215/1998-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 24 март 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на
а. Решението за именување членови на Управниот одбор на Фондот за спорт, култура и уметност на општина Струга;
б. Решението за именување членови на надзорниот одбор на Фондот за спорт, култура и уметност на општина Струга;
в. Одлуката за збратимување на градот Струга со Червара Ди Рома од Република Италија;
г. Заклучокот за верификација на мандатот на член на Советот на општината Струга;
д. Решението за именување директор на Јавното претпријатие “Комунално” ; – Струга;
?. Решението за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Комунално”-Струга;
е. Решението за именување членови на Одборот за контрола на материјалното и финансиското работење на Јавното претпријатие “Комунално”-Струга;
ж. Решението за именување директор на Јавното претпријатие “Водовод и канализација”-Струга;
з. Решението за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Водовод и канализација”-Струга;
с . Решението за именување членови на Одборот за контола на материјално-финансиското работење во Јавното претпријатие “Водовод и канализација”-Струга;
и. Решението за формирање комисија за жалби;
ј. Решението за разрешување и именување претседател и член на Одборот за финансии и буџет;
к. Решението за разрешување и именување претседател и член на Одборот за туризам;
л. Решението за именување ВД директор на Фондот за локални патишта и улици Струга; .

љ. Решението за именување претседател и членови на Управниот одбор во Фондот за локални патишта и улици на општина Струга;
м. Решението за именување претседател и членови на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Фондот за локални патишта и улици;
н. Одлуката за поставување на Спомен-биста на најголемиот полски поет Адам Мицкиевич во Паркот на поезијата;
њ. Одлуката за поставување на Спомен-биста на големиот шпански поет Федерико Гарсија Лорка во Паркот на поезијата;
о. Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струга за 1998 година, Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта на општина Струга за 1998 година и Програма за организирање и реализирање на туристичката сезона лето 1998 година;
п. Одлуката за основање на Фонд за уредување градежно неизградено земјиште на општина Струга и

р. Одлуката за основање Фонд за локални патишта и улици на општина Струга.
2. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на:
а. Одлуката за усвојување на измени на дел од Основниот урбанистички план за град Струга;
б. Програмата за изработка, измени и дополнување на урбанистичката документација;
в. Одлуката за утврдување бројот на членови на Управниот одбор и начинот и постапката на изборот на членовите на Управниот одбор во Фондот за локални патишта и улици на општина Струга;
г. Одлуката за определување бројот на членовите на Управниот одбор и начинот и постапката за избор на членови на Управниот одбор на Фондот за уредување на градежното неизградено земјиште на општина Струга;
д. Одлуката за формирање одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Фондот за уредување на градежно неизградено земјиште на општина Струга;
ѓ. Одлуката за измени и дополнувања на Програмата за условите и начинот на поставување и отстранување на времени објекти на подрачјето на општина Струга;
е. Одлуката за прогласување на почесни граѓани на градот Струга и добитниците на Златен венец на Струшките вечери на поезијата;
ж. Одлукат а за формирање Одбор за контрола на материјално-финансиското работење во Јавното претпријатие “Водовод и канализација”- Струга;
з. Одлуката за отстранување на возила со употреба на пајак возило;
с . Одлуката за прогласување на транзитни улици и
и. Одлуката за ставање под надлежност на Републичкиот фонд за магистрални и регионални патишта на транзитни улици со целосна патна сигнализација – хоризонтална и вертикална.
3. Слободан Јовановски и други советници на ВМРО – ДПМНЕ, ПДП и ПДПА и НДП во Советот на општина Струга, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за оценување законитоста на актите означени во точките 1 и 2 на ова решение.
Според наводите во иницијативата оспорените акти не биле донесени во постапка предвидена со Законот за локалната самоуправа, односно биле донесени на седница на Советот на општина Струга што се одржувала без законски предвидениот кворум.
4. Судот на седницата утврди дека од насловеноста на актите, означени во точката 1 од ова решение, произлегува дека со нив се определуваат односно именуваат претседатели и членови на поодделни комисии, управни одбори на поодделни комисии, управни одбори на поодделни фондови (за локални патишта за контрола на финансиско-материјалното работење, за екологија и заштита на животната средина…), се именуваат директори на одделни јавни претпријатија, се одобрува поставување спомен бисти на познати поети во Паркот на поезијата, со што според оценката на Судот станува збор за поединечни акти кои, како такви, не спа?аат во доменот на надлежноста на одлучувањето на Судот.
Фактот што овие акти се донесени во постапка спротивна на закон (одлучувано е без кворум) не е од одлучувачко значење, затоа што по својата природа (поединечни акти) и кога би биле донесени во легитимна постапка, Судот не би бил надлежен за оценување на нивната уставност и законитост.
Во врска со оспорените програми, означени под о) во точката 1 од ова решение, Судот оцени дека, независно од тоа што постои законски основ за нивно донесување, истите претставуваат акти со времен карактер кои престанале да произведуваат правно дејство со истекот на 1998 година, поради што одлучи дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување.
Исто така, во однос на актите означени во точката 1 под п) и р) од ова решение, Судот оцени дека истите претставуваат акти на основање и како такви, не претставуваат прописи во смисла на член 110 од Уставот.
5. Судот, на седницата, исто така, утврди дека:

– со Одлуката за усвојување на измена на дел од Основниот урбанистички план за град Струга се врши пренамена на зелената површина (дефинирана во Основниот урбанистички план) во простор наменет за градба на противпожарен дом и регионален пункт за потребите на ” ;Македонија пат”.
Според Одлуката, површината што се пренаменува е дел од КП.бр.2823 и истата е дефинирана во графичкиот дел кој е составен дел на Одлуката.
Одлуката е донесена врз основа на член 22 став 3 од Законот за просторното и урбанистичкото планирање според кој општината донесува урбанистички планови како што се: генералниот урбанистички план, деталниот урбанистички план и урбанистичката документација за населено место во општината.
Согласно член 10 став 2 од овој закон, генералниот урбанистички план содржи, ме?у другото, намена на земјиштето и функционална организација на подрачјето опфатено со планот.
Со оглед на тоа што со Основниот урбанистички план за град Струга овој простор на КП.бр.2823 бил предвиден како зелена површина, а со оспорената одлука истиот се пренаменува за изградба на противпожарен дом и регионален пункт за потребите на ” Македонија пат”, всушност се врши измена на урбанистичкиот план без да се спроведе постапката предвидена во Законот за просторно и урбанистичко планирање, Судот оцени дека може да се постави прашањето за нејзината согласност со Законот за просторното и урбанистичкото планирање и со Законот за локалната самоуправа од аспект на постапката за нејзиното донесување;
– со Програмата за изработка, измени и дополнување на урбанистичката документација се предвидуваат парцелни измени на постојниот Основен урбанистички план, парцелни измени на деталните урбанистички планови;изработка на урбанистички проект на определен потег, исправки на деталните урбанистички планови во определени населби, се определуваат локалитетите што ?е бидат дел од урбанистичката документација и сл.

Инаку, основ за нејзино донесување е членот 29 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа според кој, советот на единицата на локалната самоуправа, меѓу другото, е надлежен да донесува програми и планови за соодветното подрачје на единицата на локалната самоуправа, но со оглед на тоа дека истата е донесена на седница без потребен кворум, Судот оцени дека може да се постави прашањето за законитоста на програмата од аспект на постапката за нејзиното донесување;
– со Одлуката за утврдување бројот на членови на Управниот одбор и начинот и постапката за изборот на членовите на Управниот одбор во Фондот за локални патишта и улици на општина Струга се определува дека управниот одбор на Фондот брои 7 членови кои, на предлог на градоначалникот на општина Струга, ги именува советот на општина Струга од редот на афирмирани стручњаци во областа на предметот на работа на овој фонд.
Основ за донесување на оваа одлука е членот 29 став 1 точка 7 од Законот за локалната самоуправа според кој советот на единицата на локалната самоуправа, на предлог на градоначалникот, именува и разрешува раководни органи на јавните служби, установите и претпријатијата што ги основа советот на единицата на локалната самоуправа, но, независно од постоењето на законскиот основ за нејзиното донесување, со оглед на незаконитоста на постапката во која е донесена, Судот смета дека може да се постави прашањето за нејзината законитост од овој аспект;
– со Одлуката за формирање Одбор за контрола на материјално-финансиското работење во Јавното претпријатие “Водовот и канализација” – Струга се определува бројот на членовите на Одборот, начинот на нивното именување и условите што треба да ги исполнуваат лицата за да можат да бидат именувани за членови на Одборот.
Основ за донесување на Одлуката е член 29 точка 8 од Законот за локалната самоуправа според кој советот на единицата на локалната самоуправа основа управни и административни органи и членот 26 од Законот за јавните пр етпријатија кој предвидува за вршење на контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие да се формира одбор за контрола на материјално-финансиското работење.
Но, независно од тоа што постои законски основ за нејзино донесување, Судот смета дека може да се постави прашањето за нејзината законитост затоа што е донесена во постапка спротивна на Законот за локална самоуправа;
– со Одлуката за определување бројот на членовите на Управниот одбор и начинот и постапката за избор на членови на Управниот одбор на Фондот за уредување на градежното неизградено земјиште се определува бројот на членовите на Управниот одбор на Фондот (7 членови) кои, на предлог на градоначалникот на општината Струга, ги именува советот на Општината.
Основ за донесување на оваа одлука е членот 29 став 1 точка 7 од Законот за локалната самоуправа според кој советот на единицата на локалната самоуправа, на предлог на градоначалникот, именува и разрешува раководни органи на јавните служби, установите и претпријатијата што ги основа советот на единицата на локалната самоуправа.
Основ за донесување на оваа одлука е и членот 16 од Законот за јавните претпријатија според кој органи на јавното претпријатие се: управниот одбор, одборот за контрола на материјално-финансиското работење и директорот.
Исто така, основ за нејзино донесување е и членот 17 став 1 од овој закон според кој управниот одбор на јавното претпријатие се состои најмалку од 5, а најмногу од 15 членови.
Од изнесеното произлегува дека оспорената одлука има законски основ за донесување, но имајќи ја предвид незаконитоста на постапката при нејзиното донесување, Судот оцени дека може да се постави прашањето за законитоста на оваа одлука од аспект на постапката за нејзиното донесување;
– со Одлуката за формирање на одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Фондот за уредување на градежно земјиште на општина Струга, се определува бројот на членовите на Одборот, начинот на нивното именување и условите што треба да ги исполнуваат лицата за да можат да бидат именувани за членови на Одборот.
Основ за донесување на Одлуката е член 29 точка 8 од Законот за локалната самоуправа според кој советот на единицата на локалната самоуправа основа управни и административни органи и членот 26 од Законот з а јавните претпријатија според кој за вршење на контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие се формира одбор за контрола на материјално-финансиското работење. Но, независно од тоа што постои законски основ за нејзино донесување, Судот оцени дека може да се постави прашањето за нејзината законитост затоа што е донесена во постапка спротивна на Законот за локална самоуправа;
– со Одлуката за измени и дополнувања на Програмата за условите и начинот за поставување и отстранување на времени објекти на подрачјето на општина Струга се врши измена и дополнување на графичкиот дел за времено користење на градежно неизградено земјиште од погоре означената програма на КП- 2232, КП – 2230/1, КП-2659/1 (женска плажа) во смисла на отстранување на постојните времени и сезонско-времени објекти, а со цел за реализација на дел од Програмата за уредување, рекултивирање, ревитализација и еколошка заштита на крајбрежието на Охридското Езеро и истекот на кејовите на реката Црн Дрим на просторот на градот и општината Струга за 1998,1999 и 2000 година.

Основ за донесување на оваа одлука е членот 29 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа според кој во надлежност на советот на локалната самоуправа, меѓу другото, спаѓа донесување на програми и планови во согласност со Законот.
Согласно член 34-а од Законот за изградба на инвестициони објекти (” Службен весник на СРМ” бр.15/90 и 11/91 и “Службен весник на Република Македонија” бр.11/94) како времени објекти се сметаат објекти од монтажно-демонтажна конструкција или изградени од материјали погодни за отстранување.
Согласно членот 34-б од Законот за поставување на времени објекти, собранието на општината, односно собранието на Градот Скопје донесува програма, по претходна согласност на Републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот.
Членот 34-в од Законот предвидува дека за поставување на времен објект, републичкиот орган на управата надлежен за работите на градежништвото издава одобрение со кое се утврдуваат условите, начинот на поставувањето и отстранувањето на времениот објект, при што инвеститорот нема право на надоместок при неговото отстранување.
Во конкретниов случај, постоечката Програма за поставување и отстранување на времените објекти, која е донесена согласно законски предвидената постапка се менува и дополнува во смисла што предвидува отстранување на постојните, времени и сезонско-времени објекти на подрачјето на општина Струга на определени катастарски парцели (женска плажа) со цел да се реализира дел од Програмата за уредување, рекултивирање, ревитализација и еколошка заштита на крајбрежието на Охридското Езеро и истекот на кејовите на реката Црн Дрим на просторот на градот и општината Струга.
И под претпоставка дека Советот на општина Струга, пред донесувањето на Програмата, добил претходна согласност од Републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот, со оглед на тоа дека седницата била одржана без потребниот кворум, Судот оцени дека може да се постави прашањето на законитоста на оваа програма од аспект на постапката при нејзиното донесување;
– со Одлуката за прогласување на почесни граѓани на градот Струга и добитниците на Златен венец на Струшките вечери на поезијата се определува дека, како почесни граѓани на градот Струга ќе се сметаат добитниците на најголемото признание “Златен венец” на Струшките вечери на поезијата.
Со Одлуката се востановува почесното признание “Клуч на градот Струга” ; со грб на градот Струга и “Повелба на градот Струга” со грбот на градот Струга кое ќе им биде врачувано на почесните граѓани на градот Струга.
Со оваа одлука, исто така, се одобрува именување на улици со имиња на добитниците на “Златен венец” на Струшките вечери на поезијата- почесни граѓани на градот Струга.
Основ за донесување на оваа одлука е членот 17 став 1 точка 7 од Законот за локалната самоуправа според кој единиците на локалната самоуправа ги определуваат имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други инфраструктурни објекти од локално значење во согласност со закон, но, со оглед на тоа дека истата е донесена на седница на советот на општината што е одржана без потребниот кворум, Судот оцени дека може да се постави прашањето на законитоста на Одлуката од аспект на постапката при нејзиното донесување;
– со Одлуката за отстранување на возило со употреба на пајак возило, Советот на општина Струга воведува пајак возило како средство за отстранување на возила од места кои не се наменети за тоа, односно од места на кои би се загрозувала безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за негово нормално одвивање и движење на пешаци, како и отстранување на возила кои не се употребуваат во сообраќајот поради оштетеност, дотраеност и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува човековата околина.
Отстранувањето на возилата и другите предмети, според Одлуката, ќе го врши Препријатието за одржување на сообраќајниците.
Одлуката е донесена врз основа на членот 61 став 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој доколку сопствениците на возилата и на други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот, не ги отстранат како и во случаи кога се отсутни, возилата и предметите ќе бидат отстранети на сметка на нивните сопственици.
Во таа смисла, ставот 2 на член 61 од Законот предвидува отстранувањето на овие возила и предмети да го врши Претпријатието за одржување на сообраќајниците на простори што се посебно уредени за тоа.
Независно од постоењето на законски основ за донесување на оспорената одлука, имајќи го предвид фактот дека таа е донесена на седница што немала потребен кворум за одржување, Судот смета дека може да се постави прашањето за законитоста на Одлуката од аспект на постапката при нејзиното донесување;
– со Одлуката за прогласување на транзитни улици во град Струга се прогласува улицата од раскрсницата М-4 стационажа 6+900, Ул.”Пролетерски бригади” ;, Ул.”15 Корпус” во должина од 1030 м2 до спој со Р-420 на стационажа 7+350 на раскрсница Ул.”Владо Малески” – ” Партизанска” со ширина на коловозот од 8 м.
Основ за донесување на оваа одлука е, покрај членот 29 од Законот за локалната самоуправа, членот 5 став 3 од Законот за јавни патишта според кој, кои патишта ќе се сметаат за дел од магистрален или регионален пат определува општината, во согласност со Министерството за сообраќај и врски.
Независно од постоењето на законски основ за нејзино донесување, со оглед на тоа дека истата е донесена на седница на Советот на Општината која била одржана без постоење на потребниот кворум, Судот оцени дека може да се постави прашањето за законитоста на Одлуката од аспект на постапката при нејзиното донесување.
– со Одлуката за ставање под надлежност на Републичкиот фонд…, бр.07-471 од 14 јули 1998 година, се ставаат во надлежност на Републичкиот фонд за магистрални и регионални патишта целосната патна сигнализација – хоризонтална и вертикална на транзитните улици во градот Струга и тоа: (1) Улицата од раскрсница М-4 стационажа 6+900, ул.”Пролетерски бригади”, ул.” 15 Корпус” во должина од 1030 м2 до спој со Р-420 на стационажа 7+350 на раскрсница Ул.”Владо Малевски” – “Партизанска” со ширина на коловозот од 8 м.; (2)Улицата “Туристичка” од стационажа 2’950 на патниот правец Р-420 “Подмоље-Струга-Радожда” до раскрсница ” Маркс и Енгелс” до раскрсница со Ул.”Партизанска” до Стационажа Р-420, 6+866 во должина од 500 м. На Р-420 до стационажа 8+177 со широчина на коловозот од 8 м.
Основ за донесување на оваа одлука се членот 5 од Законот за јавните патишта кој ја овластува општината да определува кои патишта ќе се сметаат за дел од магистрален или регионален пат и членот 120 од овој закон според кој за работите во врска со планирањето, финансирањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето и заштитата на магистралните и регионалните патишта се основа Фонд за магистрални и регионални патишта.
Меѓутоа, независно од постоењето на законскиот основ за нејзино донесување, со оглед на тоа дека Одлуката е донесена на седница на Советот на Општината која се одржала без постоење на потребниот кворум, Судот оцени дека може да се постави прашањето за законитоста на оваа одлука од аспект на постапката при нејзиното донесување.
Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека за сите акти, наведени во точката 2 од ова решение, може да се постави прашањето за нивната законитост од аспект на постапката при нивното донесување, затоа што на седницата присуствувале само 9 советници (потребно е 10) кои не биле овластени да го верификуваат мандатот на истата седница на десеттиот член и да продолжат да работат со, според нив, потребен кворум. Ова затоа што и за верификација на тој десетти член е потребен кворум од 10 советници, односно мнозинство од тие 10 советници. Фактот што сите 9 присутни членови биле едногласни при верификацијата на мандатот на десетиот член, во случајов, е ирелевантен затоа што за да биде верификуван мандатот на десеттиот член, потребно е седницата да биде одржана со кворум од 10 члена.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во с остав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Јован Проевски д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.215/98
24 март 1999 година
С к о п ј е
сс/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков