Вовед
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 47 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 24 февруари 1999 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста и законитоста на членот 11 од Одлуката за утврдување на висината на трошоците за уредување на градежното земјиште на општина Охрид, донесена од Советот на општина Охрид на 9 јули 1997 година.
2. СЕ УКИНУВА решението У.бр.190/98 од 16 декември 1998 година со кое се запрени од извршување поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на член 11 од одлуката означена во точката 1 од ова решение.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Елизабета Оцеви?-Мандева од Битола поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на член 11 од одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што тој не бил во согласност со Законот за градежното земјиште и Законот за локалната самоуправа. Истовремено Судот со решение ги запре од извршување поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на оспорениот член од Одлуката.
4. На седницата Судот утврди дека со оспорената одлука се утврдува висината на трошоците за уредување на градежното земјиште, начинот на пресметката, начинот на пла?ањето на надоместокот од страна на инвеститорите, учеството на инвеститорите во уредувањето на земјиштетото и надоместокот на инвеститорите за користење на земјиштето за поставување на времени објекти.
Понатаму со одлуката е утврдена висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште што го пла?а инвеститорот што се утврдува за нето корисна површина.
Висината на надоместокот се утврдува од процентуалниот износ на просечната градежна вредност на еден метар квадратен изградена нето површина постигната кај градежната оператива на подрачјето на општината.
Просечната градежна вредност на еден метар квадратен се утврдува на 65% од постигнатата просечна продажна вредност на 1 м2 изградена површина на подрачјето на општина Охрид.
Понатаму во член 6 од одлуката е предвидено дека висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште зависи од зоната во која се гради видот и намената на објектот, врз основа на што е утврден процентот на учество на инвеститорот за уредување на градежно земјиште.
Во оспорениот член 11 е предвидено дека инвеститорите на колективните станбени згради и деловни објекти покрај надоместокот утврден со член 6 и 7 на оваа одлука, надлежниот орган за комунален развој на општината ?е ги задолжи со надомест на име зголемена вредност на градежното земјиште.
Висината на надоместокот од став 1 на овој член во зависност од атрактивноста на локацијата, ја определеува надлежниот орган за комунален развој во границите од 2о до 80% од утврдената вредност на трошоците за уредување на градежното земјиште.
Одлуката за утврдување на висината во зависност од атрактивноста ја утврдува градоначалникот а на предлог на надлежниот орган за комунален развој.
5. По поведување на постапката доносителот на оспорениот акт го извести Судот дека член 11 од одлуката престанал да важи.
Имено Судот утврди дека Советот на единицата на локалната самоуправа на седницата одржана на 5 февруари 1999 година донел Одлука за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на трошоците за уредување на градежно земјиште на општина Охрид бр.08-46 од 9 јули 1997 година.
Со оваа одлука, покрај другото, во членот 6 е утврдено дека “членот 11 од Одлуката за утврдување на висината на трошоците за уредување на градежно земјиште на општина Охрид се брише.
6. Со оглед на тоа што оспорениот член од одлуката престанал да важи, Судот утврди дека согласно член 47 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија исполнети се условите за запирање на постапката и одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр. 190/98)