137/1998-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 февруари 1999 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ член 21 став 1 то чка 3 и членовите 29 и 31 од Правилникот за вршење на работите на Министерството за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.12/98).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по поднесена иницијатива од Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.бр.137/98 од 2 декември 1998 година поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Правилникот означени во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со член 12 од Уставот на Република Македонија и Законот за внатрешни работи.

4. Судот на седницата утврди дека според член 21 став 3 од Правилникот овластеното службено лице ќе приведе лице без наредба, меѓу другото, кога постои основ за примена на мерката задржување. Во член 29 е предвидено дека овластените службени лица можат да задржат лице најмногу 24 часа ако истото го нарушува или загрозува јавниот ред и мир, а воспоставувањето на јавниот ред и мир, или отстранувањето на загрозувањето не може да се постигне на друг на чин и во случај кога лицето го испора чал странски орган на безбедноста зара ди спроведување до надлежен орган.

За секоја примена на мерката задржување, од раководителот на организационата единица или од него овластен работник се изготвува решение во кое се наведува основот и при чините за задржувањето.

Според член 31, доколку задржаното лице во рок од 12 часа од моментот на задржувањето, изјави жалба до министерот за внатрешни работи, решението по жалбата му се доставува во рок од 12 часа од часот кога е изјавена жалбата.

5. Во членот12 од Уставот на Република Македонија е предвидено дека слободата на човекот е неприкосновена. Според ставот 2 од овој член, никому не може да му биде ограни чена слободата, освен со одлука на судот и во слу чаи и во постапка утврдена со закон. Во ставот 3 од овој член е предвидено дека лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со при чините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка. Според ставот 4 од овој член лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлу чи за законитоста на лишувањето од слобода.

Од наведената уставна одредба произлегува дека уставот, прогласувајки ја неприкосновеноста на слободата на човекот како негова основна слобода, истовремено ги утврдува и основите, условите и на чинот на нејзиното ограни чување. При тоа ги определува и можностите за нејзино ограни чување, така што утврдува дека никому не може да му биде ограни чена слободата, освен со одлука на судот и во слу чаи и во постапка утврдена со закон што зна чи нејзиното ограни чување мора да се врши со строго по читување на законитоста односно со закон пропишаните услови и постапка со што се исклу чува секакво самоволие на било кој орган. Посебна гаранција е надлежноста на судот, како независен и самостоен орган да одлу чува за нејзиното ограни чување. Според тоа, граѓанинот може да биде лишен од слобода само кога таквиот слу чај е предвиден со закон и кога за тоа постои и одлука на Судот за негово лишување од слобода.

Неспорно е дека со оспорените одредби на член 21 став 1 то чка 3 и на членовите 29 и 31 од Правилникот се пропишува на чинот на постапување на овластените службени лица во примената на со закон утврдените посебни должности и овластувања на Министерството за внатрешни работи, конкретно за овластувањето на службените лица да можат да задржат лице најмногу 24 часа ако истото го нарушува или загрозува јавниот ред и мир, како и овластувањето на службеното лице да ги преземе сите дејствија во врска со задржувањето и задржаното лице (полициската постапка) и несомнено дека тие имале своја основа во членот 29 од Законот и претставуваат негова операционализација. Меѓутоа, со оглед на тоа што е отстранета оваа одредба од правниот поредок Судот оцени дека немаат ниту уставна, ниту законска основа. Имено, таквиот на чин на постапување на службените лица излег ува од рамките на член 12 од Уставот од кој произлегува дека лицето лишено од слобода мора веднаш да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.

Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во то чката 1 од оваа одлука.

6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.137/98
10 февруари 1999 година
Скопје
ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков