20/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 2 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 мај 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на членовите 15, 16 и 19 од Законот за градежното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79; 17/79; 37/80; 18/89; 21/91; 71/96 и 18/99).

2. Митко Грнарски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување на уставноста на членовите 15, 16 и 19 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со нив се повредувало правото на сопственост утврдено во член 30 од Уставот на Република Македонија.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со Решение У.бр.11/97, 36/97 и 140/97 од 15 април 1998 година ја оценувал уставноста на членовите 15, 16 и 19 од Законот за градежно земјиште и за нив не повел постапка.

4. Со оглед на тоа што Судот за истата работа веќе одлучувал, а сега не наоѓа основ за поинакво одлучување, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.20/99
26 мај 1999 година
С к о п ј е
ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков