, не би било во согласност со уставниот принцип на владеењето на правото, ниту на начелото на уставноста и законитоста во материјална смисла на зборот.
Освен Законот за облигационите односи т.н. присилни норми односно прописи содржат и други закони, со кои заради заштита на определени односи се уредуваат условите и начинот на вршење на одредени дејности или стекнување на права врз извесни предмети, како и прописи со кои се уредуваат определени должности, обврски, а и забрани (пр. забрана на плаќање и наплатување во странски средства за плаќање) на правните субјекти, во кои по правило, за непочитување на овие норми е предвидена санкција или трпење на други штетни последици.
За разлика од т.н. присилни прописи, моралот не е правна, туку е социолошка категорија и правилата на моралот, како вид на општествени норми не се егзактно определени, ниту се писмено средени. Согласно тоа, моралот се поврзува со етичките принципи и сфаќања на определена средина или воопшто на општеството за тоа дали определено однесување е добро или лошо, односно дали нешто е морално или неморално, а ова сфаќање зависи од објективните околности, а не од нечија волја.
И покрај ваквиот карактер на моралот, сепак, моралот и правото, односно и правните норми, се меѓусебно поврзани, па оттука за нивниот однос постои и мислење дека бројни правни норми се во согласност со моралот бар на владеачката класа и затоа моралните норми се претвораат во право т.е. се санкционираат со државна принуда и обратно, моралните норми придонесуваат за правилна примена на правото.
Со оглед на значењето на моралните правила што тие го имале и се уште го имаат во воспоставување на меѓусебните односи на луѓето, не е во несогласност со Уставот, определени правила на моралот да бидат вградени во правните норми, во кои извесни однесувања на странките се ограничени со моралот, односно со неговите правила.
Имајќи го предвид изнесеното, како и фактот дека оспорените одредби од Законот (кои како и останатите одредби) се од процедурална, а не од материјална природа; Судот смета дека отсуството на термините “присилни прописи” и “моралот” во Уставот не е релевантен факт и основ за заклучување дека овие термини не можат да се употребуваат и во законите, со оглед дека со законите се врши операционализација на уставните одредби во функција на создавање правни претпоставки и услови за остварување на определени права и слободи утврдени со Уставот, а за кои законодавецот, согласно неговите уставни овластувања, ќе оцени дека уставната нормираност не е доволна основа и рамка за нивно остварување и реализирање. При тоа, законодавецот не е обврзан да ги употребува само термините и институтите што се содржани во Уставот, што е уште една причина пред Судот да не се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби со Уставот.
5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр. 72/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
2 јуни 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков
Судија-известител,
Бахри Исљами

У.бр. 72/99
2 јуни 1999 година
С к о п ј е
ли.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков