187/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и член 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 3 март 1999 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 13 од Законот за Владата на Република Македонија (” Службен весник на СРМ” бр.38/90 и “Службен весник на Република Македонија” бр.63/94 и 63/98) во делот што гласи

2. Оваа одлука произведува правно дејство со денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија на иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.бр.187/98 од 3 февруари 1999 година поведе постапка за оценување уставноста на член 13 од законот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со член 126 од Уставот на Република Македонија.

4. Судот на седницата утврди дека согласно член 13 од Законот за време на воена или вонредна состојба, ако не постои можност за свикување на Собранието, Владата донесува уредби со законска сила по прашањата од надлежност на Собранието, што му ги поднесува на Собранието на потврда штом тоа ќе биде во можност да се состане.

5. Согласно член 126 од Уставот на Република Македонија при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Ваквото овластување на Владата, согласно став 2 на овој член од Уставот трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.

Од содржината на оваа уставна одредба произлегува дека ваквото овластување на Владата да донесува уредби со законска сила е од времен карактер, односно дека истото почнува кога веќе е прогласена воената или вонредната состојба, а завршува, исто така, со нејзиното завршување, за што одлучува Собранието.

Оваа уставна одредба, не пред видува обврска за Владата, по престанувањето на воената, односно вонредната состојба, уредбите со законска сила, што ги донела во време на траењето на ваквата состојба, да му ги поднесува на Собранието на потврдување.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот утврди дека членот 13 од Законот за Владата на Република Македонија во делот во кој предвидува обврска за Владата да му ги поднесува на Собранието на потврдување уредбите со законска сила, донесени додека траела воената или вонредната состојба, излегува надвор од обврските на Владата предвидени во членот 126 од Уставот, поради што утврди дека истиот е несогласен со овој член од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претсед ателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Јован Проевски д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.187/98
3 март1999 година
С к о п ј е

сс/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков